Македонија
 

Спирално учење – Успешен пристап за учење на вашето дете (дел 1)

Helen_BLOG3

Повеќе од 2 милиони деца имаат научено англиски преку Helen Doron методот. Која е тајната на вашиот успех? Како функционира методот?

Постојат многу карактеристики на методот кои придонесуваат за неговиот успех, но ајде да се фокусираме на концептот спирално учење. Спиралното учење е релативно нов концепт во образованието. Наместо да се обидуваме да совладаме одреден предмет наеднаш, спиралното учење  нуди начин на постепено учење и повторување, подобрувајќи ги концептите со тек на време. Идејата е дека секојпат кога ученик ќе се сретне со некоја тема, ученикот го проширува своето знаење и ги подобрува своите вештини. Тоа е многу природен проецес.

spiral 1

Како спиралното учење е природен процес?

Размислете како го имате учено вашето бебе? Дали го однесовте во кујна и рековте, “Ќе седиме овде додека не го научиш целиот прибор – лажица, вилушка, маса и така натаму.” Се разбира дека не, туку го учевте преку процесот на активно учество. “Ова е твоја чаша. Што има во твојата чаша? Оо да, имаш џус во чашата. Ќе сакаш ли лажица во твојата чаша? И така натаму..”

Тоа што правите е го користете јазикот, го повторувате зборот користејќи реченици да ги потенцирате зборовите и идеите кои сакате да ги пренесете. Ова е очекуван начин на учење. Никој нема седнато во градината со своето мало дете и да каже, “Во ред, ќе учиме се за градината и нема да се вратиме внатре се додека не научиш се.” Ова не е природниот начин на учење, ние не учиме така. Ние учиме информации во контекст, учиме со тек на време и преку интиутивен начин за учење. Мојот метод учи 70% познат материјал и 30% нови идеи бидејќи децата треба да бидат запознаени со нови информации, дури и да не ги знаат добро старите информации. Многу е важно да запомнеме дека децата постојано растат и се менуваат, дури од недела до недела. Една недела за детето е сосема различна од следната недела, па затоа кога има цел месец помеѓу претставувањето идеи, може да има цел универзум разлика помеѓу тоа како детето прима нови информации и како го процесира тоа што го учи.


Во 80тите, кога јас првпат започнав да предавам англиски, само што ја креиравме English For All Children програмата. Книга 2 ги учеше децата за деловите на телото, а јас имав чувство дека една од моите групи деца на возраст од 3 до 5 години “не разбираше.” Чувствував дека не ја знаеја информацијата доволно добро, па затоа решив да ги учам со методот на дедукција за кој знаев дека сите го користат, иако не беше дел од мојата методологија или филозофија на учење. Одлучив дека класот ќе ги научи деловите на телото, имав цел арсенал активности и игри – од бинго до лото до игри на меморија и движење, криенка и слично. Завршивме со тој час и им реков на класот, “Тоа е тоа! Вие ги знаете сите делови од телото. Вие сте брилијантни! Можете да кажете “shoulders, knees, toes и многу повеќе. Вие го можете сето тоа, многу се гордеам со вас.” На мое изненадување, децата одговорија, “Но ние ништо не научивме.” Јас одговорив, “Како мислите не научивме ништо? Само што поминавме 45 минути учејќи ги деловите на телото и вие ги знаете многу добро.” Тие одговорија, “да, но ништо не научивме”. Тогаш сфатив дека тие сакаат да кажат дека не научиле ништо ново.

Учениците очекуваат да научат нешто ново. Не дека тие очекувале целосно да совладаат нов концепт. Тие можеби не ги изговараат зборот како што треба 100 пати по ред, но тие беа задоволни и знаеја дека повторно ќе се обработува материјалот наредните недели. Дел по дел, знаењето ќе стане цврсто и поврзано. Тоа е нешто како приказната за боењето ткаенина. Кога се обојува ткаенината во Индија, таа се потопува во бојата, се остава на сонце, се суши и потоа повторно се потопува во бојата додека не стане постојана. Спиралното учење е слично на тоа. Децата се изложени на информации, потоа часот завршува, тие забораваат на кратко, се враќаат, учат повторно и процесот продолжува додека тие не го совладат материјалот без проблем.