Македонија
 

Што покажа истражувањето на Проф.Јудит Ковакс за Хелен Дорон методологијата

Независен истражувач открива дека Helen Doron English е најефективниот метод за учење англиски како прв јазик. Еве зошто.

Како резултат на зголемување на програмите за учење странски јазик во Унгарските јавни и приватни пред-школски училишта за деца од 3-7 години, Професор, Др. Јудит Ковакс постави цел да ги евалуира ефективноста и успехот на програмите за учење англиски од рана возраст, особено со оглед на недостатокот од постоечки EFL(англиски како прв јазик) истражувања. Др Ковакс истражувала три различни типа на ESL(англиски како втор јазик) методи во повеќе унгарски градови, фокусирајќи се на три главни области:

  • Дали запознавањето со странски јазици во рана возраст резултира со рана мулти-способност,
  • Бенефитот, успехот и ефективноста на програмите за учење англиски јазик од рана возраст предавани од специјално обучени учители, и
  • Влијанието на учењето странски јазик врз целокупниот развој кај децата.

Раното учење јазик подобрува повеќе вештини

Според истражувањето на Др Ковакс, запознавањето со јазици резултира со развивање мулти-способност ако тоа се одвива на активен и забавен начин. Децата кои се среќаваат со дополнителен јазик освен мајчиниот преку активности-игри кои одговараат на возраста, покажале дека можат да користат повеќе од еден јазик за комуникација. За споредба, децата, кои учеле втор јазик преку ригидни, училишни методи, не покажале знаци на мулти-способност(компетенција). Тие дури не сфатиле дека англискиот јазик може да се користи како комуникациска алатка.

Специјално обучени учители се особено важни за програмата

Сепак, започнувањето со учење јазик рано не е гаранција за успех. Тестовите, методите на предавање и квалитетот на учителите сите имаат витална улога овде. Откритијата на Др Ковакс покажуваат дека, “за да се успее, на многу младите ученици им се потребни обучени учители кои следат посебен распоред, како што Helen Doron English програмата нуди, за успешен јазичен развој.Сите Helen Doron учители се експерти во овој ефикасен метод на вклучување исполнет со пеење, танцување и игри. Учениците учат во мали групи од само 6 до 8 деца и добиваат внимание и охрабрување да учат и да чувствуваат самодоверба додека учат.

Бенефитите се многу повеќе од само јазична придобивка

Др Ковакс откри дека бенефитите од учењето втор јазик преку забавни активности од страна на добро-обучени учители се многу поголеми од само учењето јазик. Всушност, раното учење втор јазик придонесува за повисок степен на флексибилност кај размислувањето на децата и севкупниот интелектуален капацитет. Овие ученици не само што учеле англиски, туку и вештините кои ги абсорбирале додека учеле со уникатната методологија на Helen Doron која имала позитивен ефект на нивното целокупно учење.

Ковакс истакнува дека не постои директна врска помеѓу времето поминато учење англиски во училниците и квалитетот на резултатите. Таа сумирала дека клучниот фактор за успех е тоа дека децата имале пристап до добро дизајниран и јасен распоред со јасна цел. Користејќи го Helen Doron English методот за учење, децата кои почнуваат уште додека се 3 месеци возрасни уживаат да учат англиски преку музика, игра и забава, без да сфатат дека тие абсорбираат втор јазик природно и лесно како што го учеле нивниот мајчин јазик.

kovacs-article

Ковакс Јудит е соработник професор и учител тренер во ELTE TOFK. Таа предава EFL Методологија, Детска Литература, British Civilization и асистира со учителите кои тренираат во ELTE Practice училиштето. Нејзиниот професионален интерес опфаќа широк спектар на теми со примарен EFL(англиски како прв јазик) и примарен CLIL(Содржинско и јазично интегрирано учење). Во ова поле таа ја изработи и нејзината Докторска дизертација. Таа исто така има и титула на Med во Примарен Учителски Тренинг при Универзитетот во Лидс (В.Б.).

Прочитајте повеќе за истражувањето на Јудит Ковакс ОВДЕ.