Македонија
 

Како да ја развивате и негувате емоционалната интелигенција кај децата

Helen_BLOG3

Хелен, во ова време на технологија каде фамилиите се често разделени и зависат од електронската комуникација за да останат поврзани, како успеа да развиеш силна врска со твојот внук, Рохан, кој живее во Кореа?

Разговараме што почесто можеме, обично на дневна база, што ми дава шанса добро да комуницирам со мојот внук, Рохан, кој сега има 28 месеци. Зборував со мојот син, Бенаја кој рече, “Мамо, нешто навистина неверојатно се случи денес. Шетавме низ дел од градот кој оддамна го немаме посетено и поминавме покрај берберски салон каде јас имав одено додека Рохан кој тогаш беше 9 месеци чекаше заедно со мајка му.

Додека пешачевме, Рохан рече, “Овде тато си ја потстрижуваше косата – а јас плачев.” Го прашав Рохан, “Се сеќаваш ли зошто плачеше?” Рохан одговори – “Бидејќи бев исплашен.”

 

Колку интересно! Има само две години, а веќе зборува за неговите чувства од сеќавања додека бил 9 месеци?

Да, многу интересно. Што разбравме од ова? Имаме многу мало дете кое е во можност да се сети на емоционално сеќавање додека бил уште бебе. Не само што се сеќава на емоционалната меморија, тој исто така успеал да изрази што правел, како се чувствувал и зошто се чувствувал така на што јас би рекла дека е тоа талент, или вештина, која неговите родители ја имаат разивено работејќи со него. Рохан е трилингвален и ја посетува нашата Baby’s Best Start and Toddler’s Best Start програма за ран англиски и научи да се изразува на 4 јазици, Англиски, Еврејски, Корејски и знаковен бебешки јазик. Не само што неговите родители му имаат овозможено да ги развива јазичните вештини, туку тие создале и средина во која тој ќе се чувствува безбедно и самоуверено да се поврза со неговите чувства и да учи да ги разбере нив.

Не мислам дека повеќето деца се во можност да изразат вакви емоционални сеќавања на толку рана возраст, но верувам дека сите деца имаат вакви сеќавања, дури и ако не можат да зборуваат за нив. Се започнува со едноставно разговарање со вашето бебе, комуницирајќи со него уште од самиот почеток. Имам запознаено многу интелигентни родители на мали деца кои велат, “Како мислиш да му зборуваме? Тој се уште не може да зборува.” А мојот одговор е, како ќе научи да зборува, да го развие својот речник и чувство на разбирање и емоции ако не разговарате со него редовно, ако не му читате, ако не комуницирате емоции со него и ако немате активности со него кои ќе му помогнат да научи?

Значи родителот може да му помогне на своето дете да ги разбере и изрази своите чувства уште од самиот почеток?

Децата примат се уште од моментот кога се родени. Секое чувство кое вие го изразувате, тие го апсорбираат. Истражувањата покажаа дека децата кои имаат само еден ден старост веќе се способни да ги имитираат и рефлектираат изразите на лицето. Всушност, тие примаат и емоции уште додека се во утробата.

Честитки! Разбрав дека ви се родило ново внуче пред 3 недели!

Да, мојата ќерка Ела доби ќерка, Риа, која толку многу следи и одговара на речиси сите мои изрази на лицето. Разбирливо е дека таа учи да комуницира. Бебињата можат да научат само тоа што го имаат доживеано. Овие надворешни доживувања го стимулираат телото и се многу важни за бебето да може да ги изразува своите основи потреби.

Имам сеќавање од моменти кога држев новороденче во скут и бебето ги повторуваше моите изрази. Тоа беше енергетски бран кој значеше, “Да разбирам што сакаш да кажеш и одговарам на тоа!” Новороденчињата сакаат и треба да комуницираат. Тие не само што ги комуницраат нивните потреби за храна и физички контакт, туку можат да покажат и дека сакаат да се поврзат, да набљудуват и учат уште од првиот ден. Во случајот со Рохан, постојаниот инпут, четирите јазици, фактот што тој има толку многу емоционална љубов и поддршка околу него му овозможи не само да се поврза со неговите емоции, туку и да ги препознае и да користи зборови за да се изрази самиот. Рохан е трениран преку целосниот јазичен развој и преку неговите врски со родителите да најде зборови да се изрази самиот!

Има и возрасни кои не можат да најдат зборови со кои ќе се поврзат со своите емоции. Јас знам дека не пораснав на тој начин и верувам дека има многу луѓе кои не можат да најдат зборови за да се изразат, овие чувства ги изразуваат преку акции или насилство. Кога ќе изразете емоција, можете да се ослободите од сите насобрани чувства на здрав и правилен начин. Ова е многу важно за нашите деца.

Постои емоционална комплексност дека родителите имаат должност да заштитува и да разбере. Децата ги имаат овие чувства уште од првиот ден. Погледнете го вашето дете, независно од возраста и прифатете дека тие се снопче од емоции и дека не испуштаат ни момент. Не можете да им ги покриете очите и да ги заштитите. Тие ги знаат вашите емоции.