Македонија
 

Helen Doron Методот VS. Класичниот начин на изучување на англискиот јазик

Начинот на учење и на пренесување на знаењето, онака како што најчесто се негува во нашите училишта, ретко е мотивирачки за децата, а истовремено е прилично напорен за учителите. Ние имаме еден доминантен, класичен начин на едукација кој со децении речиси воопшто не се менува. Интересно е дека во светот се повеќе се усовршуваат различни едукативни системи, различни модели кои што им овозможуваат на сите кои се вклучени во процесот – на полесен начин да го одработат својот дел. Од минатата година и во Македонија стана достаппен едукативниот  систем на Хелен Дорон, кој најчесто се користи за квалитетно изучување на англискиот јазик, но интересен е и заради начинот на кој го разбира севкупниот детски развој, од кој учењето на јазикот е само еден дел.

helen-doron-early-english

За да создадете квалитетен  систем на учење, многу е важно најпрво е да ги согледат слабостите на класичниот начин на учење. Оваа се само дел од грешките кои се прават при изучувањето на аглискиот јазик преку тој класичен т.е традиционален начин

Уште од самиот почетокот на изучувањето на јазикот од децата се очекува веднаш да бидат добри во сите аспекти на изучување на јазикот(читање, пишување, разбирање, граматика и фонетика)  , без да се земе во предвид дека природниот развој на говорот и природното изучување на јазикот не оди по тој редослед, Многу е важно децата најпрво една година да посетуваат програма каде што ќе го слушаат јазикот и најмногу ќе се обрне внимание на  изговорот, акцентот и комуникацијата. На децата им треба време да се навикнат  на новите звуци и на новиот начин на изговарање на зборовите.
На класичните часови децата добиваат многу малку индивидуално време за изговор. Обично се оди на групно повторување или рецитирање. Со таков пристап многу е тешко учителот да го слушне изговорот на секое дете индивидуално. Дури и самите деца немаат прилика да се слушнат. На овие часови некои деца доминираат, а другите се во позадина и тоа често е така подолго време.
Учениците не добиваат доволно фидбек. На часовите обично се нема доволно време кога се работи еден на еден, каде што детето може да добие директен фидбек.
Традиционалниот образовен модел се фокусира на коргирање. Корегирањето, фокусирањето кон грешките и зборот НЕ, се најголеми непријатели во едукацијата на децата. Кога на едно дете ќе му кажеме НЕ така не е добро, му ја намалуваме самодовербата и мотивацијата. Тоа се повлечува во себе и многу поретко учествува во часот. Бидејќи стравот дека ќе згрешам, дека нема да бидам доволно добар и дека пред сите учителот ќе ги потенцира грешките, им прави блокада во мозокот на децата, особено кога е во прашање изучувањето на јазик, каде слободната комуникација е најважна. Зарем, не познаваме еден куп луѓе околу себе кои цел живот учеле јазик, одлично го разбираат, гледаат филмови без превод, слушаат странска музика, но кога ќе треба да искомуницираат со некој странец тогаш се блокираат, тешко им оди комуникацијата, се плашат да не згрешат, мислат на тоа како правилно да ја направат граматичката форма – што инаку би требало да ни доаѓа природно.
ОДБЕРЕТЕ ПОДОБАР НАЧИН! Helen Doron Early English методот дава друга димензија во едукацијата на вашите деца

Позитивен поттик ( Positive Reinforcment)

Замислете дека си одите накај дома “среќно пеејќи сам на себе “.  Некој ве слуша и ви коментира  “ Навистина лошо пееш! Нели можеш подобро!? ”.После овој коментар вие сигурно ќе изгубите верба во вашите вокални способности. Замислете дека истата личност ви каже  “Имаш прекрасен глас. Одлично звучиш”. Како ќе се почуствувате сега?Во овој случај вие ќе бидете среќни и самоуверени, ќе се чуствувате охрабрени да се изразите себе си на ваков начин. Ако следниот пат некој друг ви каже дека не пеете добро, ќе се чуствувате помалку погодени, бидејќи веќе ќе имате изградено некаква самодоверба во одност на пеењето.

Оваа се случува и кај малите деца што учат. Ним е потребна позитивен потик и признание за да знаат дека тоа што го прават е добро и тоа ги прави успешни.Оваа ги мотивира да продолжат.Исто така им дава емоционална база за учење. Создавањето на незаканувачка, удобна и пријатна околина е есенциjално за детето да биде мотивирано и успешно. На нашите часови учителот го фаворизира секој успех без разлика колку е мал. Позитивниот потик му дава на детето сигурност да се труди повеќе, да учествува повеќе и да научи повеќе. Детето се чувствува успешно односно мотивирано и зголемената мотивација води кон зголемен успех. Но чувството на успех е она што првенствено го мотивира детето. Децата што ги посетуваатHelen Doron Early English часовите добиваат позитивна стимулација и охрабрување, тие се чувствуваат не само успешни туку се чуствуваат дека се на врвот на светот.

Учењето мора да биде забавно

Наместо да се користат традиционалните медоди Helen Doron Early English часовите вклучуваат игри, песни и актвности. Се е светло, шарено, интересно и најважно забавно. Децата се чуствуваат како да играат, отколку формално да учат, и на тоа децата одговараат со ентузијазам.  Детето размислува “Не морам да седам мирно. Ми се допаѓа оваа. О, види топка! Кученце!” Додека децата уживаат во играта и добиваат позитивна стимулација, со што тие како и учителите дополнително се мотивираат.   Додека овие игри се забавни, истовремено се многу сериозни и добро осмислени, внимателно испланирани и базирани на методологички материјали.

Учење преку сите сетила

Сензорната стимулација освен што е многу важен сегмет во стимулацијата на раниот детски развој и во развојот и подобрувањето на когнитивните способности, од големо значање е и во изучувањето на англискиот јазик. Изучувањето на нови зборови, нивното значење, како и нивната употреба во различен контекст, најдобро се учи кога се вклучени сите сетила и кога детето се води низ искуството на дадениот материјал. Кога детето се што треба да научи како информација ќе ја прими преку повеќе сетила т.е ќе види, ќе слушне, ќе допре, ќе помириса, ќе проба, ќе направи сам некоја креативност, тогаш информацијата се запамнува многу побрзо и останува трајно. Од друга страна на дацата им е многу забавно, отворени се нови за работи, а исто така им се задоволува и нивната природна потреба за истражување и љубопотност.

Создавање на англиска јазична среднина

На Helen Doron часовите се зборува единствено англиски јазик. Со тоа на часот се создава вештачка англиска средина, во која децата постојано го слушаат англискиот јазик, го апсорбираат и спонтано почнуваат да комуницираат на англиски, бидејќи единствено во ваква средина децата можат да го научат англискиот јазик како мајчин јазик. Да имаат слободна и течна комуникација и природен акцент. Да размислуваат на англиски јазик. А граматиката и граматичките форми да ги користат природно и без размислување, како што и ги користиме сопствениот јазик.