Македонија
 

Smart Chefs Halloween Special: Подгответе Тикви со Путер од Кикиритки

Овој пост е дел од серијата постови поврзана со нашата Smart Chefs кампања за едукација на децата за здравата исхрана и вовед во стекнувањето на здрави навики.

Овој пост е дел од серијата постови поврзана со нашата Smart Chefs кампања за едукација на децата за здравата исхрана и вовед во стекнувањето на здрави навики.

Готвењето со вашите деца е исклучително важно за меѓусебното поврзување и поставување основа за доживотен правилен однос кон храната. Освен учењето на принципите на готвење, имате одлична можност за забава и моменти за паметење со вашите деца.

Halloween е период од година кој асоцира на маски, забави и секако, интересни колачиња. Тоа е делот кој најмногу ги радува децата, нели? Ова е вистинскиот момент за готвење заедно со вашите деца, особено заради тоа што тие се пресреќни кога станува збор за Halloween колачиња.

Во склоп на Smart Chefs кампањата на Helen Doron Macedonia, споделуваме еден брз и лесен рецепт за деца кој ќе биде интересен како за децата така и за родителите.


Погледнете ги другите објави од Smart Chefs кампањата:


Состојки:

  • 125 грама путер
  • 375 грама путер од кикиритки
  • 500 грама пире од тиква
  • Една лажица густин
  • Две супени лажици мед
  • Зелена паста за декорација

Подготовка:

-Најпрво испечете ја тиквата, потоа со лажица одвојте ја кората, потоа префрлете ја цела смеса во длабок сад и со блендер измешајте ја. Додадете го путерот и повторно измешајте.

-Додадете го путерот од кикиритки и 2 супени лажици мед, па измешајте ги заедно. Потоа додадете 1 супена лажица густин и измешајте додека не се добие хомогена смеса.

-Обликувајте ја смесата во мали топчиња во форма на тикви; направете вдлабнатини на тиквите со чачкалици;

-Додадете малку од зелената паста за декорација на врвот на секоја тиква како дршка.

-Ставете ги во фрижидер, по желба, за да се стврднат тиквите.

Сервирајте ги на голема чинија заедно со други Halloween декоративни колачиња, по желба; исто така добро изгледаат врз мафин.

 

Пријатно готвење o/

Helen Doron Macedonia Тимот


  • Доколку сакате да добивате поучни статии за развојот на децата, билингвализам и совети за учење јазик, внесете го вашиот email во празното поле.