4317 Views

Хелен Дорон Македонија со своите ученици се вклучува во глобалниот предизвик

Со огромно задоволство, ве покануваме да станете дел од нашиот нов глобален предизвик – Let’s Dance видео натпревар во рамките на кампањата “Young Heroes on the Move!” глобалната кампања на Helen Doron English. Оваа година, со натпреварот Let’s Dance! ја зголемуваме забавата, креативноста и учењето преку музика и движење.

Зошто “Let’s Dance!”?

Во денешно време, кога децата се повеќе насочени кон екраните и дигиталните уреди за забава, ние сметаме дека е важно да се врати радоста од физичката активност, уште повеќе кога таа е споена со учењето англиски јазик. Инспирирани од популарните видео игри за танцување, ние креиравме едноставно, забавно и едукативно искуство кое ги комбинира музиката, движењето и јазикот на уникатен начин.

Како да учествувате?

  1. Научете ги текстот и кореографијата на песната: Посетете ја нашата веб-страница и погледнете го нашето специјално дизајнирано музичко видео. Ова не е само шанса за забава, туку и одлична прилика за Вашето дете да усвои нови јазични вештини преку песна и играње. Видеото мора да се состои од првиот стих и првиот рефрен.
  2. Снимете ја изведбата: Со помош на мобилен телефон или камера, снимете како Вашето дете само или заедно со своите другари танцуваат според нашата кореографија и ја пеат песната. Нека ова биде момент кога тие ќе се изразат и ќе се забавуваат.
  3. Споделете ја забавата: Објавете го видеото на нашата платформа и на социјални мрежи со соодветните хаштагови: #HelenDoronYoungHeroes, #YoungHeroes, и #HelenDoronLetsDance. Нека целиот свет види колку се талентирани и креативни младите херои од Македонија!
  4. Информирајте се повеќе: За повеќе информации за правилата и начинот на учество обратете на вашите Хелен Дорон учители, во вашиот Хелен Дорон училишни центар.

Голем број награди:

  • Индивидуална категорија: Тројца учесници во натпреварот кои ќе освојат најмногу поени на глобално ниво ќе добијат ваучери од 50 евра.
  • Групна категорија: Група од 4 или повеќе учесници ќе освојат ваучер од 300 евра употреблив за активности или производи за промовирање на здравјето.
  • Глобален победник: Едно видео ќе избере самата Хелен Дорон и ќе освои специјална награда!

Важни датуми:

• Период на поднесување: 15 јануари – 30 април 2024 година
• Период на гласање: 01 мај – 30 мај 2024 година
• Објава на победници: 04 јуни 2024 година.

Зошто Вашето дете да учествува?

Главниот фокус на кампањата “Young Heroes on the Move”, како и на  “Let’s Dance!” предизвикот како дел од кампањата, е да ја зголемиме свесноста кај децата за важноста на физичките активности и спортовите, како за нивното физичко здравје, така и за нивниот когнитивен развој. “Let’s Dance!” не е само видео натпревар, туку повик кон акција за да се овозможи секое дете редовно да вежба, да се развива и одржува здрав начин на живот и да се чувствува удобно во своето тело. Низ веселбата на танцот, оваа кампања го потенцира значењето на ,,здрави тела, за здрави умови“, поттикнувајќи ги децата да излезат надвор, да одат, танцуваат, скокаат или трчаат. Со „Let’s Dance!“, ние ги охрабруваме децата да ја прегрнат радоста од движењето, потсетувајќи ги дека движењето на телото е забавно и многу важно за нивниот целосен развој.

Забелешка: со учеството се согласувате со одредбите и условите на нашиот натпревар, вклучително и глобалната употреба на видеото на Вашето дете во  маркетинг иницијативите за HDEG. За подетални информации посетет ја нашата веб-страница.

4318 Views