Македонија
 

Најчести грешки при учење странски јазик

Мит е дека интелигентните луѓе се подобри во учењето јазици. Повеќето вештини за учење на јазик, сепак, се всушност навики, кои може да се формираат преку малку дисциплина и самосвест. Еве ги петте најчести грешки јазик кои учениците ги прават – и како да ги поправите…

1. Недоволно слушање
Едно училиште за лингвистика верува дека учењето на јазик започнува со т.н “тивок период”. Исто како што бебињата учат да произвуваат јазик преку слушање и повторување на звуци, учениците на јазик мораат да вежбаат слушање со цел да научат. Слушањето е комуникативна вештина која се користи најмногу во секојдневниот живот, но сепак тоа може да биде тешко за вежбање, освен ако живеете во некоја странска земја или посетувате забрзан курс . Решение? Најдете музика. Тоа нека биде музика која што се емитува на дигитални медиуми, ТВ емисии и филмови на јазикот којшто сакате да го научите, и слушајте, слушајте, слушајте, што е можно почесто.

2. Недостаток на љубопитство
Во учењето јазици ставот може да биде клучен фактор за тоа како еден студент напредува. Оној ученик кој е заинтересиран за културата на јазикот којшто го учи, ќе биде поуспешен во своите јазични студии. Јазикот ќе биде по приемчив за културолошки -љубопитните студенти кои се поотворени за формирање односи со родените говорители.

3. Ограничено размислување
Лингвистите откриле дека студентите со ниска толеранција за двосмисленост, може да имаат проблеми при учењето јазик додека не се постигне флуентност како во јазикот на родените говорители. Оној тип на ученик кој гледа нов збор и посегнува по речникот наместо да го погоди значењето на зборот од контекстот, може да се чувствува стресно или дезориентирано. Тие би можеле да се откажат од јазичните студии од чиста фрустрација. Овој начин на размислување е тежок да се премости, но мали вежби може да помогнат. Најдете песна или текст на јазикот којшто сакате да го научите и вежбајте да ја сфатите суштината, дури и ако неколку зборови не се познати.

4. Единствен метод
Некои ученици се најмногу задоволни од вежбите за слушање и повторување на дигиталните медиуми (подкасти). Учениците на јазик кои користат повеќе методи извежбуваат различни вештини и концепти објаснети на различни начини. Уште повеќе, разнобразноста може да ги заштити од заглавување во еден метод на учење.
При изборот на курс, учениците треба да бараат курс кој практикува четири јазични вештини (читање, пишување, слушање и зборување).

5. Страв
Не е важно колку едно лице може добро пишува на странска азбука, да менува глагол, или да помине тест со вокабулар. За да научи, да се подобри и вистински да се користи јазикот којшто се учи, ние треба да зборуваме.
Ова е таа фаза кога студентите се воздржуваат од зборување, и чувството на срамежливост или несигурност ја попречува целата нивна напорна работа. Наставниците по англиски јазик како странски јазик често се жалат дека учениците, и покрај тоа што учат англиски јазик со години, едноставно не го зборуваат. Тие премногу се плашат дека граматички ќе згрешат или ќе ги изговорат зборовите погрешно, на начин што ќе ги посрамоти. Факт е дека тие грешки ќе им помогнат на начин којшто ќе им ги покаже границите на јазикот, и ќе ги научи да ги исправат грешките пред тие да се вкоренат. Што повеќе учениците зборуваат, толку побрзо напредуваат.