Македонија
  • English teachers of childrenEnglish teachers of children
    Предавајте со нас

    Станете Хелен Дорон учител – најдобрите учители за англиски како втор јазик.

    Дознајте повеќе
 
Нашите учители се срцето на Хелен Дорон методот

Многу сме горди на нашите учители. Нивната секојдневна интеракција со учениците го оживува уникатниот Хелен Дорон метод за учење англиски како втор јазик.
Нашите учители го прават часот забавен, креативен и внесуваат љубов кон учењето во децата. Со нив како водачи, учењето англиски станува прекрасно искуство кое не само што им служи добро низ животот, туку им врежува и спомени кои ќе ги ценат засекогаш.

Хелен Дорон учителите поминуваат интензивна обука за овој метод на учење англиски. Кога ќе ја поминат стануваат дел од елитната светска мрежа на Хелен Дорон учители посветени да направат позитивна промена во образованието на нивните ученици.

Изјави на учителите

  • “Им давам на моите ученици слобода да бидат тие што се и ги фалам кога придонесуваат за часот. Тоа значи позитивната мотивација. Сум видела и срамежливи и проблематични деца како расцутуваат за време на курсот во годината со нас.”

    Paula Daunt, HDE Teacher, Berlin
  • “Бев и сум среќна што сум дел од Хелен Дорон магијата. Ако пред една година некој ми кажеше дека ќе водам сопствени ХД часови во мал, планински град со 6000 жители, веројатно немаше да му верувам.”

    Мица Пепеланова, ХД учител, Бугарија
  • „Навистина ми ја подигна самодовербата. Мојот учител беше добра личност. Многу сакав да разговарам со него како со личност, не само како со учител по англиски”

     

    Марчин Парафиник, поранешен ученик од Полска
 

 

  • Сакате да работите со деца?
  • Зборувате одлично англиски?
  • Барате независна кариера која ќе ве исполнува?

Ако одговоривте со „да“ на овие прашања, станувањето Хелен Дорон учител може да е најдобриот избор на кариера кој можете да го направите. Како Хелен Дорон учител ќе уживате флексибилно работно време, профитабилна кариера, задоволство од работата и гордоста која доаѓа од тоа што сте дел од светска мрежа на почитувани Хелен Дорон учители. Ви нудиме —

  • Докажан метод за учење англиски како втор јазик за деца на сите возрасти.
  • Речиси 30 годишно искуство во англиски како втор јазик и обука на учители
  • Повеќе насоки во кариерата: самовработен учител или вработен во училишен центар
  • An international Helen Doron English Teaching diploma for worldwide career opportunities
  • Поддршка од Главното седиште преку најдобри материјали, годишни семинари и обуки, мрежни канали и организиран информациски портал.
  • Благородна кариера и шанса да направите промена во детските животи

Бараме луѓе кои —

  • Одлично се снаоѓаат во англискиот, говорен и пишан
  • Имаат претходно искуство во предавање англиски, работа со деца или двете
  • Имаат соодветно образование


Изјави од учители

  • “Навистина ја сакам мојата работа во Хелен Дорон, можам да бидам многу креативна и весела! Ми се допаѓа кога доаѓам до нови идеи за играчки и игри, а тоа е Хелен Дорон: да се направи забавно и интересно за децата, но и да се извади најкреативното од себе.”

    Пола Дант, ХД учител во Берлин
  • Во Helen Doron научив да живеам со јазикот преку разговор и вистинска употреба на она што се учи. Marcin Parafiniuk, поранешен ученик од Полска

    Marcin Parafiniuk become a teacher
 

 

 

Не е случајност што нашите учители се најдобри во програмите за учење англиски.

Обуката ја сфаќаме МНОГУ сериозно.

Мали групи
Курсевите за обука на учители се формираат слично како и Хелен Дорон часовите. Забавни се, се држат во мали групи во одговорна и исполнителна атмосфера и се создадени да внесат радост кон учењето во оние кои се обучуваат.

Опции за курсеви
Кандидатите можат да одберат да станат Хелен Дорон учители за ран англиски (HDEE) или Хелен Дорон учители за тинејџери (HDTE), зависно од нивните предности и претходно искуство. За учителите кои успешно ќе го поминат петдневниот курс за учители за ран англиски, достапен е краток дводневен семинар за англиски за тинејџери.

Каква обука добиваат учителите?
Курсевите за ран англиски и за англиски за тинејџери се пет дена секој. Секој од нив е поделен во два дела. Првиот дел е дводневен вовед и евалуација. Кандидатите добиваат можност да погледнат одблиску во материјалите и методологијата, додека пак обучувачите ги оценуваат. После ден-два, соодветните кандидати преоѓаат во вториот дел, во кој е вклучено разбирање на методологијата, практична примена и пишани задачи.

Обучувачи за учители
Сите Хелен Дорон обучувачи за учители се професионалци со докажана способност и години искуство во предавање на единствениот Хелен Дорон метод на нови учители.

Дипломирање
Кандидатите мораат да одговорат на барањата на курсот за да дипломираат. Покрај часовите поминати на курсот, минимум еден час подготовка е потребен секоја вечер надвор од часот, да се подготват за наредниот ден. Исто така, треба да напишат и есеј од 2-3 страни за да го завршат курсот. Кандидатите мораат да поминат практична примена на методот и да достават есеј за да дипломираат.

Што понесуваат со себе дипломираните
Сите учители кои ќе го поминат курсот добиваат сетови кои вклучуваат книги, ЦДа, наставни планови, картички со слики и други помагала, како и информации за тоа како да водат бизнис со самовработување. Најважно од сѐ, добиваат диплома за Хелен Дорон учител, која им дава можност да предаваат во преку 700 Хелен Дорон училишни центри низ светот или да си отворат сопствено студио.

Видете го нашиот РАСПОРЕД НА КУРСЕВИ за следните курсеви за обука на учители низ светот.

 



Изјави на учителите

  • “I have been a Helen Doron English teacher for 7 years. . . . I knew I wanted to teach children a foreign language, but I didn’t know how. School was so rigid and boring, and in contrast, I discovered this wonderful method where children  learn just by playing and enjoying themselves. I still think it is just amazing!”

    Misha Ewell Opava, HDE Teacher, Czech Republic
  • “Helen Doron English is today the top and leading programme in the world not just because of its methodology, not just because of its materials, but because we have the TOP TEACHERS!”

    Helen Doron, Founder and CEO