Рок ѕвезди, заработка на пари, спасување на планетата, годишен одмор—се само некој од провокативните наслови кој ги содржат песните, расказите и активностите креирани само за овој курс.
Оваа програма е за ученици со познавање на говорен и пишан англиски јазик и читање, кои имаат завршено со А1 ниво од англискиот вокабулар и граматика според Општата Европска Референтна Рамка.
Првата програма за англиски за тинејџери, Teen Talent е базирана на приказна која се одвива низ целиот курс. Приказната прикажува група на тинејџери и нивниот сон да станат познати. Рок ѕвезди, заработување пари, спасување на планетата, патувања за време на распуст, се само некои од темите кои се обработени во песните, приказните и активностите кои го сочинуваат Teen Talent. Секој дел се состои од две епизоди кои учениците ги слушаат на цедињата и потоа читаат на час. Приказните се полни со неизвесни, смешни и интересни факти при што се истакнуваат важните вредности кои стимулираат повисоко ниво на дискусија.
Учениците откриваат нови гледишта, да размислуваат и да се развиваат, сè на Англиски. Тие учат техники кои вклучуваат читање кои се во согласност со нивото А2- вокабулар и граматика според Општата Европска Референтна Рамка.
Teen Choices B1 ги запознава учениците со јазик користен од тинејџери насекаде во светот кој содржи идиоми, шеги и извртувања на јазикот.
Оваа програма е наменета за ученици кои завршиле со програмата Teen Talent, како и за нови ученици на возраст од 12-16 години коишто ќе го поминат соодветното ниво од тестирањето на Helen Doron Teen English.
Teen Choises, второто ниво од „Хелен Дорон“ тинејџерските програми, го задржува вниманието со приказни и активности што ги покриваат темите на интерес кај адолесцентите. Програмата има богат и интересен вокабулар што се изучува преку тематски единици вклучувајќи читање со разбирање , вежби за слушање, прекрасни песни и интересни вежби. Во Teen Choices,се изучува поголемиот дел од вокабуларот и граматиката од општата европска референтна рамка на англиски јазик за B1 ниво, останатиот вокабулар се изучува во Teen Express (B1+). Учениците учат вокабулар, граматика, техники за читање со разбирање како и да ги прошират своите видици и да размислуваат на англиски јазик.
Teen Express B1+ курсот учи важни животни лекци како превземање одговорност за нашите постапќи и тоа преку интересни приказни и раскази.
Оваа програма е за ученици кои имаат завршено со програмата Teen Choices како и за нови ученици кои го поминале контролниот тест за соодветното ниво во „Хелен Дорон“ англиски за тинејџери.
Teen Express, третото ниво во „Хелен Дорон“ програмите за англиски за тинејџери, го задржува вниманието со приказни и активности кои ги покриваат темите на интерес на адолесцентите. Четирите одделни, но испреплетени приказни, ги учат учениците на важни животни лекции како што се наградите од преземање одговорност за своите постапки и сознавањето да “не и се суди на книгата според нејзината корица”. Како и во сите Хелен Дорон програми, песните играат важна улога во процесот на учење. Teen Express вклучува осум оригинални поп песни.
Teen Express е курс за B1+ ниво и го покрива целиот вокабулар и граматика кој е потребен за ова ниво според Општата Европска Референтна Рамка .
Учениците учат техники кои вклучуваат читање, вокабулар и граматика и исто така да имаат отворени гледишта, да размислуваат и се развиваат, сето тоа на англиски.
This highest level B2 курсот ги учи студентите да имаат отворени погледи кон нови хоризонти и да се изразуваат на англиски јазик преку оригинални приказни, одлична музика и интересни настани.
Оваа програма е за ученици кои имаат завршено со програмата Teen Express како и за нови ученици кои се на возраст од 14 до 19 години кои го поминале контролниот тест за соодветното ниво во „Хелен Дорон„ англиски за тинејџери.
Teen Success, четвртото ниво во „Хелен Дорон“ англиски програмата за тинејџери, го задржува вниманието на тинејџерите со приказни и активности кои покриваат теми кои се важни за адолесцентите. Четирите одделни, но испреплетени приказни, ги учат учениците на важни животни лекции како што се дефинирањето и разбирањето на вредноста на личниот успех и мотивација. Како и во сите „Хелен Дорон“ програми по англиски јазик, песните играат важна улога во процесот на учење. Teen Success вклучува четири оригинални приказни и осум оригинални поп песни.
Teen Success е курс за B2 ниво и им помага на тинејџерите да изучат вокабулар, граматика и техники кои вклучуваат читање кои се потребни да го задоволат B2 нивото според Општата Европска Референтна Рамка. Учениците откриваат нови гледишта, учат да размислуваат и да се развиваат, сè на англиски јазик.