Распустот е совршено време за децата да се посветат на изучување англиски јазик на забавен начин. Преку Holiday Fun with Flupe, вашето дете на возраст од 3 до 6 години ќе учи и вежба англиски јазик со две анимирани епизоди од Fun with Flupe, а исто така ќе се забавува преку играње игри, пеење песнички и изработување креативни изработки во опкружување каде се зборува англискиот јазик.
Интензивната структура на оваа програма ќе му помогне на вашето дете да го сочува она што го научило, а исто така и ќе го подготви за изучување на англиски јазик на училиште. Децата толку многу се забавуваат во текот на Holiday Fun with Flupe што едвај забележуваат колку многу научиле додека зборуваат на англиски јазик со леснотија. Програмата ќе им овозможи на учениците да бидат среќни и ангажирани, а исто така ќе им овозможи и искористување на летниот одмор за надградување.
Распустот е совршено време за децата да се посветат на изучување на англискиот јазик на забавен начин. Со Holiday Jump with Joey, вашето дете ќе го изучува и вежба англискиот јазик преку две анимирани епизоди кои ги вклучуваат авантурите на Пол Ворд и неговата пријателка Мили во магичниот град Сторивил
Распустот е совршено време за децата да се посветат на изучување на англискиот јазик на забавен начин. Со Holiday Jump with Joey, вашето дете ќе го изучува и вежба англискиот јазик преку две анимирани епизоди кои ги вклучуваат авантурите на Пол Ворд и неговата пријателка Мили во магичниот град Сторивил. Вашето дете ќе се забавува преку играње игри, пеење песни, изработување на креативни изработки, готвење и правење експерименти во опкружување каде се зборува англискиот јазик.
Интензивната структура на оваа програма ќе му помогне на вашето дете да го сочува она што го научило, како и да се подготви за изучување на англискиот јазик на училиште. Децата толку многу ќе се забавуваат во текот на Holiday Jump with Joey што едвај ќе забележат колку многу научиле додека го зборуваат англискиот јазик со леснотија. Програмата ќе им овозможи на децата да бидат среќни и ангажирани, а исто така ќе им овозможи и искористување на летниот одмор за надградување.
Во програмата English through Drama, децата учат и вежбаат говорен англиски јазик преку класичниот британски стил-пантомима
Во програмата English through Drama, децата учат и вежбаат говорен англиски јазик преку класичниот британски стил-пантомима. Тоа се постигнува преку презентација на смешни и современи верзии на класичните бајки, со необични костими и актерска игра. Интересната содржина на оваа програма и драмските вештини коишто се изучуваат, им помагаат на децата да ги надминат кои било непријатности што може да ги имаат при зборувањето на англискиот јазик. Исто така ова е одлична шанса тие да ја искористат можноста да заблескаат на театарската сцена.
English through Drama се учи 4 до 5 часа дневно во текот на 1 до 4 недели, за време на летниот или зимскиот распуст.
Get Ahead and Catch Up се неколку програми создадени за ученици кои сакаат да ги подобрат своите вештини и изразување на англиски јазик, како и за оние ученици кои сакаат да се во тек со часовите по англиски јазик за време на училишниот одмор.
Сето ова се постигнува преку забавни активности и игри за време на часовите но и повтарање за време на пресотојот дома.
Студиите покажуваат дека доследноста е важна при изучување на странски јазик. Ова значи дека учениците треба да продолжат да го усовршуваат и вежбаат нивниот англиски, дури и кога училиштето не е актуелно – и ова е токму она што Get Ahead and Catch Up програмите го нудат!
Овие летни програми се наменети за ученици на возраст помеѓу 8 и 19 години кои веќе го изучуваат англискиот јазик на училиште. Материјалите кои се користат се соодветни за возраста и нивото на познавање англиски јазит. Тие се создадени со цел збогатување и подобрување на вештините за зборување на англиски јазик, читање, пишување и граматика, како и збогатување на вокабуларот. Сето ова се постигнува преку забавни и интерактивни активности, игри и позитивен фидбек за време на часовите, како и континуирано слушање на јазикот во домашни услови. Учениците кои ќе уживаат во ова позитивно искуство на изучување на јазикот ќе покажат многу подобри резултати на училиште и ќе бидат посамоуверени и полни со ентузијазам за изучување на англискиот јазик кога ќе започне училишната година.
Летната програма I am the Worldе наменета за деца кои имаат од 4 до 8 години. Оваа програма им помага на децата да го подобрат англискиот јазик низ комуникација и да вежбаат најразлични граматички конструкции на англиски јазик преку забава и игра.
Благодарение на оваа летна програма, Вашето дете ќе ужива да учи во околина каде што се зборува исклучиво на англиски јазик. Програмата вклучува виртуелни патувања низ светот остварени преку креативни изработки, глума, игри, танцување и готвење, притоа се изучува англискиот јазик.
I am the World летната програма е предвидена за 4-5 часа дневно, од 1 -4 недели за време на училишните распусти.
Ова е напреден курс за деца кој поминале неколко години настава преку програмата на Хелен Дорон. Play On in English ги збогатува студентите со генерално знаење и учи фасцинантни факти за природата.
Преку повторено слусање и интеракција децата ке научат преку 1000 зборови, 18 песни и напредни структури на реченици. Курсот содржи оригинални приказни како и традиционални приказни со интересен пресврт. Преку песните и приказните децата учат за правилна исхрана, да не ги осудуваат другите според надворешниот изглед како и на запознавање и однесување со луге со најразлични карактери.
Play On in English ке ги збогати студентите со општи знаења како и факти околу прирадата. Книга за читање и пишување е изборен додаток на овој курс за студенти кој сакаат да се здобијат со дополнителни знаења во читање и пишување.
Возбудливо и незаборавно доживување за вашето дете на возраст од 4 до 8 години преку патувањето низ светот, низ четирите анимирани епизоди со кучето Поли и мачето Нет. Вашето дете ќе се забавува преку играње игри, пеење песни, готвење, правење експерименти , изработување на креативни изработки и сè ова во опкружување каде што постојано се зборува на англиски јазик.
Интензивната структура на оваа програма ќе му помогне на вашето дете да го сочува она што го научило, како и да го подготви за учење на англиски јазик во училиште. Децата толку многу се забавуваат со програмата Polly Holiday, што не забележуваат колку многу научиле додека зборуваат на аглиски јазик со леснотија. Програмата ќе ги направи вашите деца среќни и ангажирани, а исто така ќе им овозможи и искористување на распустот за надградување. Polly Holiday се нуди во тек на летниот и зимскиот распуст.
Децата учат за светот придружувајќи ги Паул Вард и неговата фамилија во патување на летен годишен одмор. Курсот учи на читање, пишување и зборување англиски јазик, како и граматика преку интересни активности, песни и приказни.
Студентите на летниот Хелен Дорон курс го подобруваат својот говерн и пишан англиски јазик преку интересна музика и учење за различни култури и држави.
Cool Summer учи на разбирање, респект и толеранција и има три главни цели:
Од првиот ден кампот нуди интересни активности кој ке им овозможи на децата да се запознаат и соработуваат заедно.