Македонија
 

Helen Doron Macedonia присуствуваше на Мастер Франшизер конференцијата во Кипар

Како и секоја година, Helen Doron English и оваа година организира конфереција на Мастер Франшизери во Кипар. На конференцијата присуствуваа 90 Helen Doron Мастер Франшизери од вкупно 35 земји на 5 континенти.

Helen Doron заедницата продолжува да расте благодарение на уникатниот пристап кон билингвализмот и детскиот развој. Ние не само што ги обдаруваме нашите ученици со знаењето англиски јазик, туку ги потенцираме и вредностите како сочувство, поголема самодоверба, постојана љубопитност и креативност.

Helen Doron Macedonia присуствуваше на конференцијата во Кипар каде франшизерите имаа можност да се запознаат со најновите методи за бизнис комуникација на денешницата.

Во 2016та, Helen Doron English забележа раст на бројот на ученици во повеќето земји и зголемен број на франшизи низ светот. Овој раст, иако добредојден, ја потенцира потребата од силна комуникација. Со цел што повеќе гласови да бидат слушнати, мораме да се фокусираме на филтрирање на најважните пораки.

Токму порати тоа, акцентот на овогодинешната конференција беше новиот информационен менаџмент софтвер, “Helen Doron Community” (HDC) кој ќе помогне на растот на Helen Doron English.

Целта на овој софтвер е да создадеме јасен канал на комуникација и веруваме дека HDC заедно со нашите тренинг методи ќе се соединат да дадат исклучителни и точни алатки.

Овој софтвер е само дел од целиот спектар на алатки кои ги нуди Helen Doron English за совладување на предизвиците на денешницата.