Повеќето од нас имале учител кој направил вистинска промена во нашиот живот. Некој што со страст нè учел за важните вредности и животните лекции, нè охрабрувал да станеме подобри луѓе, ни предавал со целото срце. Токму таков учител бараме и ние!
Не е неопходно да сте експерти по англиски јазик, но предавањето англиски јазик со нашата методологија бара посветеност, креативност, ентузијазам и силна желба да им се помогне на децата да учат. Ова не е само начин да заработите за живот, ова е стил на живот.
IАко можете да одговорите со „ДА“ на следните прашања можеби токму Вие сте нашиот учител:
Austrian teenager, Laura Stickler, is from a new generation of Helen Doron teachers who is following in her mother’s footsteps by becoming a Helen Doron teacher. Laura and her two sisters were brought up learning English the Helen Doron way.
Bojana Vasiljević is thrilled at the opportunity to teach English the Helen Doron way at the Banjaluka school in Republika Srpska (RS), part of Bosnia and Herzegovina. She was introduced to Helen Doron English by her husband, who saw an ad on the web
„Ако размислувате да станете учител, погрижете се да ги сакате децата. Да се има добар англиски јазик не е доволно, бидејќи тоа не е само работа, тоа е вокација.
Имаме прекрасни програми, така што нема ризик во тоа. Има нешто толку посебно во светот на Хелен Дорон што секоја година го сакам се повеќе. Силно препорачувам да учите со нас за луѓе со одличен англиски кои сакаат деца“.
„Верувам дека методологијата на Хелен Дорон е револуционерна бидејќи ја поддржува природната желба на децата за знаење и им овозможува не само да го усвојат англискиот јазик, туку и да станат прекрасни човечки суштества со знаење“.
„Хелен Дорон“ има богатство од ресурси развиени за креирање збогатено искуство во учењето. Наставните сетови вклучуваат водичи за наставници, флеш-карти, книги, ди-ви-ди и музички цедиња, и други наставни помагала за да започнете со вашата нова кариера.
Нашиот онлајн портал за наставници нуди наставни материјали за преземање, педагошки новитети, календар за семинари и друго. На нашиот форум за наставници ќе имате корист од статии за нашите курсеви, педагошки новитети, совети за настава, развивање на новитети од Главната Канцеларија и идеи за изработка на реквизити. Можете да поставите прашање, да понудите одговор и да добиете повратни информации.
Нашата онлајн заедница овозможува Вие и Вашиот франшизер да ги организирате групите за учење, да сочувате информации за учениците, квалификации на семинари и многу друго. Можете да споделувате идеи, совети и информации на редовните состаноци со вашиот „Хелен Дорон“ франшизер како и со локалните и интернационалните колеги.
Направете го првиот чекор. Пријавете се на курс за обука. Ние ќе ви помогнеме да најдете место на следниот курс во времето и местото кое најмногу ви одговара. Курсевите се организираат во текот на целата година на многу различни локации, така што сигурно еден ќе биде погоден за Вас. Курсевите обично се поделени на два дена вовед и проценка, и три дена сеопфатна обука. Можете да изберете настава за деца (0-11 години) или тинејџери (11-19 години).
Часовите се фокусираат на учење со целиот мозок: активности што ги вклучуваат сите сетила, песни, игри, рачни изработки, танцување и движење, драма и многу повеќе. Учителите ги земаат предвид различните стилови на учење кај децата – визуелен, аудитивен и кинестетички стил на учење – кога прават реквизити, смислуваат активности и игри, и се трудат секој час да се состои од активности што ги вклучуваат сите сетилни модалитети. Еден типичен час е динамичен, изобилува со различни активности и игри за воведување и повторување на вокабуларот и јазичните структури, како и уникатни песни со движења. Учителите поттикнуваат спонтано зборување, со користење на целосни реченици и спонтана комуникација во училницата.
Децата сакаат да учат и да играат. „Хелен Дорон“ методот го обезбедува најдоброто од двата света – приказни, песни, играчки, игри и апликации што им овозможуваат на децата да учат преку игра. Иновативната и докажана „Хелен Дорон“ методологија им овозможува на децата да научат да зборуваат и разбираат англиски јазик пред да научат да читаат и пишуваат. Нашите ученици го апсорбираат англискиот јазик на истиот начин на кој го учат својот мајчин јазик, преку постојано слушање. Тие се изложени на звукот на јазикот со што ги развиваат врските во мозокот потребни за да го запомнат тоа што го учат без напор. Со користење реквизити, игри и разни активности, децата можат лесно да апсорбираат нови концепти.