Македонија
 

Четири совети како полесно да ги научите вашите деца да читаат

Helen_BLOG3

Денешното прашање: Како можат родителите да ги научат своите деца да читат?
Helen Doron одговара: Сега е широко прифатено дека колку повеќе јазик знае вашето дете пред да почне да чита, толку подобри ќе бидат неговите способности за читање. Подобри способности за читање значи поголеми успеси во училиште. Истражување на Оксфорд Универзитетот докажа дека децата на кои им се читани детски песни, не само што подобро читаат, туку и во целост, подобро учат јазик. Зошто? Фонетичката структура на јазикот има оставено белег на нив. Ритамот и чувството на јазик им овозможува да читаат подобро на возраст од 4 до 5 години за разлика од другите. Се разбира, сите родители го сакаат тоа за нивните деца, но можеби не знаат како или кога да го воведете читањето. Па како да го научите вашето дете да чита?

Совет 1: Зборувајте пред да читате. Усмениот јазик, кој вклучува слушање и зборување, е основата врз која читањето и пишувањето се изградени. Децата треба да се способни да разбираат зборови пред да можат да ги изговараат и да ги користат. Разговарањето со вашето дете, заедничкото читање, раскажување приказни и именување предмети ќе развие речник кај детето и ќе ја зацврсти способноста потребна за читање.

Совет 2: Заљубување во книгите. Вашето дете треба да сака да учи да чита. Тоа треба да се заљуби во книгите. Најдобриот начин за вродување на љубовта кон книгите е преку моделирање на однесувањето и читање на вашето дете. Покажете му на вашето дете дека ги цените книгите и дека уживате во читањето. Вашето природно воодушевување и ентузијазам ќе биде заразно. Ова ќе остави впечаток како позитивна импресија и може да го мотивира вашето дете да почне да чита.

read
Совет 3: Нека биде природно. Откако вашето дете ќе биде мотивирано да почне да учи да чита, му треба вистинскиот систем за учење. Постојат два основни системи на читање: учење звуци и учење цели зборови. Кои моите сопствени деца учеа да читат, системот во Велика Британија беше да се учат цели зборови на возраст од четири години. Постоеа комплетни шеми на читање кои почнуваа со многу едноставни зборови/идеи кои би била основата на целата книга, како “куќа”. Книгата содржи слики или цртежи од куќи и детето ќе го види зборот “куќа”. Приказната може да содржи “мама” или “тато” па следната книга би била за “тато во куќата”, потоа “мама во куќата”. Во таа насока, детето ќе почне да ги препознава целите зборови и да ги поврзува со концептите. Која е предноста на овој систем? Природен е. За деца на возраст од 4 до 5 години, концептот на звуци е мошне апстрактен. Тие најчесто не се сеуште спремни за овој сиситем. Јас мислам дека е подобро да се остават децата да учат да читаат на поприроден начин, со зборови и идеи познати на нив.
Звуците, или звучно читање многу природно го следи целиот зборовен систем. До втората година на училиште, 80% од овие деца ќе го имаат анализирано звучниот систем самите и природно ќе го почнат процесот на изговарање букви и звуци. Другите 20% од децата кои не го почнуваат овој процес, учителите ќе работат со нив и процесот ќе се развие и кај нив.
Јас силно верувам во спојувањето на овие два системи заедно. Многу јазични експерти го имаат истото мислење дека учењето на читање треба да биде пристап кој е комбинација од цели зборови и звуци, во зависност од возраста и стратегиите на учење кај детето.

Совет 4: Читањето нека биде забавно. Како научник по лингвистика јасно е дека имам силен интерес во креирањето успешни методи за учење на децата да зборуваат, читаат и пишуваат англиски. Имам развиено неколку системи на читање и најновиот и возбудлив додаток е нова програма за учење на читање користејќи ја Helen Doron Read апликацијата на Google Play и App Store. Апликацијата е уникатна компилација од 32 интерактивни книги кои го следат детето од неговите први неколку зборови до читање цели реченици.
Книгите почнуваат со претставување на зборовите “cat” “rat” “bat”. Се е направено многу едноставно и интерактивно. Сликите оживуваат и децата ги гледаат сликите и ги слушаат буквата и зборот како звучат заедно. Апликацијата е целосен систем; речникот на детето се развива постепено и природно па до 4тата книга во секоја серија, детето е способно да се снима себеси читајќи приказна од зборовите што ги има научено, на глас. Програмата започнува многу едноставно и постепено вклучува познати и понапредни приказни како Црвенкапа и Пинокио. Тие всушност читат доста комплицирани зборови. Убавината на оваа апликација е функционира и со децата кои англискиот им е мајчин јазик и децата кои англискиот им е втор јазик.

Ова е нешто со што родителите можат да ги запознаат нивните деца за да им дадат ран почеток или може да биде помош при учењето јазик во училиште, а исто може да им помогне на децата кои имаат заостанато со материјалите и им треба дополнителна помош. Оваа апликација е уникатна, создадена со љубов, внимание, способности и лингвистично знаење. Децата учат да читаат со нивно темпо кога нив им одговара.
Запомнете, никогаш не е премногу рано да се започне со читање на вашето дете и да ги научите да ги сакаат книгите. Читањето треба да биде забавно и тоа е подарок кој нешто ќе расте со вашето дете во текот на целиот живот.