Македонија
 

Зошто позитивното поттикнување ја зацврстува самодовербата кај вашето дете

Децата не се родени со “Ракувајте внимателно” ознака, но треба да бидат. Од нивните најрани денови, што им кажувате и како им кажувате има огромно влијание врз нив. Што е позитивното поттикнување и како може да го искористите за да ги охрабрите вашите деца да ја изградат својата самодоверба?

“Добро го направи тоа.” “Ми се допаѓа тоа што го правиш.” Овие зборови за позитивно поттикнување предизвикуваат добри чувства кај децата – зголемувајќи ја самодовербата и помагајќи им да ја оформат сликата за себе. Кога ќе го покажете вашето одобрување и кажете, “Одлично, браво!” децата разбираат од вашиот тон или од вашите зборови дека вие одобрувате. Независно дали се една недела, месец, година или 10 години на возраст, децата одговараат на одобрувања.

Од друга страна, децата кои пораснале во многу критикувачка средина ќе имаат погрешна слика за себе. Тоа е доживотно. Неверојатно е колку е тешко да се обнови сликата за себе. Ако децата не се чувствуваат прифатени за такви какви што се, тие чувствуваат дека треба да кријат делови од себе, делови од нивниот карактер или нивниот идентитет, или начинот на кој реагираат. Истражувањата покажале дека кога децата не се чувствуваат “доволно добро”, тие достигнуваат помалку.


Можеби ќе ве интересира:


Др. Глен Доман од Институтот за Достигнувања на Човечкиот Потенцијал (ИДЧП) го истражува огромното влијание што поттикнувањето може да го има кај децата. Фамилии доаѓаат во ИДЧП заради неговата предводничка работа со развојот на детскиот мозок и програми со цел да помогне на мозочно-оштетени деца. Една од основните задачи за оценување на развојот што ги прави ИДЧП е децата да дофатат предмет што е на повисоко од нив. Еден дел од родителите го подигнуваат своето дете и тоа може да го дофати предметот многу кратко – помалку од секунда. Родителите велат, “Мило мое.. злато мое”. Детето тоа го слуша како, “Тоа е најдоброто што го можеш?” Споредете го ова со другиот дел на родители кои го подигнуваат детето да го дофати предметот исто толку кратко, но овие родители велат, “Браво! Го направи тоа многу добро!” Детето го прима тоа како, “Во ред, ќе го направам тоа повторно!”. Последиците се огромни.

Позитивното поттикнување може да го зацврсти доброто однесување или некојa активност кон која сакате да го насочите нивното внимание. Можеби тие покажуваат неприкладно однесување, како подбутнување друго дете. Правата реакција овде би било да речете, “Не треба така да се однесуваш и ние нема да прифатиме такво однесување од тебе повторно.” Потоа покажете им го правиот начин и објаснете им го правилното однесување. Сега може да прашате, “Дали разбираш?” Кога ќе одговорат со “Да,” тогаш може да продолжите со, “Браво, така треба.” и зајакнете го нивното позитивно однесување.

Можете да го користите позитивното поттикнување кога ги учите децата за азбуката или посложени зборови. Кога ќе им покажете слика од глувче и тие одговорат “мачкa,” вие треба да одговорите, “Тоа е глувче.” Потоа, кога тие ќе одговорат со “глувче”, можете да кажете, “Да, тоа е глувче! Браво!.” Децата ќе заборават дека прво одговориле погрешно, бидејќи вие сте дале точен одговор и сте понудиле позитивно поттикнување.

Дали се соочувате со неприкладно однесување или неточен одговор, важно е да им се покаже на децата кој е правилниот начин, да се добие нивно согласување и да ги пофалите кога ќе одговорат точно. Најважно е да имате позитивен став во вашите интеракции и да користите често повторување за да ја пренесете пораката.