Подготовката за „Хелен Дорон“ учител вклучува поминување на интензивна тренинг програма која ќе ви овозможи да го извлечете најдоброто од себе и од вашите ученици.
За да станете овластен „Хелен Дорон“ учител, ќе бидете обучени од врвни обучувачи кои ќе ви покажат како да ги предавате нашите богати програми кои им помагаат на децата да го научат англискиот јазик подеднакво лесно, природно и успешно како што го изучуваат и својот мајчин јазик.
Во период од 5 дена, ќе добиете темелна обука за „Хелен Дорон“ методологијата. Може да се насочите или на деца (0-11 години) или на тинејџери (12-18 години)
Пополнете го формуларот и испратете ни го.
Ние ќе Ви помогнеме да се вклучите во обуката во период и место кое ќе го изберите. Обуките се одвиваат во текот на целата година на многу различни локации, па сигурно ќе се најде она што ви одговара.
Како овластен „Хелен Дорон“ учител, штом ја добиете вашата интернационална диплома ќе станете дел од најдобриот наставен тим во светот за изучување на англискиот како втор јазик. Има повеќе од 4000 обучени „Хелен Дорон“ учители и преку 1000 „Хелен Дорон“ центри во 36 земји во светот!
Бидете подготвени да ја изберете кариерата која најдобро му одговара на вашиот животен стил. Може сами да си ги испланирате работните часови според вашите лични и семејни обврски и да растете во рамките на „Хелен Дорон“!
„Хелен Дорон“ има богатство од ресурси развиени за креирање збогатено искуство во учењето. Наставните сетови вклучуваат водичи за наставници, флеш-карти, книги, ди-ви-ди и музички цедиња, и други наставни помагала за да започнете со вашата нова кариера.
Нашиот онлајн портал за наставници нуди наставни материјали за преземање, педагошки новитети, календар за семинари и друго. На нашиот форум за наставници ќе имате корист од статии за нашите курсеви, педагошки новитети, совети за настава, развивање на новитети од Главната Канцеларија и идеи за изработка на реквизити. Можете да поставите прашање, да понудите одговор и да добиете повратни информации.
Нашата онлајн заедница овозможува Вие и Вашиот франшизер да ги организирате групите за учење, да сочувате информации за учениците, квалификации на семинари и многу друго. Можете да споделувате идеи, совети и информации на редовните состаноци со вашиот „Хелен Дорон“ франшизер како и со локалните и интернационалните колеги.
Направете го првиот чекор. Пријавете се на курс за обука. Ние ќе ви помогнеме да најдете место на следниот курс во времето и местото кое најмногу ви одговара. Курсевите се организираат во текот на целата година на многу различни локации, така што сигурно еден ќе биде погоден за Вас. Курсевите обично се поделени на два дена вовед и проценка, и три дена сеопфатна обука. Можете да изберете настава за деца (0-11 години) или тинејџери (11-19 години).
Часовите се фокусираат на учење со целиот мозок: активности што ги вклучуваат сите сетила, песни, игри, рачни изработки, танцување и движење, драма и многу повеќе. Учителите ги земаат предвид различните стилови на учење кај децата – визуелен, аудитивен и кинестетички стил на учење – кога прават реквизити, смислуваат активности и игри, и се трудат секој час да се состои од активности што ги вклучуваат сите сетилни модалитети. Еден типичен час е динамичен, изобилува со различни активности и игри за воведување и повторување на вокабуларот и јазичните структури, како и уникатни песни со движења. Учителите поттикнуваат спонтано зборување, со користење на целосни реченици и спонтана комуникација во училницата.
Децата сакаат да учат и да играат. „Хелен Дорон“ методот го обезбедува најдоброто од двата света – приказни, песни, играчки, игри и апликации што им овозможуваат на децата да учат преку игра. Иновативната и докажана „Хелен Дорон“ методологија им овозможува на децата да научат да зборуваат и разбираат англиски јазик пред да научат да читаат и пишуваат. Нашите ученици го апсорбираат англискиот јазик на истиот начин на кој го учат својот мајчин јазик, преку постојано слушање. Тие се изложени на звукот на јазикот со што ги развиваат врските во мозокот потребни за да го запомнат тоа што го учат без напор. Со користење реквизити, игри и разни активности, децата можат лесно да апсорбираат нови концепти.