Македонија
  • slide1-16slide2-16
    Англиски за деца

    Ги подготвуваме младите ученици од 3 месеци до 19 години за иднина исполнета успеси.

    Најдете училишен центар
 

Услови за користење

Пристапот до и употребата на оваа интернет страна е овозможена од Helen Doron, Ltd (ХД), субјектот во следните услови и обврски:

1. Со користењето на оваа страна корисниците се согласуваат да се правно врзани од овие услови и обврски, што ќе стапат во сила веднаш после првиот пристап на страната од корисникот. Корисниците кои не се согласуваат да бидат законски врзани од следните услови и обврски да не пристапуваат и/или да не ја употребуваат оваа страна.

2. ХД може да ги менува, дополнува или подобрува овие услови и обврски во секое време, поставувајќи ги промените онлајн. Корисниците треба да ги проверуваат повторно овие услови и обврски за да бидат сигурни дека се информирани за секоја промена, дополнување или подобрување направени од ХД. Доколку продолжи да ја употребува оваа страна откако се објавени промените, дополнувањата и подобрувањата, се смета дека корисникот се согласува да биде законски врзан од овие услови и обврски како променети, дополнети или подобрени.

3. Содржината на оваа страна е предмет на авторски права на ХД. Корисниците не смеат да умножуваат, објавуваат, преземаат, прикачуваат, емитуваат, пренесуваат, прикажуваат јавно или поинаку да ја користат содржината на интернет страната на било кој начин, освен за сопствена, некомерцијална употреба. Корисниците исто така се согласуваат да не присвојуваат, променуваат или да создадат слична форма на било која од содржините на страната освен за лична, некомерцијална употреба. Секоја друга употреба на содржината на страната бара претходна писмена дозвола од ХД.

4. Имињата, сликите и логоата кои ги идентификуваат ХД, Хелен Дорон ран англиски, Хелен Дорон англиски за тинејџери или било кој друг производ или услуга поврзан со ХД или партнери и нивните производи и услуги се предмет на авторски права, дизајн, бренд и патент на ХД и/или на некој партнер. Ништо што е содржано во овие услови нема да биде интерпретирано како дискутабилно поради импликација, забрани или друго негирање на било која дозвола или право на користење на авторско право, право на дизајн, бренд или патент кои припаѓаат на ХД или партнерска компанија.

5. Корисниците се согласуваат да ја користат оваа интернет страна за законски цели само на начин кој не ги ограничува, попречува или прекршува правата на било кој друг којја користи или ужива во страната. Забранетото однесување вклучува: вознемирување или предизвикување стрес или непријатност во било која личност, пренесувајќи навредлива или непристојна содржина или прекинувајќи го нормалниот тек на информации и дијалог во рамки на страната.

6. Содржината на интернет страната, вклучувајќи ги информациите, имињата, сликите, логоата и иконите кои се однесуваат или се поврзани со ХД и/или компании поврзани со ХД, производи и услуги (или производи и услуги на партнерски компании), е достапна на база „КАКВА ШТО Е“ и понатаму „КАКО ШТО Е ДОПУШТЕНО“ без никакви претставувања или било какви гаранции направени, изразени или навестени до прагот дозволен од законот, вклучувајќо ги и навестените гаранции за загарантиран квалитет, прилагодени за посебна употреба, непрекршување, компатибилност, безбедност и прецизност.

7. До максималната граница дозволена од соодветен закон, ХД нема да подлежи на тврдења на корисниците или било која друга страна поврзана преку корисник, за било какви пречки во пристапноста до страната или материјали содржани на неа. Под никакви услови ХД нема да подлежи на било кои од следните штети или пречки (без разлика дали таквите пречки или штети биле предвидени или предвидливи, познати или непознати):

а. губење податоци;

б. губење профит;

в. губење бизнис зделка;

г. губење можност;

д. губење углед или повреда на репутација;

ѓ. штета претрпена од трета страна; или

е. секоја индиректна, случајна, специјална или типична штета предизвикана од употребата на интернет страната без оглед на формата на дејство.

