Македонија
 

Како да го зачувате здравјето на вашето дете со конзумирање на чаеви и билки?

Во Helen Doron училишниот центар во Карпош се одржа интерактивна и едукативна работилница за деца и родители од областа на фитотерапијата. Оваа работилница е во склоп на нашата Националната кампања ,,Smart chefs” која има за цел да ги научи децата на здрави навики, да ги едуцира за важноста на здравата исхрана и суптилно да ги стимулира да се хранат здраво.

15134694_1806110629645416_3411448504259198989_n

Додека родителите присуствуваа на предавање на тема Фитомедицина, во Хелен Дорон Карпош училишниот центар беше организирана и интерактивна работилница за нивните деца. Се запознавме со билките, ги научивме нивните имиња,пиевме чај за прочистување на белите дробови, уживавме во боите, мирисот и вкусот на здравите билки. Сето ова го реализиравме преку игра, 100% на англиски јазик, применувајќи ги ВАК методите.
Едукацијата, среќата и здравјето на децата се наш приоритет во работата!

 

Едукацијата на родителите ја изврши др. Драган Јованов – фитотерапевт.

Подготвивме вкусни и здрави рецепти со природни билки за зголемувањена на имунитетот кај децата, како чаеви за прочистување на респираторниот тракт.

 

 


  • Доколку сакате да добивате поучни статии за развојот на децата, билингвализам и совети за учење јазик, внесете го вашиот email во празното поле.