Македонија
 

Helen Doron English започнува нова глобална Young Heroes кампања “Leaders Are Readers”

lar

Helen Doron English ви ја претставува  својата нова глобална Young Heroes кампања за  2018 година која се вика Readers Are Leaders и е фокусинара на читањето . Кампањата Readers Are Leaders го истакнува читењето како супер моќ и има за цел да ја подигне свесноста кај децата и родителите за тоа колку читањето има силно влијание врз иднината на децата. Сакаме децата да ги доближиме до тој магичен свет на книгите и им покажеме колку тоа може да биде забавно и корисно. Да испратиме силна порака:

” Нашите деца се нашата иднина, каква ќе ни биде иднината зависи од тоа колку нашите деца читаат. Книгите создаваат лидери, книгите создаваат херои! “

Преку кампањата Readers Are Leaders исто така ќе ги едуцираме и родителите како да го направат читањето со нивните деца вистинско уживање и како да уптребуваат техники за ефективно читање.

И оваа е само најава. Следува одлична едукативна кампања, многу интересни содржини, големи настани и квалитетна забава за децата.

Важно е да напоменеме дека оваа кампања е наменета за сите деца, а не само за нашите Хелен Дорон ученици. Секој може да ни се приклучи во оваа кампања и даде свој продонес кон промоцијата на читањето. Заедно да ја направиме оваа година да биде година во која што е можно поголем број на деца научат да читат, добијат пристап до книги и уживат во магијата на читањето.

За повеќе информации посетете ја  интернационалната веб страна на кампањата:http://www.helendoron.com/youngheroes2018/blog/