
Онлајн материјали
Репетативно слушање во позадина
Репетативното слушање на аудио и видео матријалите во позадина е суштинско јадро врз кое е изградена методологијата на Helen Doron English. На нашите ученици им ја нудиме оваа ексклузивна алатка за да можат да продолжат да учат и надвор од училницата – на забавен начин, со цел побрзо напредување и природно усвојување на англискиот јазик, како мајчин.



Helen Doron Stream нуди забавни, постојано обновувани и возбудливи видео епизоди, песни и аудио-содржини, кои се клучни за зацврстување на јазичните вештини. Кога децата ја слушаат оваа содржина дома, во позадина – за време на секојдневните активности – тие природно ги апсорбираат звуците и ритамот на јазикот. Тоа обезбедува постојана изложеност на англискиот јазик, која е клучен елемент на методологијата на Helen Doron English.