Македонија
 

Предностите на билингвизмот од најрана возраст

Јазикот е важен во развојот на сите особено на децата за што е и ова размислување на еднa тинејџерка од САД. Нејзиниот став поткрепен со многу позитивни примери за тоа што значи да се биде билингвален уште од раното детство е неверојатен, концизен и многу точен, а нуди и решение кое би било практично и многу делотворно. Предлогот за воведување на втор јазик многу порано подробно го образложува во есеј со научни факти, лично искуство и убави предвидувања за двојазичноста и долгорочните придобивките кај луѓето што би биле билингвални уште од рана возраст.

Tинејџерски есеј: Придобивките од учење странски јазик од рана возраст
Дали знаевте дека постојат околу 6500 јазици во нашиот свет? За жал само 20 проценти од Американците зборуваат на друг јазик освен англискиот, но мислам дека постои решение за тоа. Во изминатите неколку години забележав дека во многу училишта во САД, вклучувајќи го и моето, учениците не започнуваат со учење на друг јазик сè до седмо и осмо одделение. Ќе беше од неверојатно корисно значење доколку се издвоеја повеќе средства за стекување со знаење по двојазични програми наместо само учениците да учат граматика. Најлесниот пат некој да стане билигвален е да започне на многу рана возраст, бидејќи тогаш мозокот ги апсорбира звуците и правилата на новиот јазик природно како мајчиниот јазик. Колку што старееш толку потешко ќе биде да го научиш јазикот затоа што ќе треба да ги учиш граматичките правила, но и да работиш на твојот веќе образовен прв јазик. Некои луѓе мислат дека за детето постои место само за еден јазик и дека учењето на втор јазик може да биде збунувачко за него. Ова не е точно и всушност во некои места, како Швајцарија, има ученици што научиле и до два дополнителни јазици, а додека да матурираат многу од нив стануваат трилингвални. Новиот јазик е едно од највредните искуства за секого, а многу по значаен е во рана возраст.
“Во првите три години од животот се поставуваат основите за разликување, јазик, визии, однесување, вештини и други карактеристики. Би било штета да не се употреби природната способнист на детето да учи за време на неговите или нејзините највитални години кога учењето на втор јазик е лесно колку и учењето на првиот”- вели Роналд Котулак автор на “Inside the Brain”.
Некои од клучните придобивки на билингавалните деца споредено со монилингалните е тоа дека се подобрува меморијата, фокусот кај детето, планирањето и вештините за извршување на повеќе задачи. Децата исто така можат полесно да ги игнорираат пречките, затоа што делот од нивниот мозок наречен”извршна функција” е појак кај билигвалните и заради ова се во предност кога станува збор за нивното академско претставување во училницата.
Вториот јазик може да помогне кога се патува. Одморите во странските држави би биле попријатни, а луѓето би ги отвориле своите умови за различните култури во светот.
Мојата мајка и мојот татко течно зборуваат италијански и англиски па затоа знам како е да бидеш во близина со некој билигвален. Пред неколку години со моето семејство ја посетивме Италија каде живеат повеќето наши роднини. Тоа беше неверојатно искуство, но по малку се чувствував како да не ми е местото таму поради недоволното знаење на јазикот. Сега размислувам колку поразлично ќе беше патувањето ако можев да комуницирам подобро. Секојдневните активности како слушањето на локална музика, гледањето филм или само пиење кафе не ќе беше тешко ако знаев италијански.
Билингвизмот на млада возраст исто така води кон долгорочни предности, како што се запишување во добар колеџ и поголем избор во бирење на кариера. Вториот или третиот јазик може видно да ги зголеми шансите за влегување во понапредна академска институција. Важно е да се покаже способност, а и предност во споредба со другите со извршување на основните јазични барања пред другите студенти. Како што сè повеќе се глобилизира светот знаењето на странски јазик во бизнисот е исто така значително важно и неопходно. На пример, некој кој зборува англиски има предност во комуниција со луѓе од многу други држави во светот.При пријавување за ново работно место компаниите секако ќе го имаат ова во предвид. Ако училиштата подучуваат јазици од градинка до средно училиште повеќе ученици ќе имаат можност да продолжат на колеџ и да имаат успешни кариери. Луѓето треба да сфатат колку големо влијание има странскиот јазик и колку истиот може да го смени животот. Низ годините, нашиот свет воспостави напредна технологија со чија помош може полесно да се учи за културите и јазиците кои се зборуваат. Учениците треба да почнат да го користат ова како предност. Прекрасните 6.500 јазици што ги имаме во светот се подарок и се овде за ние да ги користиме.