Македонија
  • English for pre-teensEnglish for Kids on Kangi Club
    Деца 6-12

    Kids learn spoken English along with reading and writing by following Paul and Millie as they help Kangi and her baby Joey solve problems in Storyville.

    Најди училишен центар
  • English for pre-teensEnglish for pre-teens
    Англиски ОНЛАЈН

    Забавни воннаставни активности кои им помагаат на децата да го подобрат својот англиски јазик надвор од училницата.

    Проверете овде
 
 

Англиски за деца 6-12 години

Често поставувани прашања од родители
 
 

Учењето на рима им помага на децата да идентификуваат, читаат и пишуваат зборови на било кој јазик.

Helen Doron English има уникатни материјали преку кои се учи читање и пишување, вклучено е и изучувањето на фонемите и техники на слободно читање. Изучувањето на читање и пишување варира во зависност од државата; возраста на која вообичаено се започнува во вашата држава.

Jump with Joey за деца 6-9

Ова е нов курс по англиски јазик за ученици кои се почетници на возраст од 6 до 9 години. Исто така, може да биде и продолжение на курсовите Fun with Flupe.

Курсот вклучува 12 анимирани епизоди кои ги следат авантурите на Paul Ward и Millie кои им помагаат на Kangi и нејзиниот немирен син Joey да ги решаваат проблемите во Storyville. Додека учат англиски децата исто така учат за вредноста на пријателството и за заштита на животната околина.

Учениците го совладуваат јазикот преку 25 песни и многу игри и активности како во училницата, така и дома. Jump with Joey е првиот курс по англиски кој го користи технологискиот изум аугментирана реалност. Учењето на децата се збогатува преку тоа што карактерите од Jump with Joey оживуваат преку магичните книги и сето тоа се надополнува со слушањето на ЦД материјалите дома, што е многу важен сегмент од Helen Doron методот.

Докажан метод


Англиски за цел живот


Дојдете на БЕСПЛАТЕН ДЕМО ЧАС

English for all Children за деца од 6 до 12 години

Овој курс може да биде изучуван како почетен или како продолжение на Fun with Flupe или More Fun with Flupe. Говорниот англиски се изучува преку рима, песни ,приказни и забавни игри и активности. Како опција го имате и вовед во читање и пишување со работните листови “I Can Read and Write English”.

Преку Англиски за цел живот децата изучуваат над 950 зборови и 22 песни во различни музички стилови.

Learning Sets_EFAC_7476Училишен сет за English for All Children

More English for All Children за деца од 7 до 9 години

Овој Helen Doron English курс е креиран за ученици со средно ниво кои го имат завршено курсот English for All Children и сакаат уште.

Преку овој курс децата изучуваат над 950 зборови, 18 одлични песни, приказни и многу забавни активности. Овој сет на децата им овозможува едно преубаво искуство со говорен англиски јазик.

Learning Sets_MEFAC_7377More English for All Children Learning Set

Play On in English за деца од 6 до 10 години

Play On in English е напреден курс за деца кои веќе имаат поминато неколку години со Helen Doron курсевите. Play On е продолжение на курсот More English for All Children. Со Play On In English децата изучуваат над 1000 зборови, 18 забавни песни и вежбаат составување на сопствени реченици и го подобруваат својот изговор. Курсот вклучува оригинални приказни, песни и игри. Play On In English исто така го збогатува општото познавање за светот и нуди изучување на воодушевувачки факти за природата.

HDE_PO_Learning_Set_Image_26_07_15_A_1-1024x683                          Училишен сет за Play On In English

Botty the Robot за деца од 7 до 10 години

Децата ги обожаваат авантурите на роботот Botty, Danny, Cornelia и Helen на имагинарен ТВ сет. Преку курсот Botty the Robot се изучува говорен англиски јазик и основите на читањето и пишувањето. Голем акцент се става на фонетскиот пристап. Во овој курс, читањето и пишувањето оживуваат низ карти на кои се претставени фонемите, кодирани со различни бои, шарени работни листови и огромен број игри и активности. Низ целиот курс се нижи приказна со многу хумор и оригинални песни.

Англиски како мајчин јазик


Botty the Robot може да се изучува како почетен курс или како продолжение на серијата курсеви English for All Children со фокус на говорниот англиски, читање и пишување.

Курсот изучува 1400 зборови, читање, пишување, основни граматички структури и вклучува 12 прекрасни песни.

HDE_PWW_Learning_Set_Image_BooksOnly_26_07_15_B_1-1024x683

Училишен сет за Botty the Robot

Дојдете на БЕСПЛАТЕН ДЕМО ЧАС

Paul Ward’s World за ученици од 9 до 11 години

Децата уживаат следејќи го итриот и млад Paul Ward, неговите пријатели и нивното осознавање на светот околу нив. Мистериозната Camilla секогаш изчезнува. Оригиналните песни и активности го задржуваат детското внимание низ забавните авантури на Paul Ward – дома, во школо, на шопинг, во зоолошка или на одмор.

HDE_PWW_Learning_Set_Image_BooksOnly_26_07_15_B_1-1024x683

Училишен сет за Paul Ward’s World

Paul Ward е за ученици кои имаат добра основа за читање на англиски и основа во говорен англиски јазик. Може да го изучуваат нови ученици кои имаат 11 години или како продолжение на Botty the Robot.

Преку овој курс се изучуваат преку 1700 зборови на англиски јазик.

Paul Ward and the Treasure за ученици од 10 до 13 години

Paul Ward and the Treasure претставува една разнобојна, музичка и мулти сензорска прослава на учењето која остава доживотен впечаток кај учениците. Курсот вклучува забавни активности и 8 нови песни.

Во курсот Paul Ward and the Treasure децата изучуваат преку 2000 зборови и граматичките структури кои се потребни за да се здобијат со ниво А1 од Опшата Европска Референтна Рамка.

HDE_PWT_Learning_Set_Image_26_07_15_A_1

Paul Ward and the Treasure Learning Set

Дојдете на БЕСПЛАТЕН ДЕМО ЧАС