Македонија
 

Smart Chefs: Како може децата да помагаат во кујна во зависност од нивната возраст

За бенефитите од готвењето со вашите деца веќе пишувавме во еден од нашите претходни блог постови, каде наброивме 5 за кои сметаме дека имаат особено значење за понатамошниот развој кај децата, а тоа се: подобрувањето на математичките способности, комуникациски вештини, зголемување на самодовербата, подобро разбирање и децата го јадат тоа што го готват.

Како втор аспект од вклучувањето на децата во готвењето е – како и со што може да помагаат тие во кујната. За таа цел направивме една листа на активности во кујната во зависност од возраста на децата.

Заради тоа што сите деца се развиваат со различно темпо, најдобро е да се разграничат активностите што тие може да ги извршуваат.

0 – 18 месеци

За време на оваа возраст, најдобриот начин за да ги воведете вашите деца во готвењето е да им овозможите само да набљудуваат.

Донесете ги во кујната додека готвите. Сместете ги на сигурно место и дајте им големи алатки за готвење како – дрвени лажици, маталки, шпатули, големи пластични садеви и слично. Зборувајте им што правите додека готвите, дозволете им да ги мирисаат состојките.

18 месеци до 3 години

Некаде околу 18тиот месец (што поблиску до 2 годишна гозраст) децата се подготвени да извршуваат едноставни задачи како:

  • Да дотураат суви или течни состојки во сад;
  • Да мијат овошје и зеленчук;
  • Да мијат и бришат компири;
  • Да кинат зелените зеленчуци на парчиња;
  • Да нанесат сол или црн пипер;
  • Да наместат приборот во машината за садеви.

Разбирливо е дека ќе биде потребно многу внимание и инструкции од ваша страна, но шансите се дека децата ќе уживаат додека помагаат.

4 до 5 години

Децата кои се на предшколска возраст посветуваат многу време за вежбање на нивните моторни вештини, затоа ова е добро време да им дадете малку подетална работа, но сепак ќе биде потребна многу помош и надгледување. Тие ќе можат:

  • Да сечат помека храна со пластичен нож;
  • Да месат тесто за леб или пица;
  • Да цедат лимони или портокали;
  • Да намачкат путер и џем;
  • Да наместат тајмер;
  • Да излупат сварени јајца;
  • Да ја наместата масата за јадење;
  • Да дополнат сапун во машината за садеве и да претиснат “Start”.

6 до 9 години

На оваа возраст, децата веќе ја имаат научено основата на готвењето и се подготвени за посложени задачи. (Иако само родителите ќе знаат кога нивното дете е подготвено за Големите 3: ножеви за возрасни, фурната и ринглите – целосно сами.)

Бидејќи децата веќе читаат на оваа возраст, добро е да читаат рецепти на глас. Исто така, ова е идеално време за да се обидат сами да подготват некој рецепт.

Погледнете ги нашите рецепти од Smart Chefs кампањата:

Дополнително, децата ќе можат исто така:

  • Да готват заедно со вас на ринглата;
  • Да користат отварач на конзерви;
  • Да лупат овошје или зеленчук;
  • Да рендат кашкавал и сирење;
  • Да изматат слатка павлака;
  • Да сечат парчиња леб;
  • Да ја полнат и да ја празнат машината за садеви.

Запомнете: Секое дете е различно, што значи овие активности може да им бидат многу лесни или многу тешки. Вие најдобро си го занете вашето дете!


  • Доколку сакате да добивате поучни статии за развојот на децата, билингвализам и совети за учење јазик, внесете го вашиот email во празното поле.