СТАНЕТЕ ХД УЧИТЕЛ
Бидете учител кој остава трага
Да се биде дел од Helen Doron значи да се приклучите кон глобално признат едукативен бренд кој повеќе од 40 години ги менува животите на милиони деца ширум светот.
Нашите учители не се обични наставници – тие се инспиратори и ментори. Благодарение на светски признатата методологија, секој Helen Doron учител е дел од елитна заедница на професионалци кои ја познаваат моќта на јазикот и уште повеќе – ја познаваат моќта на позитивното влијание врз децата.
За да едуцирате кај нас, не е доволно само да зборувате англиски. Потребни се страст, креативност, емпатија и вистинска посветеност за да го извлечете најдоброто од секое дете. Затоа Helen Doron не е само работа – тоа е повик, мисија, и начин на живот.
Нашите учители не едуцираат само англиски – тие ги градат вредностите и вештините на идните генерации. Со Helen Doron вие не само што едуцирате, туку трансформирате – и тоа е она што нè прави поразлични, најдобри и поблиску до секое дете.

Зошто да станете Хелен Дорон учител?
-
Светски познат бренд
Повеќе од 40 години успешна работа во над 40 земји ширум светот. -
Обука и поддршка
Сè што ви е потребно за да успеете. -
Кариерен развој
Многу можности за раст и напредување. -
Едукација која е многу повеќе од англиски јазик
Градиме позитивни вредности кај децата и помагаме да станат одговорни граѓани на светот. -
Уникатна методологија
Ефективен, музички и забавен пристап кон учењето. -
Настава за различни возрасти
Може да работите со деца од 3 месеци бебиња, до 19 годишни тинејџери. -
Флексибилно работно време
Баланс помеѓу работа и приватен живот. -
Работа ширум светот
Можност да предавате во било кој од нашите училишни центри низ светот. -
Богата содржина
Прилагодени програми за сите возрасти и нивоа, развиени од врвни педагошки експерти.
Што е потребно за да станете Helen Doron учител?
Едукацијата кај нас е поинаква од класичната настава. Се пее, се танцува, се игра – учењето е вистинско уживање. Те охрабруваме да го пронајдеш своето внатрешно дете!
- Одлично познавање на англискиот јазик
- Страст кон едукацијата
- Креативност
- Разиграност
Работата во Helen Doron не е само начин за заработка – тоа е работа што ја сакаш, а таа љубов ти се враќа.