Политика на приватност

Вовед

Ние во Helen Doron Ltd („ние“ или „компанијата“) ја почитуваме вашата приватност и сме посветени на заштитата на приватноста на нашите корисници („корисник“ или „Вие“).

Оваа  Политика за приватност е нашиот начин да ве известиме како ќе ги прибереме, зачуваме и употребиме информациите, коишто ни ги обезбедувате онлајн преку вашата употреба на нашите веб-страни (мобилни апликации („Аpps“) и други услуги кои онлајн ни се достапни ( „Услуги“).

Преку оваа гаранција можете да изберете за тоа како е употребена веќе дадената информација.

Ако немате полни 16 години, заедно со Вашите родители/старатели, прочитајте ја и продискутирајте ја гаранцијата за приватност. Секогаш треба да добиете согласност од вашиот родител/старател пред да ни дадете каква било информација или да ни пратите каков било материјал.

Политиката за приватност е дел од нашите услови за користење и е вградена внатре со референци. Внимателно прочитајте ја Политиката за приватност и употребете ја за да донесете свесни одлуки. Со употребата на нашите услуги (Вие) и (Вашиот родител /старател) се согласувате на условите на оваа гаранција. Ако Вие не се согласувате со гаранцијата, ве молиме да не ни давате каква било информација.

Ве потсетуваме дека за да ви ги обезбедиме нашите курсеви по англиски јазик и поврзаните услуги и производи ќе ни биде потребна и дополнителна информација (offline) која е поврзана со нашите ученици и нивните родители. Таквата согласност ќе ја добиеме во одделен формат за согласност, пред какво било собирање и процесирање на таквите податоци.

 

Во оваа Политика за приватност можете да прочитате за:

  • Согласност на родител/старател
  • Какви видови информации собираме и како ги собираме 
  • „Колачиња“ и „Гугл аналитика“ 
  • Како ги употребуваме информациите кои ги собираме 
  • Со кого ги споделуваме информациите и за каква цел 
  • Ваши права на приватност 
  • Колку долго ги чуваме информациите што ги собираме
  • Како безбедно ја чуваме вашата информација 
  • Меѓународен трансфер 
  • Маркетинг 
  • Како да стапите во контакт со нас

 

Согласност на родител/старател 

Ако немате 16 години секој пат ќе ви е потребна дозвола од вашиот родител/старател, пред контактирање и комуницирање со нас.

Можеби ќе биде потребно да провериме дека вашиот родител/старател се согласува Вие да ги користите нашите услуги. Како дел на оваа проверка може да побараме од вашиот родител/старател контакт адреса, мејл или телефонски број за да можеме да ги исконтактираме и да обезбедиме нивна согласност.

Исто така може да спроведеме проверки за да бидеме сигурни дека деталите за контакт коишто ги добиваме се точни. Ако откриеме дека контактите се невалидни или ако не добиеме одговор од вашиот родител или старател во разумно време, нема да бидеме во можност да Ви ги понудиме нашите услуги.

 

Каков вид на информации собираме

Ние собираме два видови на информации и податоци од нашите корисници.

  • Првиот вид на информација е идентификувачка индивидуална информација за име со кое се идентификува личноста (Personal Information – Лична информација) . Ова вклучува:
  • Информација за најавување: можеби ќе треба да се регистрирате/најавите на услугите. Како дел на процесот ние може да го побараме Вашето име, возраст и мејл адреса. Ако сте под 16 години исто така ќе побараме контакт информации ( мејл адреса или телефонски број) од родителот/старателот за да ја обезбедиме нивната согласност.
  • Информација за активност: Како дел од нашите услуги може да земеме лични податоци коишто со поврзани со Вашата активност на веб страните или апликациите ( на пример, во какви игри земате учество? Кое ниво е постигнато и т.н.) . Овие информација може да ни помогнат да го откриеме и оцениме вашето ниво на англиски јазик.
  • Доброволна информација: Исто така собираме информација која ќе ни ја дадете доброволно. Како дел од нашите услуги, може да ни дадете лична информација поврзана со вашето место на живеење со цел да го најдеме нашиот најблизок центар за едукација. Дополнително ги собираме Вашите информации кога одговарате на нашата комуникација, контактирате со нашата поддршка, комуницирате со нас преку мејл ли преку веб-страната или пак, споделувате дополнителни податоци за Вас или други луѓе преку Вашата употреба на услугите.
  • Информација за уред: исто така можеме да добиеме лична информација од вашиот уред наречена IP адреса и други онлајн идентификатори (онлајн информација од уреди на корисниците, апликации и протоколи коишто оставаат траги за да се идентификуваат корисниците).
  • Содржина: Членовите на „Хелен Дорон“ франшизниот систем како што се: центрите, учителите („ХД членови“) можат да прикачат постови или на друг начин да ги направат достапни, сликите, блоговите, видеата и другата содржина („Содржина“) на услугите коишто можат да ги вклучат вашите лични податоци. Ваквата содржина може да се користи само од нас, само со ваша (или на вашиот родител/старател) согласност. Ние, а и други корисници може да ја гледаме и користиме содржината којашто јасно ќе биде достапна преку услугите и преку други платформи.
  • Вториот вид на информации се неидентификувани и непрепознатливи информации овозможени од корисникот коишто може да бидат достапни или собрани преку употребата на корисникот на услугите (информации од не-лична природа). Го немаме идентитетот на корисниците од кои ваквите податоци од не-лична природа се собрани.

