Македонија
 

Шест совети како да го подобрите мозочниот развој кај вашето дете

brain

Вашето мало дете учи брзо со брзината на светлината – од раѓање до три годишна возраст – создаваат 700 нови невронски врски секоја секунда! Може да му помогнете нему да го достигне својот потенцијал бидејќи брзината на развој на нивниот мозок зависи од многу фактори, вкулучувајќи ги детските врски, доживувања и околината – всушност најважниот фактор за поттикнување на моќта на мозокот кај вашето бебе сте вие!

Човечкиот мозок почнува да се развива многу рано за време на бременоста (по само три недели од зачнувањето), но на многу начини, развојот на мозокот е доживотен проект. Тоа е затоа што истите настани што го обликуваат мозокот за време на развојот се исто така одговорни за зачувување информации, вклучително со нови вештини и сеќавања, во текот на сечиј живот. Главната разлика помеѓу развој на мозокот кај дете наспроти кај возрасен е во степенот: мозокот е далеку пофлексибилен во раните години отколку подоцна во животот. Ова има и позитивна и негативна страна. На позитивната страна, ова значи дека мозоците кај малите деца се многу поотворени за учење и попримување влијанија. На негативната страна, ова значи дека мозоците кај малите деца се посклони на проблеми со развојот ако се израснати на начин кој не ги негува и поддржува нив.hde_blog_6-ways-to-enhance_image_25-10-16

Овие шест совети може да ви помогнат да се осигурите дека го правите најдоброто за поттикнување на развојот на мозокот кај вашите деца:

Совет 1: ВЕРУВАЈТЕ ИМ НА СВОИТЕ ИНСТИНКТИ

Совети за новите родители прелетуваат од секој агол на интернетот, магазини, блогови и пријатели и роднини кои мислат добро, може да биде тешко да се одвојат корисните информации од измислиците. Добрите вести се, тоа што вие чувствувате дека е добро за вас и вашето бебе, најчесто и е. Се разбира дека треба да читат колку што можете повеќе и да се консултирате со другите е корисно, но не заборавајте да го слушате вашиот внатрешен глас. Понекогаш најдобриот совет за родители е “следете го вашето срце и правете што функционира за вашата фамилија.”

Совет 2: МИЛУВАЈТЕ И ГУШКАЈТЕ ГО ВАШЕТО ДЕТЕ

Повеќето родители обожаваат милување со нивните бебиња, но може да изгледа дека децата по одредена возраст не им треба гушкање и милување. Погрешно! Гушкањето е МНОГУ корисно не само кај децата, туку и кај луѓето во целост. Неколку истражувања потврдуваат дека милувањето и гушкањето на вашите деца не само што е задоволувачки за вас и вашето дете, туку може да придонесе и за посреќни, поздрави, пољубопитни деца со поголеми и поразвиени мозоци!


Можеби ќе ве интересира:


Совет 3: ПЕЈТЕ

Вашето дете не прави разлика дали вие може или не можете да одржите ритам, затоа најважно е вие да му пеете. Може да си измислувате ваши зборови и звуци или да пеете песнички од вашето детство или од радио, може да пеете за тоа што работите моментално, каде одите денес – само пејте! Ќе се забавување, вашето дете ќе го обожава тоа, со што помагате младиот мозок да се развива побрзо.

Совет 4: ДВИЖЕТЕ СЕ И ИГРАЈТЕ СИ

Играјте си, бидете смешни и движете се со вашето бебе! Активностите со движење го поттикнуваат развојот на вашето дете во сите области, вклучувајќи ги социјално-емоционалните вештини како самодоверба и соработка. Мозокот обожава вежби и движење, затоа овој начин на стимулација е многу важен бидејќи децата треба да се движат за да учат!

Совет 5: ПОМОГНЕТЕ МУ НА ВАШЕТО ДЕТЕ ДА НАУЧИ ДРУГ ЈАЗИК

Изненадени сте? Не постои ништо покомплицирано од учењето нови јазици, а бебињата се програмирани да ги абсорбираат другите јазици како дополнување на нивниот мајчин јазик. Изложувањето на децата на странски јазици на конзистентен и забавен начин додека се многу мали ги подготвува за доживотно учење, овозможувајќи им  основа за развивање на нивните мозоци. Дури и да не знаете дополнителни јазици, пеејќи им на децата на други јазици помага! На пример, Multi-Music програмата во Helen Doron градинките нуди песни на ШЕСТ јазици.

Совет 6: ПОЗИТИВНО ПОТТИКНУВАЊЕ

Стигнавте до последниот начин како да влијаете на развојот на мозокот на вашето бебе… одлично! Вршите одлична работа како и вашето дете. На сите нам ни треба пофалба и одобрување, а вашето бебе не е ништо поразлично. Фокусирајте се на тоа што тоа го прави како што треба и пофалете го, по што тој ќе направи пак така. Ваквиот начин на одобрување на нивниот развој е основата врз која ќе се гради знаење во текот на целиот живот. Продолжете со добрата работа.


  • Доколку сакате да добивате поучни статии за развојот на децата, билингвализам и совети за учење јазик, внесете го вашиот email во празното поле.