Македонија
 

Smart Chefs: Како вашето дете да ги добие потребните витамини преку исхраната

zdr

Овој пост е дел од серијата постови поврзана со нашата Smart Chefs кампања за едукација на децата за здравата исхрана и вовед во стекнувањето на здрави навики.

Со хаотичноста на секојдневниот живот, доста лесно може да изумимеколку е важна исхраната за нашите деца. Како родители, сите ние сакаме да им овозможиме на нашите деца најдобар почетен старт во животот, по што често се наоѓаме во ситуација да се прашуваме самите себеси и најблиските околу нас, “како моето дете да ги добие потребните витамини преку исхраната?”

За да се осигуриме дека децата ги добиваат потребните витамини, минерали и други хранливи состојки, важно е тие да јадат широк спектар на здрава храна од сите различни групи на храна. Како основно правило, децата треба да јадат многу овошје и зеленчук, житни производи (како кафеав ориз, интегрален леб и интегрални тестенини), грав и леќа, средни количини на чисто месо, риба, ореви и млечни производи (сирење, кашкавал, јогурт, млеко) и повремена консумација на бисквити, лижавчиња и чоколадо.

И покрај сите потешкотии со денешните обврски и се пополнетиот дневен распоред, постојат неколку принципи кои сите ние како родители треба да ги следиме со цел да им обезбедиме на нашите деца здрава исхрана преку која ќе го добиваат потребното количество витамини.

“Крушата под круша паѓа.. Ако поставите добар пример за тоа што вие јадете, шансите се дека вашите деца ќе го прават истото.”

1. Бидете трпеливи, не форсирајте

Како за почеток, родителите треба да го прифатат фактот дека резултати со исхраната кај децата не се веднаш видливи. Не треба да правите голема работа од секој животен стил што го воведувате – подобро е да воведете нова храна без некои специјални коментари и да покажете колку вие уживате да ја јадете.

 2. Бидете сигурни дека добрата храна ви е достапна

Наполнете ја кошницата со овошје, испразнете ја фиоката со грицки и слатки, погрижете се во плакарот да држите само најпотребната и најздравата храна.

3. Ужинките не мора да значи дека се нездрави

Доколку јадете бисквит со шолја чај, размислете за алтернативите како интегрални грицки или крекери со кашкавал.

4. Бидете позитивни и упорни

Фокусирајте се на уживање во поздравите избори на храна, а не на жалење за нездравата храна. Клучно овде е да се обидете да бидете упорни со нив – може да треба 10 пати да повторите пред да успеете. Колку почесто децата можат да вкусат здрава храна, толку е поголема веројатноста дека тие го јадат тоа, но ќе преговараат за компромис сигурно, бидејќи тоа е исто начин за проектирање здрав пристап.

5. Ценете го секој мал чекор

Воведувањето било какви промени во исхраната на вашата фамилија може често да предизвика проблеми, затоа обидете се со чекор по чекор приспособување. На пример, заменете конзервирана риба со свежо парче риба, сервирано со грав и компирчиња. Секој здрав избор е чекор кон посакуваната дестинација.


  • Доколку сакате да добивате поучни статии за развојот на децата, билингвализам и совети за учење јазик, внесете го вашиот email во празното поле.