Ваквите информации можат да ги вклучат следните информации: 

  1. i) вашето корисничко име и лозинка 
  2. ii) информација за вашата активност на услугите (гледани страници, онлајн пребарувања, кликови, дејствија и временски обележувања итн.) и збирни информации за употреба и технички информации пренесени од твојот уред, вклучувајки одреден софтвер и хардвер податок (на пр. видот на пребарувачот и оперативен систем којшто твојот уред го користи, јазикот, време на влез и името на веб-страницата преку која се поврзувате со цел користење на услугите.)

Ако ги искомбинираме Личните со Не-личните информации, комбинираната информација ќе се смета како лична информација сè додека не се комбинира.

Информациите прибрани во услугите, можат да бидат направени анонимни или да не можат да се идентификуваат со цел тие информации да не можат да Ве идентификуваат лично. Нашата употреба и затворање на ваквите анонимни податоци не се предмет на каква било забрана со оваа Политика на приватност и можат да бидат достапни без никакво ограничување за каква било цел.

 

Колачиња и Гугл аналитика

Користиме колачиња и други технологии за услугите, вклучувајќи го и тоа кога ја посетувате нашата веб-страна или пристапувате кон услугите.

„Колаче” е мало парче информација коешто веб-страницата го поставува на вашиот уред додека ја разгледувате. Колачињата се многу корисни и можат да бидат употребени за различни цели. Овие цели вклучуваат овозможување на корисникот да се движи низ веб-страниците поефикасно, да се овозможи автоматска активација на одредени функции, да ги запомни вашите преференци, при тоа правејќи ја интеракцијата меѓу корисникот и нашите услуги побрза и поедноставна. Колачињата исто така се користат за прибирање статистички податоци за вашето користење на нашите услуги.

Нашата веб страна ги користи следните видови колачиња:

Привремени колачиња („session cookies”) кои се зачувуваат само привремено додека корисникот ја разгледува веб-страницата со цел да се овозможи нормална употреба на системот. Овие колачиња се отстрануваат од вашиот уред кога ќе го затворите интернет-прелистувачот.

Трајни колачиња („persistent cookies”) кои се читаат само од нашата веб-страница, се зачувуваат на вашиот уред и не се бришат кога ќе го затворите интернет-прелистувачот. Овие колачиња се потребни за веб-страницата да ве запомни во наредните најавувања, или да ги зачува вашите податоци и преференци за наредното најавување.

Kолачиња од трети лица (“third party cookies”) кои се поставени од други онлајн сервиси кои имаат содржини на страната која ја разгледувате, како на пример други компании за аналитички податоци кои го анализираат сообраќајот на нашата веб страница.

Колачињата обично не содржат никакви лични податоци кои се однесуваат лично на вас, туку информациите кои ние ги прибираме можате да бидат поврзани од наша страна со зачуваните информации прибрани од колачињата. Доколку сакате, можете да ги отстраните колачињата од вашиот уред следејќи ги насоките од уредот. Но, ако ги отстраните колачињата некои својства на нашите услуги нема да функционираат исправно и вашето онлајн искуство може да биде ограничено.

Исто така, ние користиме алатка наречена „Гугл аналитикс“ која прибира информации за вашето користење на нашите услуги. „Гугл аналитикс“ собира информации за тоа колку често корисниците се поврзуваат на нашите услуги, кои страници ги посетуваат и сл. Ние ги користиме информациите кои што ги добиваме од Гугл само за да ги подобриме нашите услуги. „Google Analytics” не ги прибира вашите лични информации, како име и презиме, напротив, ги собира IP адресите коишто се поврзани со вас на датумот кога сте ја посетиле веб страницата. Ние не ги комбинираме податоците од „„Гугл аналитикс“ со податоци кои можат лично да ве идентификуваат. Можноста на Гугл да ги користи и споделува информациите за вашата посета на веб-страниците прибрани од „Гугл аналитикс“ е регулирана од условите за користење на „Гугл аналитикс“ и од полисата за приватност на Гугл.

