Македонија
  • birthday parties for kidsEnglish for young children
    Повеќе можности

    Децата го совладуваат англискиот јазик во забавна и креативна средина.

    Најди училишен центар
  • English for pre-teensEnglish for pre-teens
    Англиски ОНЛАЈН

    Забавни воннаставни активности кои им помагаат на децата да го подобрат својот англиски јазик надвор од училницата.

    Проверете овде
 
 

Децата ги ОБОЖАВААТ Helen Doron English програмите. Па зошто да не уживаат во нив и за време на годишниот одмор?

Helen Doron летни програми за деца од 4 до 12 години.

Helen Doron English Summer City Camp
Едукативна летна школа за деца 100% на англиски јазик
Возбудливо и незаборавно доживување за вашето дете, исполнето со многу забава, едукација, интересни и невообичаени активности.
Летната школа  се одвива целосно на англиски јазик со што децата 4 часа секој ден ќе бидат изложени на англискиот јазик, притоа ќе научат богат речник, но и слободно и течно ќе се опуштат да го зборуваат англискиот јазик.

– Англиски јазик по уникатниот Helen Doron English метод
Со Helen Doron English методот создаваме билингвални деца кои англискиот јазик го зборуваат како мајчин јазик, со течна и слободна комуникација и природен акцент.

– Драма

English through Drama (ETD) или Англиски низ драма, е забавен програм за деца . Интерпретирајќи ги специјално дизајнираните бајки низ глума, децата учат начини за изразување преку класичниот британски стил пантомима.
Продукцијата и дизајнот се забавни, шарени и така осмислени да децата додека го учат јазикот,се запознаваат со дел од британската култура и комедија.
Во тек на наставата децата подготвуваат и театарски претстави во кои ги играат ликовите од приказните. 

– Наука за деца 100% на англиски јазик
Интегрирана програма за деца за изучување на природните науки преку истражување и експериментирање. Дацата ја обожаваат оваа програма бидејќи земаат активно учество во сите експерименти и истражувања, уживаат во забавните активности и си ја задоволуваат љубопитноста и истражувачкиот дух.

– Уменост
Воведување на децата во бескрајниот свет на уметноста. Одлични работилници за развој на имагинацијата и креативноста на децата, сензорички развој и самоизразување.

– Музика

Часови исполнети со многу музика, песни, интересни кореографии и забавни танци.

– Виртуелни патувања

I’m The World е уникатен и незаменлив програм за деца наменет за запознавање на децата со светот, Летниот период е идеален за овие активности. Патуваме низ различни страни во светот. Запознаваме различни држави. Ја истражуваме нивната култура, традиција, исхрана …

– Готвење

Посебен план за приготвување на лесна, вкусна и здрава храна со децата. Едукација на децата за важноста на внесувањето здрава храна. Креативно подготвување и сервирање. И секако запознавање и подготвување на храна од различни тардиционални кујни ширум светот.

летни-програми

 

Едукативна Лента Авантура                 100% на англиски јазик

• Драма
• Наука за деца (со возбудливи експерименти)
• Уметност
• Музика
• Виртуелни патувања
• Готвење

 

Придружете ни се кон забавата

Helen Doron програми курсеви

Децата не сакаат да пропуштат ниту една недела од Helen Doron English курсевите.

Децата не сакаат да пропуштат ниту една недела од Helen Doron English програмите. Затоа ние креиравме голема разновидност на Helen Doron Early English летни програми. Програмите  не се само што се забавни, туку се интензивни и можат да го надополнат претходното знаење и да се зголеми успехот на децата кои веќе одат во училиште.

Курсевите се кратки и наменети за летниот период. Т

Летните курсеви се соодветни за деца кои веќе посетувале настава, но и за нови деца.

 

Најди училишен центар