Македонија
 

Smart Chefs: Гответе со вашите деца и создадете незаборавни моменти во вашиот дом

ha

Готвењето е особено забавна активност доколку го правите заедно со фамилијата и може да биде многу значајно за зацврстување на врските и градењето доверба.

Повеќето деца имаат фази за време на детството каде печењето и готвењето е многу интересно и забавно. Оваа природна љубопитност нуди одлична шанса за родителите да ги научат на многу важна животна лекција – уметноста и науката при готвењето.

Готвењето со вашите деца не е само обична подготовка на храна, тоа е многу подлабок и посложен процес на учење математика, подобрување на комуникацијата и зголемување на самодовербата. Исто така, готвењето е доживотна вештина која им помага на децата да ја препознаат добрата и здравата храна од лошата. Сето ова има огромно влијание врз понатамошниот живот на децата.


Погледнете ги другите објави од Smart Chefs кампањата:


Smart Chefs кампањата на Helen Doron Macedonia се фокусира токму на тоа, да ги научиме децата како да направат здрави избори кога станува збор за храната. Бенефитите од готвењето заедно со вашите деца се многубројни, а овде ќе наброиме пет кои сметаме дека имаат особено значење врз понатамошниот развој на децата:

1 .Подобрување на математичките способности

Кога подготвуваме некој рецепт, често се случува да треба да искористиме некои математички вештини за додавање/одзимање состојки, преполување (делење), множење и други математички пресметки. Убавината е што децата најчесто не ни препознаваат дека учат и вежбат математика на тој начин.

2. Комуникациски вештини

Опуштената атмосфера во кујната нуди одлична можност за разговарање со вашите деца за било што. Родителите можат да ја искористат оваа шанса, особено со малку поголемите деца и тинејџерите бидејќи комуникацијата е основен елемент во процесот на растење деца.

3. Зголемување на самодовербата

Готвењето им овозможува на децата да добијат инстантни повратни информации, што им помага да учат и вежбат само-запознавање. Учењето нова вештина, како печење и готвење, е познато дека им помага на децата во училиште со што тие добиваат здрава слика за својата самодоверба.

4. Подобро разбирање

Читањето и сфаќањето чекор-по-чекор насоки, додавање состојки во секвенца и техники како поклопување и блендирање, се многу важни елементи за подготвување на рецептот. На овој начин децата може да ги вежбаат своите вештини за читање и изговарање.

5. Децата го јадат тоа што го готват

Има ли нешто позабавно од јадење на вашиот уметнички и кулинарски проект? Готвењето создава чувство на сопственост. Кога децата помагаат во кујна се намалуваат битките околу јадење и нејадење со што се зголемува желбата да јадат нова и здрава храна.


  • Доколку сакате да добивате поучни статии за развојот на децата, билингвализам и совети за учење јазик, внесете го вашиот email во празното поле.