Како ние ги користиме информациите кои ги прибираме

Ние ги користиме и споделуваме личните информации во согласност со оваа полиса за приватност. Освен за целите наведени погоре, личните информации кои ние ги прибираме се користат за следните цели:

Да ја направите вашата сметка и да ви ги овозможиме нашите услуги (на пр. онлајн игри, активности за учење и сл.)

Да го одредиме вашето ниво на знаење на англискиот јазик и да го следиме вашиот напредок.

Да ви помогнеме да го лоцирате најблискиот центар за англиски јазик до вас.

Да ја искористиме согласноста на вашиот родител/старател за ваше користење на нашите услуги (доколку сте под 16 години).

Да го идентификуваме и автентифицираме вашиот пристап до одредени функции на нашите услуги.

Да прикажеме содржини на други корисници за маркетинг цели. (На пр. преку социјални платформи, веб страници, флаери, брошури, и сл.)

Да направиме истражување или анализа со цел да ги подобриме нашите услуги да одговараат на потребите на корисниците.

Да ги рекламираме нашите производи и услуги (видете подолу во „Маркетинг).

Да детектираме и спречиме нелегални активности или какви било активности кои би можеле негативно да влијаат на интегритетот на нашите услуги.

Да ви дадеме поддршка, да ви одговориме на вашите прашања и да комуницираме со вас.

Да истражуваме прекршувања на нашите политики, и како што налага законот и регулацијата,  да одговараме со соодветни законски побарувања.

Со кого ги споделуваме податоците што ги прибираме („Примачи“).

Ние не ги продаваме, изнајмуваме или споделуваме вашите лични информации со трети лица освен со тие опишани во оваа полиса за приватност. Вашите лични информации можат да бидат споделени со следните примачи:

„Хелен Дорон“ членови;

Подизведувачи и други провајдери на услуги од трети лица;

Ревизори или советници на некој од бизнис процесите на компанијата; И

потенцијални купувачи или инвеститори во компанијата.

Додатно на целите наведени во оваа полиса за приватност, може да ги споделиме приватните податоци за следните цели:

Чување или процесирање на лични податоци од наша страна (на пр. даватели на услуги за обработка на податоци во облак (“cloud computing“);

Процесирање на лични информации што ни би помогнало со нашите бизнис дејствувања (на пр. да го автентифицираме вашиот пристап, да ги ревидираме нашите дејствувања и сл.);

Спроведување истражувања, техничка дијагноза и аналитика; И

Споделување промотивни и информативни материјали, во согласност со нашата полиса за маркетинг (видете подолу во „Маркетинг“).

Исто така може да довериме релевантни лични информации за вашата активност на нашите веб-страници или апликации (на пр. во кои игри сте учествувале, кое е нивото кое сте го достигнале, и сл.) и други релевантни податоци кои ги споделувате со нас (на пр. прашања, повратни информации, и сл.) со ХД членови (на пр. учители), кои се поврзани со курсевите за англиски јазик кои вие ги посетувате. Во сите околности каде личните информации можат да бидат дознаени од нашите ХД членови, агенти, или даватели на услуги од надворешни извори, има соодветни договори за доверливост.

Исто така може да споделиме лични информации или какви било други информации кои сте ги споделиле преку услугите доколку добронамерно мислиме дека споделувањето ќе биде од помош или рационално потребно за: (i) почитување на кој било важечки закон, регулација, правен процес или владино побарување кое се однесува на тоа; (ii) да ги спроведеме нашите полиси, вклучувајќи истраги на можни злоупотребувања; (iii) да истражиме, пронајдеме, спречиме или да преземеме дејства против нелегални активности или други злоупотреби, сомнежи за измами или проблеми со безбедност; (iv) да ги утврдиме или искористиме нашите права во одбрана против правни барања; (v) да спречиме оштетување на правата, имотот или нашата безбедност, на нашите корисници (вие), или друго трето лице; (vi) со цел за соработка со агенции за спроведување на законот или во случај кога е потребно да спроведеме интелектуална сопственост или други законски права.

 

Прибирање на податоци од трети лица

Нашата полиса се однесува само на прибирање и споделување на вашите податоци од наша страна. Доколку ги споделите информациите со трети лица преку нашите услуги, (на пр. со кликање на линк кој ќе ве однесе на друга веб-страница или локација) или преку други веб-страници низ интернетот, можно е да важат други правила за нивното користење на информациите кои ги споделувате со нив. Вие се согласувате дека ние немаме никаква одговорност за вашето користење на нивните страници и услуги.

