Услови за користење

Пристапот до, и употребата на оваа веб страна е овозможен од страна на Helen Doron Ltd (ХД) според следниве услови на користење:

ВНИМАВАЈТЕ ДЕКА ОВИЕ УСЛОВИ СОДРЖАТ ОДРЕДБА ЗА ЗАДОЛЖИТЕЛНА АРБИТРАЦИЈА ЗА СПОРОВИ КОЈА БАРА КОРИСТЕЊЕ НА АРБИТРАЖА НА ИНДИВИДУАЛНА ОСНОВА ЗА РЕШАВАЊЕ НА СПОРОВИ ВО ОДРЕДЕНИ СЛУЧАИ.

  1. Со користење на оваа страна корисниците се согласуваат да бидат законски обврзани со овие одредби и услови, кои ќе стапат на сила веднаш при првиот пристап на корисникот до веб-страната. Корисниците кои не се согласуваат да бидат законски обврзани со овие услови, се замолуваат да не пристапуваат и/или да ја користат оваа веб-страна.
  2. ХД може да ги менува, ажурира или дополнува овие одредби и услови во секое време со објавување на промените  на интернет. Корисниците треба да ги прегледуваат овие одредби и услови редовно за да бидат запознаени со сите промени, ажурирања и дополнувања направени од страна на ХД. Со продолжување на употреба  на оваа веб-страна после направените промени, ажурирања и дополнувања се продолжува и согласноста на корисникот да биде законски обврзан со променетите, ажурирани и дополнети одредби и услови на користење. 

ОПШТА СОДРЖИНА

  1. Содржината на оваа веб-страна подлежи на авторски права на ХД. Корисниците не смеат да копираат, репродуцираат, ре-објавуваат, преземаат, емитуваат, пренесуваат, ставаат на располагање на јавноста, или на друг начин да ја користат содржината на  веб-страната освен за лична, некомерцијална употреба. Корисниците исто така се согласуваат да не прилагодуваат и менуваат ниту една содржина од веб-страната освен за лична и некомерцијална употреба. Секоја друга употреба на содржината на веб-страната бара претходна писмена дозвола од ХД.
  2. Имињата, сликите и логоата за идентификација на ХД, Helen Doron Early English (ХДЕЕ), Helen Doron Teen English(ХДТЕ) или кој било друг производ и услуга поврзана со ХД или трети страни и нивните поврзани производи и услуги се предмет на авторски права, права за дизајн, трговски марки и патенти на ХД и/или соодветните трети страни. Ништо што е содржано во овие услови нема да се толкува како дозвола со импликација, дозвола или право за користење на кои било авторски права, права на дизајн, трговски марки или патент во сопственост на ХД или која било друга трета страна. 
  3. Корисниците се согласуваат да ја користат веб-страната само за законски цели, на начини кои не ги ограничуваат, инхибираат или повредуваат употребата и уживањето на веб-страната од страна на други корисници. Забранетото однесување вклучува: малтретирање или предизвикување вознемиреност или непријатност на кое било лице, пренесување непристојна или навредлива содржина или нарушување на нормалниот проток на информации и дијалог во рамките на веб-страната.

 

НЕСООДВЕТНА УПОТРЕБА

  1. Содржината на веб-страната, вклучувајќи информации, имиња, слики, логоа и икони поврзани или во врска со ХД и/или компании, производи и услуги поврзани со ХД (или со производи и услуги на трети страни), е условена на основа на “КАКО ШТО Е” и “КАКО ШТО Е ДОСТАПНО” без никакви застапувања или каква било гаранција, изразено или имплицирано  до степен дозволен со закон, вклучувајќи имплицитни гаранции за задоволителен квалитет, способност за одредена цел, компатибилност, безбедност и точност.

