Пред повеќе од 30 години, Хелен Дорон имала момент на инспирација додека ја гледала својата малечка ќерка како учи да свири виолина по „Сузуки“ методот. Д-р Сузуки ја учел да свири виолина по слушање, а не по читање ноти. Хелен Дорон сфатила дека ова е и начин на кој треба да се учи говорниот јазик. Ако Сузуки предава „јазик на музиката“, зошто ние да не предаваме „музика на јазикот“? - било прашањето што Хелен Дорон си го поставила себеси. Како лингвист, таа темелно ја разбирала механиката на јазикот. Како учител, таа ги согледувала предизвиците во предавањето англиски јазик на деца на кои не им е мајчин јазик.
Од инспирација до мал бизнис
Оваа идеја помогнала Хелен Дорон да создаде уникатна методологија која го прави учењето на странски јазик лесно и природно како учењето мајчин јазик. Дури и бебињата можат да учат англиски со „Хелен Дорон“ методот. Првата програма за рана едукација на англиски ја создала базирајќи се на принципите на позитивна мотивација и постојано слушање. Направила домашни снимки на песни, рими и приказни и почнала да предава. Резултатите биле неверојатни и децата го сакале нејзиниот начин на учење. Часовите биле забавни и во движење и ја стимулирале емотивната, физичката, креативната и интелектуалната благосостојба на младите ученици.
Од локално до глобално Бизнисот пораснал од мал во глобална франшизна мрежа и визијата на Хелен Дорон за деца кои учат англиски природно, следејќи ја нејзината методологија и креативни материјали, вклучително и оригинални песни, анимирани видеа и едукативни апликации - отворила цел еден нов свет за изучување англиски како странски јазик.
Повеќе од два милиона деца учеле англиски со уникатната Хелен Дорон методологија. Денес, Helen Doron English е интернационална едукативна франшиза со повеќе од илјада училишни центри во 35 земји и продолжува да расте.