Smart Chefs Рецепти: Печени компири со брокула и павлака
Како и сите родители, сигурно и вие сте пресреќни кога го гледате вашето дете како јаде здрава, домашно подготвена храна. Процесот на едукација на децата за исхраната е бавен и бара многу трпение, но резултатите имаат доживотни бенефити не само за вашето дете туку и на целата околина.
Еден од најдобрите и најкорисните начини за воведување на вашето дете во светот на здравата храна е преку самостојно подготвување. На овој начин децата ќе имаат можност да ги осознаат основите на исхраната и принципите на готвењето.
- Можеби ќе ве интересира:
Во склоп на Smart Chefs кампањата на Helen Doron Macedonia, секоја недела ќе објавуваме по еден лесен, брз и здрав рецепт кој ќе можат децата да го подготват со асистенција на своите родители. Почнуваме со рецептот како да се подготви Печен компир со брокула и кисела павлака.
Состојки:
- 4 компири;
- 1/2 кг брокула;
- 30 грама путер;
- сол и црн пипер по вкус;
- 85 грама кисела павлака.
Подготовка:
1. Боцнете ги компирите неколку пати со вилушка. Испечете ги компирите во фурна 60 минути. Извадете ги, ставете ги во длабок сад и покријте ги со фолија.
2. Во длабок сад со средна големина, измешајте ги брокулата, путерот и солта. Испечете ги 8 минути, потоа измешајте ги, па ги печете уште 8 мин.
3. Пресечете ги компирите (внимавајте на пареата). Додајте го брокула миксот заедно со павлаката и нанесете црн пипер по вкус.
Добар апетит o/ ,
Хелен Дорон тимот!