Македонија
  • slide1-01English teachers of children
 

Често поставувани прашања – Учители

Често поставувани прашања

  • Што ја прави Хелен Дорон програмата поинаква од другите програми за изучување англиски како втор јазик?

    Има повеќе разлики. Ние веруваме дека една од најважните е што нашите учители се најдобрите. Вложуваме многу време и труд во нашите интензивни обуки, мрежата која расте и каналите за споделување информации. Нашите учители го почитуваат тоа, затоа што им помага да останат мотивирани и возбудени за секој курс кој го предаваат. Другите разлики се: • Нашиот единствен метод базиран на постојано слушање и позитивна мотивација • Нашата фокусираност на периодични обуки на учителите и постојана поддршка • Нашите одлични материјали кои им помагаат на учителите низ секој час, а сепак оставаат простор за креативност и индивидуалност  • Позитивната атмосфера полна енергија во секој час, исполнет со забавни игри, песни и активности во кои уживаат и учителите и учениците заедно  • Докажани резултати; родители, ученици и учители се зачудуваат од брзиот развој англискиот со Хелен Дорон методот • Силна поддршка и препознавање на брендот во вашата област кои помагаат во пронаоѓањето на нови ученици и раст на бизнисот (во случај на самовработени учители) 

  • Кој е соодветен кандидат за да стане Хелен Дорон учител?

    За да се пријавите на курс за обука на Хелен Дорон учители мора да имате: • Одлично познавање на говорен и пишан англиски • Соодветно образование; најдобро во англиски, предавање или и двете • Искуство во работа со деца или тинејџери 

  • Како да се квалификувам да станам Хелен Дорон учител за ран англиски?

    Соодветните кандидати следат интензивен курс за обука да се квалификуваат за нашата методологија и единствени материјали. Исто така ќе научите како да ја негувате атмосферата за учење полна со забава и мотивација која нѐ двои од другите. Нашите стандарди се одржуваат и откако ќе се квалификувате, преку постојано водење и учество во нашите семинари и конференции. 

  • Каква поддршка добивам од Хелен Дорон?

    Поддршката ви е секогаш на дофат. Нашиот систем на поддршка ви овозможува да контактирате со вашиот локален, регионален или национален франшизер или со Главното седиште на Хелен Дорон во секое време. 

  • Педагошка поддршка

    Семинари – Дневни семинари се одржуваат редовно. Тие истражуваат возбудливи нови помагала за учење и нова примена на постоечки материјали.
    Годишна конференција – е совршено место за претставување на нови материјали и идеи за да ги подобрите вашите вештини и да ви помогне да ги задржите високите стандарди кои се очекувани од сите Хелен Дорон учители. Ќе уживате забавен ден, одлично искуство и можност да се спријателите со други Хелен Дорон учители.
    Онлајн форум – ве поврзува со нашите Хелен Дорон учители каде можете да поставите прашања, да размените видувања и да добиете повратна информација. Мрежното поврзување е голем дел од она што ние го правиме и Хелен Дорон самата се вклучува во овие дискусии.
    Портал за учители – ви дава брз пристап до документи за симнување на најновите материјали, наставни планови и други корисни алатки за вашите часови
    Страна за изработки за учители – Во Кенги клуб има посебен дел само за учители каде можете да видите, симнете и дури и да креирате игри, изработки и промотивни материјали. 

  • Бизнис соработка

    Регионални средби – Хелен Дорон франшизата спонзорира периодични средби кои им помагаат на локалните учители да ги подобрат своите организациски и маркетинг вештини и да споделуваат искуства со други учители.
    Препораки – Развивајте го вашиот бизнис преку препораки од вашиот локален франшизер.
    Информациски менаџмент систем – административна алатка дизајнирана да ви помогне да го водите својот бизнис ефективно и без проблеми
    Промотивни материјали – Мноштво од промотивни материјали ќе ви биде достапно веднаш штом се квалификувате како Хелен Дорон учител.