8. ХД не гарантира дека функциите содржани во интернет страната ќе бидат непрекинати или дека ќе немаат грешки, дека дефектите ќе бидат поправени или дека страната и серверот кој ја овозможува немаат вируси или багови.

9. Корисниците може да бидат поканети да направат придонес (вклучувајќи текст, фотографии и аудио или видео снимки) во страната или порталот. Корисниците се согласуваат, правејќи го споменатиот придонес, да му гарантираат на ХД трајно, неексклузивно, бесплатно право и дозвола да го користи, репродуцира, модифицира, прилагодува, објавува, преведува, менува, дистрибуира, изведува, да го направи достапно до јавноста и да ги преземе сите авторски права и право на јавно прикажување низ светот со оддадена почит кон придонесот, и/или да ги вклучи споменатите придонеси во друга работа или медиум непознат или подоцна развиен со трајно право врз било какви права кои може да постојат во споменатиот придонес, во согласност со ограничувањата на приватноста изнесени во Политика за приватност на ХД. Корисниците кои ќе одлучат да не ги гарантираат правата споменати погоре се повикуваат да не прават придонес во интернет страната.

10. Во продолжение на параграфот 9, правејќи придонес на интернет страната, корисниците гарантираат:

а. дека споменатите придонеси се оригинална работа на корисникот;

б. дека корисникот кој придонесува има право да ги направи споменатите придонеси достапни на ХД за сите цели опишани погоре;

в. дека споменатите придонеси не повредуваат нечиј углед;

г. дека споменатите придонеси не кршат ниеден закон;

д. дека ХД ќе е обештетен од секакви законски казни, штети или други трошоци кои може да бидат предизвикани како резултат на непочитување на претходната гаранција од страна на корисникот;

ѓ. дека се откажуваат од секакви морални права над споменатиот придонес за употреба и објавување на интернет страната за целите опишани погоре

11. Корисниците не смеат да објават било каков материјал кој е нелегален или повредува нечиј углед на форумот на страната. Ова вклучува текст, графика и аудио или видео програми.

12. Објавувањето материјал со намера за извршување или проммовирање нелегален акт е строго забрането.

13. Сите објавени материјали мора да се оригинална работа на корисникот кој ги објавува. Корисниците не треба да објавуваат материјали кои се плагијат. Слични, корисниците не смеат да ги прекршат или повредат правата на трета страна вклучувајќи авторски права, бренд, тајна на бренд, патент, приватност, публицитет, лични или права на поседување.

14. Гледиштата изразени во деловите на страната поврзани со објави се гледишта на членови на јавноста и не се по автоматизам на ХД.

15. ХД интернет страната содржи линкови до страни на партнерски компании, кои не се под контрола на ХД. Корисниците треба да се свесни дека кликајќи на овие линкови и продолжувајќи кон не-ХД страни, ХД не одговара за тие интернет страни. Пристапувањето кон овие страни е на ризик на корисникот. ХД не е одговорно за сигурноста на било кои податоци, мислења, совети или изјави на тие интернет страни. ХД ги изложува тие линкови како услуга и можност за нашите корисници. Застапеноста на вакви линкови не занчи дека ХД исклучително поддржува или препорачува некоја од овие интернет страани. ХД не презема одговорност за содржината на интернет страните.

16. Ако било кој од овие услови и обврски се нелегални, невалидни или на друг начин неважечки по било која причина под законите на некоја земја или држава во која овие услови и обврски се наменети да бидат ефективни, тогаш во границите и во рамките на правната јурисдикција во која тој услов или обврска е нелегална, невалидна или неважечка, ќе биде одвоена и избришана од овие услови и обврски и остатокот ос услови и обврски ќе опстојат, во полна сила и ефект и ќе продолжат да бидат обврзни и во сила.

17. Овие услови ќе бидат водени од и интерпретирани во согласност со законите на државата Израел.

©1997 – 2014 Helen Doron Ltd. Сите права се задржани.