Македонија
 

Smart Chefs – Нова кампања на Helen Doron English за здрава исхрана кај децата

Helen Doron English методот е многу повеќе од учење англиски јазик. Ние често велиме дека Helen Doron English не не учи само англиски јазик, туку ние едуцираме на англиски. Затоа, овој пат подготвивме многу специјална кампања подготвена со многу љубов, која сигурно ќе ви се допадне.

sc

Тоа е кампањата Smart Chefs, која започнува денес и ќе трае месеците Октомври, Ноември и Декември. Како што и веќе претпоставивте, фокусот на оваа кампања е здравата храната.

Ние веруваме дека кујната е совршеното место да се учат вештини во забавна средина. Преку готвењето децата стекнуваат уникатно креативно, сензоричко и стимулирачко искуство. Ги осознаваат текстурите ( течно, цврсто, меко ), топло и ладно, количините и мерните единици, различните миксови, комбинации, различни вкусови и мириси,а бидејќи се готви во група се развиваат и социјалните вештини … Со еден збор незаборавно искуство кое влијае позитивно брз целосниот ран детски развој. Заради тоа, во текот на овие три месеци во сите Helen Doron English  училишни центри во Македонија ќе може да уживате во неколкуте креативни работилници со кујната како главна тема.

Во овие работилници ќе се учи за здрави навики, ќе ја охрабруваме креативноста кај децата, ќе се забавуваме, ќе ја стимулираме вашата емоционална страна… и ќе зборуваме англиски додека се забавуваме!

Helen Doron English сака да помогне децата да јадат здраво, да откријат нови вкусови и да експериментираат со нови рецепти за потоа да ги споделат дома и да се забавуваат со целата фамилија.

Нема да заборавиме на хигиената и безбедноста во кујната, како што е миењето раце, миењето на храната темелно, одржување ред во работната средина и како да бидат особено внимателни со одреден кујнски прибор.

Исто така, преку блогот на Helen Doron English Macedonia, секоја недела ќе ве известуваме за најновите вести од оваа кампања и ќе споделиме со вас идеи, рецепти, препораки кои може да ги користите дома. Дополнително од нашите социјални мрежи очекувајте многу изненадувања. Затоа, следете не!