Нашите програми за англиски јазик
Нашите програми за англиски јазик се прилагодени на возраста, вештините и индивидуалните способности за учење на вашето дете. При планирање на нашите динамични часови, ги земаме предвид различните стилови на учење на децата, било да се визуелни, аудитивни или кинестетички.
Децата природно сакаат да учат, затоа создадовме средина која им помага лесно да апсорбираат нови концепти.
Helen Doron методот ја зема во предвид природната љубопитност и игривост на детето, комбинирајќи забавни часови кои ги стимулираат сетилата на вашето дете со специјано дизајнирани педагошки материјали.
Вашето дете ќе ужива во забавно и лесно учење каде што знаењето природно се апсорбира преку приказни, песни, танц и игри.
Програми
Деца Возраст: 4-11
Возраст: 9-11
Тинејџери Возраст:12-19
Babies
0-4
Children
4-11
Tweens
9-11
Teens
12-19
Што ќе научи вашето дете?
- Нашите програми го поддржуваат и поттикнуваат целокупиот развој на децата и се прилагодени на нивната возраст и способности (вербални, моторни, социјални и когнитивни).
- Вашето дете ќе ги зајакне своите говорни и читачки вештини на англиски јазик и ќе развие логичко размислување и знаење за светот.
- Ќе ја зајакнат способноста за независно размислување, самодовербата и ќе изградат здраво самопочитување.
- Учениците ќе ги прошируваат своите хоризонти учејќи за културите и историите на различни земји и ќе ги прошируваат темите за дискусија на англиски јазик.
- Програмите исто така ги учат децата на важни животни лекции, охрабрувајќи ги да направат разлика и да преземат одговорност за својата околина.