ОБЕШТЕТУВАЊЕ НА ХЕЛЕН ДОРОН

  1. До највисок степен дозволен со важечкиот закон, ХД нема да биде одговорен за корисниците на страната, или за трета страна претставник на корисник, за каква било штета во врска со страната или кој било материјал содржан во неа. Под никакви околност ХД нема да биде одговорен за која било од следниве загуби или штети (без разлика дали таквите загуби се предвидени или непредвидливи, познати или непознати):

ЛИЦЕНЦА ЗА АПЛИКАЦИИ

  1.  ХД не гарантира дека функциите содржани во содржината на веб-страната ќе бидат непрекинати или без грешки, дека дефектите ќе бидат поправени или дека веб-страната и серверот кој ја прави достапна се без вируси или грешки.
  1. Корисниците на страната може да бидат поканети да поднесат придонеси (вклучувајќи текст, фотографии, графики и аудио и видео снимки) на веб-страната или порталот на ХД. Корисниците се согласуваат, со поднесување на овие придонеси, да му се додели на ХД неограничено право, без авторски права, не-ексклизивно, под-лиценцирано право и дозвола за користење, репродукција, измена, адаптација, објавување, преведување, дистрибуција, ставање на располагање на јавноста и остварување на сите авторски права во однос на споменатиот придонес ширум светот, и/или да се вклучи споменатиот придонес во други дела во кој било постоечки или подоцна развиен медиум, во согласност со ограничувањата за приватност поставени во Политиката за Приватност на ХД. Корисниците кои ќе изберат да не ги дозволат погоре споменатите права на ХД, се замолуваат да не поднесуваат никаков придонес на веб-страната.

ЛИНКОВИ, САЈТОВИ И УСЛУГИ НА ТРЕТИ ЛИЦА

  1.  Како дополнување на точка 9, со поднесување придонеси на веб-страната, корисниците гарантираат:
    • дека споменатите придонеси се оригинално дело на корисникот;
    • дека корисникот кој поднесува има право придонесите да ги направи достапни за ХД за сите гореспоменати цели;
    • дека споменатите придонеси не се клевета;
    • дека споменатите придонеси не прекршуваат ниту еден закон,
    • дека ХД е ослободен од сите правни такси, штети или други трошоци што може да произлезат од прекршување на горенаведената гаранција на корисникот;
    • дека се откажуваат од секакви морални права во однос на поднесување и објавување на споменатиот придонес на веб-страната за целите наведени погоре.
  2. Корисниците не смеат да поднесуваат клеветен или незаконски материјал од каква било природа на форумот на веб-страната. Ова вклучува текст, графика и аудио или видео програми.
  3. Придонес на материјал со намера да се изврши или промовира незаконско дело е строго забрането.
  4. Сите доставени материјали мора да бидат оригинално дело на корисникот кој ги придонесува. Корисниците не смеат да доставуваат материјали кои се плагијат.Исто така, корисниците не смеат да ги прекршуваат правата на трети страни, вклучувајќи авторско право, трговска марка, трговска тајна, патент, приватност, публицитет, лични или сопственички права.
  5. Ставовите изразени во областите на придонесот на веб-страната се ставови на членовите, но, не и на ХД.
  6.  Веб-страната на ХД содржи линкови до веб-страни на трети страни, кои не се под контрола на ХД. Корисниците треба да бидат свесни дека, со кликнување на овие линкови и отварање на веб-страни кои не припаѓаат на ХД, ХД не ги претставува овие веб-страни на трети страни. Пристапот до веб-страна на трета страна е на сопствен ризик на корисникот. ХД не е одговорен за веродостојноста на податоците, мислења, совети или изјави дадени на веб-страните на трети страни. ХД овозможува пристап до овие линкови како услуга за корисниците на нашата веб-страна. Вклучување на овие линкови не значи дека ХД експлицитно ги поддржува или ги препорачува веб-страните на третите страни. ХД не прифаќа одговорност за содржината на веб-страните на трети страни.
  7. Ако за некој од овие одредби и услови е утврдено дека е незаконски, неважечки или на некој друг начин неспроведлив од која било причина според законите на која било држава или земја во која овие услови се наменети да бидат ефективни, тогаш во рамките на јурисдикцијата во која тој услов или одредба е незаконска, неважечка или неспроведлива, тој ќе биде отфрлен и избришан од овие услови, а останатите услови и одредби ќе останат во целосна сила и ефект, и продолжуваат да бидат обврзувачки и извршни.
  8. Овие услови ќе бидат регулирани и толкувани во согласност со законите на Државата Израел.

©1997 – 2021 Helen Doron Ltd. Сите права се задржани.