Подготовки за Cambridge испити

Подгответе го вашето дете за Cambridge испитите – на Helen Doron начин!

Полагањето на Cambridge испитите за англиски јазик отвора многу можности за вашето дете. Учениците на Helen Doron веќе го имаат потребното јазично ниво за овие испити, а со специјално дизајнираните курсеви тие се подготвуваат уште подобро – со самодоверба, вештини и насмевка.

Курсевите се реализираат по уникатната Helen Doron методологија – низ забава, песни и активности кои го зајакнуваат вокабуларот, ја освежуваат граматиката и ги подготвуваат учениците за вистински испитни прашања и задачи.

Зошто да полагаат Cambridge испити?

Helen Doron подготовките за Cambridge испити се спроведуваат низ игра, комуникација и мотивирачко учење. Учениците стекнуваат вештини за полагање испити без стрес, со одлични резултати. Многу од нив велат дека испитот им изгледал лесен и природен.

Според последниот извештај за Cambridge резултати: 95% од Helen Doron English учениците постигнуваат највисоки резултати!


Подгответе го вашето дете да ги положи испитите со самодоверба!
Со Helen Doron, полагањето Cambridge испити станува пријатно и успешно искуство