Македонија
 

Може ли музиката да помогне при учењето јазик?

5blog

Helen Doron English објавува серија од 5 блог постови со цел да помогне родителите да ја постават најдобрата можна основа за учење кај нивното дете. Овие постови посветуваат внимание на секојдневните активности поврзани со вашето дете. Од боење, до музика, здрави совети за јадење и позитивно охрабрување, овие се едноставни совети кои можат да направат голема разлика.

Како возрасни, знаеме како музиката може да влијае на нашето расположение. Исто така знаеме дека ефектот што го има тивка, нежна детска песна за вознемирено бебе е речиси магичен. Освен што ни влијае на расположението, музиката исто така може да влијае и на начинот на кој учиме. Тоа е една од малкуте активности што го активира целиот мозок.

 

Наследено во сите култури, музиката може да има изненадувачки бенефиции не само при учењето јазик, подобрувањето на меморијата и задржувањето на внимание, но исто така и при физичката координација и развој. Децата кои растат слушајќи музика, развиваат силни музички врски кои пак ги зацврстуваат нивните јазични вештини.

 

Музиката игра многу важна улога при учењето на нашиот мајчин јазик и други јазици. Како деца, можеме да го имитираме ритамот и музичката структура на нашиот мајчин јазик многу порано пред да почнеме да изговараме зборови. Повеќето од нас се способни да ги паметат песните и детските рими кои сме ги научиле како деца. Музиката ни помага да меморизираме зборови и изрази многу поефективно. Ритамот на музиката, како и репетитивните патерни во песната, ни помагаат да ги меморизираме зборовите. Билингвалните деца, во суштина, имаат корист од пеењето песни во нивниот втор јазик. Дури и ако повеќето зборови се непознати на почеток, имитирањето на зборовите во песна може да им помогне на децата да вежбаат создавање звуци на новиот јазик. Евентуално звуците овозможуваат суштинско разбирање преку повторување на песната повторно и повторно.

Исклучителната музичка способност е честа помеѓу мултилингвалните индивидуи. Исто така, музикалните луѓе учат странски јазик полесно заради нивната супериорна способност да примаат, процесираат и репродуцираат акценти. При слушањето музика, следењето на текстот, мелодијата, ритамот и отчукувања ги активира двете страни од мозокот.

 

Почнете млади. Како да го запознаете вашето бебе со музика

 

Свирете му музика за вашето бебе. Изложете го вашето бебе на повеќе различни музички селекции и разновидни стилови. Ако свирите инструмент, вежбајте кога вашето бебе е во близина. Внимавајте јачината на звукот да биде прилагодена. Гласната музика може да го оштети сетилото за слух кај бебето.

Пејте му на вашето бебе. Не е важно колку добро пеете. Слушањето на вашиот глас му помага на вашето дете да почне да учи јазик. Бебињата ги сакаат повторувањата и ритмовите во песните. Дури и малите бебиња можат да препознаат специфични мелодии штом еднаш ги слушнат.

Пејте со вашето дете. Како што растат децата, тие уживаат пеејќи со вас. Претварањето на зборови во музика му помага на мозокот да ги научи нив побрзо и подолго да се сеќава на нив.

Почнете со музички часови рано. Мозоците на малите деца се опремени да учат музика. Повеќето четири и петгодишни деца уживаат да создаваат музика и можат да ги научат основите на некои инструменти. Почнувајќи рано со часеви за музика им помага на децата да изгадат доживотна љубов кон музиката.

Охрабрете го училиштето кое го посетува вашето дете да учат музика. Пеењето помага при стимулацијата на мозокот, барем на кратко. Со тек на време, музичкото образование може да помогне да се научат вештините како координација и креативност. Учењето музика му помага на вашето дете да стане целосна личност. А пред се, забавно е!