Македонија
 

Шест начини како да му овозможите на вашето дете почетна предност

Дали знаевте дека децата учат уште додека се во утробата? Стимулирањето на вашето сеуште неродено дете со музика и зборување според истражувањата помага децата да станат попаметни, талентирани и подобро адаптирани. Акцентот овде е на раната стимулација, која му помага на мозокот да развие повеќе невронски канали, со што се подобрува когнитивната функција како што детето расте. Многу родители ја искористуваат предноста од оваа ново откритие за развојот на мозокот кај бебињата и инвестираат време и труд за да ги стимулираат мозоците на нивните деца. И вие можете. Еве како.

 

Совет 1: Песнички, ритмови и рими

Не треба да имате глас на поп ѕвезда за да пеете на вашето дете. Тоа што е важно е врската која се создава помеѓу вас. Држете, лулете или нишајте го вашето дете додека му пеете детска песна. Нека пеењето биде дел од вашата рутина пред спиење. Ќе откриете дека оваа смирувачка активност пред спиење помага да се создадат цврсти, емоционални врски со вашето дете. Пејте му на вашето дете додека играте игри или возите во кола. Песните за деца не само што се забавни, туку и претставуваат рими кои го подобруваат јазичниот и кинаестетичкиот развој. Колку повеќе децата се изложени на детски песнички, толку повеќе ќе се свесни за зборовите од кои тие се составени. Големата фонетичка свесност кај децата значи подобри вештини за читање во понатамошните години.

Совет 2: Дај ми знак

Дали некогаш ви се случило да сакате да пренесете идеја на некого со кого не зборувате на истиот јазик? По одредено време, вие почнувате да ги користите вашите раце. Користењето на јазикот за глувонеми е брз и лесен начин како да пренесете едноставна порака некому. Неодамна, учењето предвербален основен јазик за глувонеми кај децата почна многу да се прифаќа. Бидејќи секое мало дете ги развива мускулите на неговите раце пред да ги развие мускулите потребни за зборување, едноставните знаци му овозможуваат тоа да ги комуницира основните потреби, ја намалува фрустрацијата и нервозата и го подготвува детето за понатамошна комуникација. Идејата е да започне комункацијата што е можно порано. Истражувањата покажале дека бебињата кои го научиле јазикот на знаци, се подобри на тестовите во училиште од нивните врсници, дури и по второ одделение. Не можете да го кажете? Дај ми знак!

Совет 3:  Ајде во лулашката

Дали некогаш сте се запрашале зошто децата обожаваат лулашки, клацкалки и ролер-костери? Не е ништо чудно.

Првиот сензорен систем кој целосно се развива за шест месеци по концепцијата е вестибуларниот систем, кој е одоговрен за балансот и координацијата. Вестибуларниот систем функионира како полицаец сообраќаец, насочувајќи ја секоја стимулација каде и кога треба да оди и да запре. Еден од главните начини за стимулирање на вестибуларниот систем е со нишање или клацкање на вашето дете. Тоа е многу важна вештина за преживување за бебињата – поради што најобичното клацкање на мала возраст често ги смирува. Превртувањето на вашето дете наопаку (полека, полека) и подигнувајќи ги неговите нозе од земјата исто така го стимулира овој витален систем. Колку повеќе стимулација добива, толку побрзи ќе се развијат физичките способности кај детето.

Совет 4: Родени да бројат

Броењето рими и песни го зајакнува природното чувство за квантитет кај детето. Познато е дека децата се раѓаат со математички мозоци. Мозокот на вашето дете е поврзан за математика. Тоа е така затоа што овие области треба да бидат стимулирани што е можно порано за да се осигури дека вашето дете инстинктивно ќе разбере и ќе поврзува математички проблеми во иднина. Истражувањата со новороденчињата и бебињата покажуваат дека тие можат да направат разлика помеѓу број на објекти, тие имаат аритматички очекувања и силно реагираат на експерименти во кои исходите се аритматички невозможни. Барајте можности да броете со вашето дете. Ќе откриете дека броењето и други аспекти на математиката се неразделиви во многу ден-за-ден ситуации. Барајте ги нив и помогнете му на вашето дете да ги развие – дали ќе готвите, играте игри, или правите прошетка. Стимулирањето на математичките мозоци кај децата кога се сеуште бебиња ги подготвува за понатамошно учење.

Совет 5: Еден прст, еден палец, еден показалец

Играењето со прстињата на бебињата секогаш изгледа дека ги забавува, но тоа не е само забавно за нив. Стимулирањето на прстите на рацете и нозете е многу важно за мозокот и физичкиот развој. Како што бебињата учат да ги користат прстите повеќе и повеќе, моторичните и когнитивните вештини се подобруваат. Песнички и игри во кои децата ги вежбаат рацете и стапалата во накрст движења се исто така многу важни. Зошто? Бидејќи прекрстувањето на телото на пол пат ги охрабрува невролошките подготовки за учење преку координирање на двете мозочни хемисфери. Оваа едноставна вежба се смета дека ја олеснува способноста да се пренесува информација преку невронските влакна кои ги поврзуваат двете хемисфери на мозокот и помагаат при учењето во училиште. Корисно е и за лазење, пешачење и физичка спретност како и понатамошни вештини како спелување, пишување, слушање, читање и разбирање.

Совет 6: Читај ми приказна

Децата обожаваат да слушат иста приказна – изгледа дека тие никогаш не им се здосадува да ги слушат нивните омилени приказни повторно и повторно. Повторувањето има бенефити, бидејќи им помага активно да се вклучат во приказната. Тие претпоставуваат што следува и се приклучуваат ентузијастички. Користете знаци со телото кога му читате приказни на вашето дете. Ќе откриете дека вашето дете најчесто ќе ја одбере приказната што ја сака, пеејќи ги ликовите од многу саканата приказна. Читањето не само што е пријатна активност, туку е многу важно за развојот на писменост и ги подготвува децата за училиште. Одвојте време во вашата рутина да му читате на вашето дете најмалку 20 минути секој ден. Пред се, уживајте во тоа! Со хранењето на љубов за читање на вашето дете му овозможуват подарок кој ќе трае цел живот.

За повеќе начини како да му овозможите почетна предноста на вашето дете, посетете HelenDoron Училишен Центар близу вас.