Осум оригинални песни, приказни и активности кој ке им помогнат на децата да го подобрат својот говерен и пишан англиски јазик. Учениците ке запознаат преку 1800 нови зборови преку забава.
Оваа програма е одлична за ученици на возраст од 8 -14 години кои првпат се среќаваат со англискиот јазик како и за ученици кои продолжуваат со програмите и сакаат да се здобијат со ниво А1 од Општата Европска Референтна Рамка. Преку осум оригинални песни , приказни и забавни активности учениците ќе бидат мотивирани и вклучени во авантурите на Пол Ворд низ целиот свет. На секој час учениците му се придружуваат на Пол Ворд на возбудливите патувања низ светот, среќаваат нови пријатели и учaт за разни култури и држави. Со оваа програма учениците учат 1800 зборови, програмата исто така вклучува слушање и читање со разбирање, пишување, и правење тестови за оценка напредокот на учениците.
Учениците учат да зборуваат на англиски јазик природно, како мајчин јазик преку приказни, песни, зборување и игри, исто така и ги зајакнуваат своите способности во делот на фонетиката, читањето и пишувањето.
Преку следење на авантурите на Паул Вард децата учат да зборуват, пишуват и читат напреден англиски јазик.
Оваа програма е за ученици од 9 до 15 години кои имаат средно познавање на разговорен и пишан англиски јазик, како и за оние кои успешно ја завршиле програмата Paul Ward Explores.
Paul Ward’s Adventures продолжува со забавата и авантурите на Пол кој патува низ светот. Оваа програма претставува мулти-сензорно искуство во учењето, исполнето со музика, кое остава длабок впечаток кај учениците.
Со Paul Ward’s Adventures се учат нови 2000 зборови и англиски граматички структури потребни за достигнување на А1 нивото од Европската референтна рамка на јазиците. Постои и напредна опција на програмата со часови за граматика како дополнување на читањето и слушањето со разбирање. Граматиката се заснова на содржината и вокабуларот од програмата Paul Ward’s Adventures и ги подготвува учениците за „Хелен Дорон“ тинејџерските програми.
Учениците учат да зборуваат англиски јазик природно, како мајчин јазик, и ги зајакнуваат своите способности во делот на граматика, читање, пишување и правопис.
Paul Ward and the Treasure содржи 8 нови песни и многу интересни активности кој ке им помогнат на децата да го подобрат своете знаење.
Оваа „Хелен Дорон“ програма е за ученици на возраст од 10-13 години, со средно познавање на разговорен и пишан англиски јазик, како и за ученици кои успешно ја завршиле програмата Paul Ward’s World. Paul Ward and the Treasure создава мулти-сензорно искуство во учењето, исполнето со музика и колорит, кое остава длабок впечаток кај учениците. Оваа програма вклучува забавни активности на англиски јазик и 8 нови песни.
Со Paul Ward and the Treasure се учат 2000 нови зборови и граматички структури потребни за достигнување на А1 ниво од Европската референтна рамка на јазиците. Постои и напредна опција на програмата со часови за граматика како дополнување на читањето и слушањето со разбирање. Граматиката се заснова на содржината и вокабуларот од програмата Paul Ward and the Treasure и ги подготвува учениците за „Хелен Дорон“ тинејџерските програми.