Македонија
 

Митови и вистини за билингвалноста

DSC_8698Митовите за одгледувањето на детето во билингвална средина постојат. Некогаш родителите, слушајќи ги, се обесхрабруваат.

Збунети од тоа дека учењето два (и повеќе) јазици истовремено може да предизвика забуна или одложување на говорот на мајчин јазик, пропуштаат одлична можност. Еве ги најчестите митови и вистината која се крие зад можноста да се одгледува билингвално дете

1. Растењето во билингвална (или мултилингвална) средина го збунува детето
Ова е најголемата од сите заблуди. Некои родители веруваат дека ако детето е изложено на два и повеќе јазици истовремено нема да може да ги разликува и поради збунетост ќе има проблеми со говорот.
– Само неколку дена по раѓањето, сите деца можат да прават разлика меѓу повеќе јазици – вели Барбара Зурер Пирсон, авторката на „Како да одгледувате билингвално дете“. Таа додава дека ова посебно е изразено ако двата јазика се комплетно различни. Како на пример англиски и македонски или француски и арапски.
– На рана возаст децата генерално сė уште имаат проблем да разликуваа два слични јазици, како англиски и дански. Но на шест месеци тие можат да го сторат тоа – вели таа. Митот за создавање конфyзија веројатно е резултат на стари истражувања кои се направени со сиромашно организирани студии и од таму се вади заклучокот дека изложеноста на два јазици за децата не е предност.

2.Билингвалноста доведува до одложување на говорот
На некои билингвални деца навистина им е потребно повеќе време за да почнат да зборуваат , во однос на оние кои се растени во монолингвални семејства. Ова доцнење е привремено и секако не важи за сите деца. За жал на родителите кои се загрижени за развојот на говорот кај билингвалните деца им се советува да изберат само еден јазик. Тоа се случува бидејќи порано билингвализмот се сметал за главна причина при проблеми со развој на говорот.
– Истражувањата покажуваат дека билингвализмот во никој случај не е причина за доцнење на говорот – вели Елејн Стубе Кестер, претседател на Организација на билингвалисти, која помага при организирање билингвални говори во Остин, Тексас.
Дури и ако детето веќе има дијагностицирано доцнење на говорот од било која причина, одгледувајќи го како билингвално нема да му наштети или дополнително да му го одложи говорот.
– Според истражувањата децата кои имаат доцнење на говорот прозборуваат во исто време на двата јазика, подеднакво како и децата кои се одгледувани како монолингвални – додава Кестер.

3. Билингвалните деца ги мешаат јазиците
Мешањето јазици е неизбежно и безопасно. Но за луѓето кои не се запознаени со билингвализмот, тоа е доказ дека детето не ги разликува јазиците. Повеќето билингвални деца навистина при говорот мешаат зборови од двата јазика. При тоа едниот јазик често има поизразено влијание кај детето од другиот јазик. Децата кои имаат мал вокабулар во секундарниот јазик, можат по потреба да додаваат зборови од примарниот јазик. Експертите се согласни дека мешањето јазици е привремено и со зголемување на вокабуларот кај детето во двата јазика, постепено исчезнува.
Мешањето зборови се случува и кај возрасните билингвални лица, најчесто поради потреба да се изразат, а во моментот додека зборуваат не можат да се сетат на зборот и затоа го изговарат на другиот јазик.
Детскиот модел е „како слушам, така зборувам“, така што ако вашето дете живее во средина во која има вакво мешање на јазиците, очекувајте и тоа да го прави истото.

4. Премногу е доцна да се одгледува детето како билингвално
Никогаш не е премногу доцна или рано да го запознаете детето со втор јазик. Учењето втор јазик како мајчин е многу полесно за децата под десет години, а најлесно за децата под пет години, споредени со возрасните кои имаат големи потешкотии кога учат странски јазик. Оптималното време според експертите е да се почне што порано, после раѓањето до полни три години – односно кога детето почнува да го слуша и мајчиниот јазик, а неговиот мозок е флексибилен и лесно прима дразби од надворешната средина. Втор период кога е добро да се започне е кога децата се на возраст меѓу 4 и 7 години, бидејќи сė уште можат лесно да процесираат повеќе јазици паралелно. Со други зборови, тие го градат системот за втор јазик напоредно со првиот и ќе прозборат на двата јазика како мајчин. Ако вашето дете е поголемо од седум години и размислувате да почнете да го одгледувате како билингвално, не е доцна.
Третиот период е после 8 години до пубертет. После пубертетот, според истражувањата, новиот јазик се складира во одделен дел од мозокот, па детето ќе мора да си ги преведува зборовите на мајчин јазик пред да ги изговори.

5. Децата се како сунѓери и можат да станат билингвални без мака и било кога
Иако е полесно детето да научи полесно нов јазик што порано и тоа не се случува така лесно. Нереално е да очекувате дека детето ќе почне да зборува одлично на англиски јазик ако гледа англиски ТВ емисии или цртани филмови. Учењето јазик не е рутина. Но запознавањето со втор јазик кај децата бара посебна структура и најважно конзитентност, без разлика дали е низ секојдневна конверзација или учење преку докажан метод.

Во Хелен Дорон Центар располагаме со едукативни програми за сите возрасти : од 3 месеци до 19 години, кои им овозможуват на децата да станат билингвални на едноставен и забавен начин. Ако сте заинтересирани да дознаете повеќе за методот, пријавете се за бесплатен демо час на 072/236-356 или мејл [email protected]


  • Доколку сакате да добивате поучни статии за развојот на децата, билингвализам и совети за учење јазик, внесете го вашиот email во празното поле.