СТАНЕТЕ ХД УЧИТЕЛ

Бидете учител кој остава трага

Да се биде дел од Helen Doron значи да се приклучите кон глобално признат едукативен бренд кој повеќе од 40 години ги менува животите на милиони деца ширум светот.

Нашите учители не се обични наставници – тие се инспиратори и ментори. Благодарение на светски признатата методологија, секој Helen Doron учител е дел од елитна заедница на професионалци кои ја познаваат моќта на јазикот и уште повеќе – ја познаваат моќта на позитивното влијание врз децата.

За да едуцирате кај нас, не е доволно само да зборувате англиски. Потребни се страст, креативност, емпатија и вистинска посветеност за да го извлечете најдоброто од секое дете. Затоа Helen Doron не е само работа – тоа е повик, мисија, и начин на живот.

Нашите учители не едуцираат само англиски – тие ги градат вредностите  и вештините на идните генерации. Со Helen Doron вие не само што едуцирате, туку трансформирате – и тоа е она што нè прави поразлични, најдобри и поблиску до секое дете.



Зошто да станете Хелен Дорон учител?

Што е потребно за да станете Helen Doron учител?

Едукацијата кај нас е поинаква од класичната настава. Се пее, се танцува, се игра – учењето е вистинско уживање. Те охрабруваме да го пронајдеш своето внатрешно дете!

Работата во Helen Doron не е само начин за заработка – тоа е работа што ја сакаш, а таа љубов ти се враќа.