 

Права на корисникот и зачувување

Ние ги почитуваме вашите права за приватност и притоа може да нè контактирате во кое било време за:
да добиете пристап, да избришете, да измените или обновите приватни информации кои се однесуваат на вас (на пример доколку мислите дека вашите лични информации се неточни може да побарате да ги поправите или да ги отстраните); Или може да побарате да престанеме да ги користиме вашите зачувани информации (на пример може да побарате да престанеме да ги користиме или споделуваме вашите информации со трети лица) или да ги отстраниме вашите информации (предмет на правна обврска што би нè обврзала да ги чуваме податоците).

Знајте дека доколку не го побарате спротивното, ние ги задржуваме информациите што ги прибираме толку долго колку што ни е потребно за да ги овозможиме нашите услуги или да се придржуваме до правните наредби, да решиме спорови и да ги спроведеме нашите спогодби.

Може  да корегираме , обновиме или отстраниме непотполни или неточни информации, во кое било време според нашите потреби и во наша дискреција.

Доколку сакате да се пожалите за тоа како ги користиме вашите лични информации можете директно да нè исконтактирате на [email protected]

Доколку не сте задоволни со нашиот одговор или доколку сметате дека вашите информации не се прибираат во согласност со законите, може да се пожалите во соодветната управа.

Знајте дека: доколку прибереме податоци од вашите родител(и)/старател(и) како дел од нашите услуги, ќе ги третираме тие информации на ист принцип како што ги третираме и заштитуваме вашите информации во согласност со правилата на оваа полиса за приватност.

 

Како ги заштитуваме вашите информации?

Многу се грижиме да ја воспоставиме и зачуваме безбедноста на нашите услуги и вашите податоци. Користиме процедури и полиси според индустриски стандарди за да ја гарантираме безбедноста на податоците на нашите корисници и да се заштитиме од неавторизирана употреба на истите.

Иако преземаме разумни мерки за да ги заштитиме вашите податоци, не можеме да бидеме одговорни за дејствијата на оние кои нелегално ќе добијат пристап или ќе ги злоупотребат нашите услуги, и не можеме да гарантираме или да имплицираме дека ќе ги спречиме таквите упади.

 

Интернационален трансфер

Бидејќи функционираме глобално, може да е потребно вашите податоци да се пренесат во земји кои не се членки на Европската Унија. Законите за заштита на податоците на овие држави може да не се толку разбирливи како оние во Европската Унија – во тие случаи ќе се потрудиме да овозможиме слично ниво на безбедност во согласност со регулативите на ЕУ за заштита на податоци.

 

Маркетинг

Ние и нашите ХД членови може повремено да ги користиме вашите податоци кои доброволно ги споделувате со нас за маркетинг цели кои со кои би ви овозможиле промотивни материјали, поврзани со нашите центри за изучување англиски јазик или други поврзани услуги и производи.

Почитувајќи ги вашите права на приватност, има можност да одбиете да ги примате тие маркетинг промотивни материјали или понуди. Такво барање за да престанете да примате промотивни материјали од наша страна може да направите со праќање на празна порака само со зборот “remove” („отстрани“) на [email protected].

Знајте дека иако се откажете од примање на промотивни материјали, може периодично да ви испраќаме електронска пошта за да ве информираме во врска со технички, сервис, или безбедносни проблеми поврзани со нашите услуги.

 

Корпоративна трансакција

Во случај на корпоративна трансакција (на пр. продажба на голем дел од фирмата, спојување, консолидација, или друга продажба) може да ги споделиме вашите податоци, вклучувајќи лични податоци. Во случај како горниот, фирмата која ќе ја добие нашата фирма, ќе ги има правата и обврските опишани во оваа полиса за приватност.

 

Надоградување или амандмани на полисата за приватност

Може да ја ревидираме оваа полиса за приватност од време на време, во наша дискреција, и најновата верзија ќе биде прикачена на нашата веб страница (прикажано во делот “последно ревидирано“ (“last revised”).

Ве охрабруваме да ја проверувате полисата за приватност често за да ги дознаете новите промени. Во случај на материјални промени, ќе бидете известени преку нашите услуги или преку електронска пошта.

Вашето продолжено користење на нашите услуги, следејќи ги известувањата за вакви амандмани, значи ваше признавање и ваша согласност на тие нови амандмани и измени на полисата за приватност со што сте обврзани од условите во новите амандмани.

 

Како да нè контактирате

Доколку имате општи прашања за услугите или податоците кои ги прибираме и како ги користиме, слободно контактирајте нè на [email protected]

Доколку сакате да се пожалите за тоа како ги користиме вашите податоци, контактирајте нè на [email protected]

Детали за компанијата

Helen Doron Ltd,

Hararit DN Misgav 20182, Israel