2513 Views

Helen Doron English ви ја најавува новата кампања „Young Heroes on The Move!“

Helen Doron English со задоволство го најавува својот најнов проект во рамките на меѓународната кампања „Young Heroes“, која овозможува на децата ширум светот да ги претстават вредностите на Helen Doron English во нивните животи и да ги инспирираат други.

Оваа кампања, инспирирана од Олимписките и Параолимписките игри 2024 што ќе се одржат во Париз, Франција ова лето, се фокусира на значењето на редовното вежбање и одржување на здрав и активен начин на живот. „ Helen Doron Olympiad 2024 – Young Heroes on Move! “ е кампања што ги поттикнува децата да станат активни учесници во своето секојдневие, бидејќи секој може да вежба и да ги подобрува своите лични способности.

Како и секогаш, Helen Doron English глобалните кампањи имаат за цел да создадат бран на позитивни промени, каде идеите и вредностите се шират од учениците до родителите, наставниците и франшизните партнери, инспирирајќи ја целата заедница.
Преку организирање на локални настани поврзани со темата на Хелен Дорон Олимпијадата во секојa од 40-те земји, клучните пораки и вредности се остваруваат, создавајќи вистинска промена во животите на многумина.

Во рамките на оваа значајна иницијатива, Хелен Дорон Македонија го потврдува своето активно учество со своите 17 училишни центри, кои се распространети низ целата држава. Со една богата мрежа на ученици, посветени учители и ангажирани франшизери, нашата организација и оваа година ќе игра значајна улога во успешната промоција и реализација на кампањата “Young Heroes on the Move!” во секој град и училишен центар каде што сме присутни. Оваа ангажираност е одраз на нашата непоколеблива посветеност кон образованието и развојот на младите, поттикнувајќи ги да ги истражуваат и развиваат своите потенцијали од секој апспект.

Претходни кампањи од серијата на Young Heroes долгогодишната кампања вклучуваат: „Readers are Leaders“, кампања која ја промовираше писменост и читањето на книги, „Young Heroes“ која се фокусираше на идентификување и решавање локални проблеми, и „Hello My World“, која се концентрираше на заштита на орангутаните и тропските шуми.
„’Young Heroes on The Move!’ се заснова на фактот дека здраво и активно тело ги подобрува менталните способности. Сите наши програми вклучуваат движење како суштински дел од методологијата, и сакаме да ги охрабриме децата од сите возрасти да се чувствуваат удобно со своите тела“, објаснува Хелен Дорон, извршен директор на Helen Doron Educational Group. „Осврнувајќи се на успесите од нашите минати глобални кампањи, повторно ги повикуваме нашите ученици низ светот да ги искористат своите способности за помош на другите, овојпат да станат фит самите, додека ги охрабруваат другите редовно да вежбаат и да развиваат и одржуваат здрав начин на живот.“

Сите учебни центри во Helen Doron English франшизната мрежа ширум светот ќе бидат снабдени со специјално развиени тематски лекции на англиски и оригинална песна „Young Heroes on the Move! “ со придружна хип-хоп кореографија, која ќе се учи и користи низ целата кампања.

Во тек се подготовки на најразлични настани во нашите градови и локални заедници со цел промовирање на вредностите на кампањата: Во здраво тело, здрав дух и силен ум.
„Young Heroes on the Move!“ не е ограничена само на Helen Doron English учениците. Секој кој сака да се приклучи на оваа кампања и да помогне во промовирањето на фитнесот низ светот е поканет да се приклучи на кампањата.

Дознајте повеќе за овој инспиративен проект!

2514 Views