Македонија
  • English teachers of childrenEnglish teachers of children
    Уверете се во нас

    Ве покануваме на БЕСПЛАТЕН ДЕМО ЧАС

    Contact Us
 

Helen Doron Skopje Centar

  • Кога е најдобро детето да започне да учи англиски јазик?

    Колку порано се започне, толку е полесно се усвојува странскиот јазик, сѐ додека детето е редовно во контакт со јазикот. Истражувањата покажуваат дека колку порано едно бебе започнува да слуша странски јазик, толку подобро ќе го совлада изговорот и граматиката во иднина. Во Helen Doron English, најпрво започнуваме со Baby’s Best Start, курс за бебиња од 3 месеци придружувани од нивните родители. Иако овие мали дечиња сѐ уште не можат комплетно да разберат што им се зборува, тие веќе ги апсорбираат звукот и интонацијата на англискиот јазик, исто како што го учат и мајчиниот јазик.

    Порано се сметаше дека малите деца немаат капаците за да усвојат повеќе од еден јазик, но сега знаеме дека вистината е сосема спротивна. До 6 годишна возраст, детскиот ум е најподготвен за апсорбирање на јазици. Усвојувањето на повеќе од еден јазик ги зајакнува менталните способности и тоа не само оние кои се однесуваат на јазикот, туку тоа помага и во развивањето на многу други вештинни.

  • Слушнав дека Helen Doron методот ги учи децата на природен начин. Што значи тоа?

    Од денот кога се родени, децата учат да комуницираат со светот околу нив слушајќи и имитирајќи ги оние со кои доаѓаат во контакт. Тие секојдневно добиваат шанса да се подобруваат преку постојано повторување на нови звуци, слогови, зборови и најпосле реченици. Сето ова е проследено со природниот ентузијазам кој ко искажуваат родителите и другите блиски роднини и на тој начин се големува желбата на детето да продолжи понатаму. На 2-3 годишна возраст децата веќе слободно зборуваат на својот мајчин јазик. Токму тоа е начинот на кој се учи јазик. Helen Doron методот за учење англиски јазик го имитира природниот начин на усвојување јазик: постојано слушање, позитивно охрабрување и безбедна атмосфера посла со љубов.

  • Што претставува Helen Doron English искуството и зошто треба да го одберам токму тоа за моето дете?

    Постојат шест добри причини зошто треба да го одберете Helen Doron English за вашето дете.

    1. Секојдневно слушање на ЦД материјалите во домашна средина и позитивното охрабрување за време на часовите ги води децата кон успех за многу краток период. Ова ги мотивира да продолжат да се надоградуваат и уште поважно да го САКААТ методот!
    2. Helen Doron методот го зема во предвид уникатниот начин на кој учат децата и затоа внесува игра, движење, музика и многу забава и со тоа се зголемува природната љубов кон учењето и детската наклонетост кон апсорбирање јазици.
    3. Helen Doron English е најкомплетната програма во индустријата за EFL (изучување на англискиот јазик како странски јазик). Ниту една друга образовна институција за изучување на англиски јазик не го нуди тоа врвно ниво на квалитет и соодветни материјали за секоја возраст од 3 месеци до 19 години – кои ги нудиме ние. Иако е секогаш подобро што порано да се започне со посетување на курсевите, младите ученици можат на било која возраст да се приклучат кон програмата и да имаат голема придобивка од методот.
    4. Helen Doron English курсевите се одвиваат во мали групи од по 4 до 8 ученици. Учениците имаат голема придобивка од интеракцијата што се одвива кога се учи во група, а сепак, групите се доволно мали и секој ученик може да добие многу внимание и вежбање на говорот.
    5. Helen Doron учителите се без сомнеж една од најважните причини зошто треба да ја изберете нашата програма за вашето дете. Сите учители имаат поминато низ многу строга и детална обука преку која го совладуваат методот и вежбаат како да ги користат нашите лиценцирани материјали. Тие исто така посетуваат периодични семинари за да можат да бидат во чекор со последните педагошки достигнувања и развој на Helen Doron методот. Helen Doron учителите се признаени како најдобри во секторот за EFL (изучување на англискиот јазик како странски јазик).
    6. Последна, но не помалку важна причина за одбирање на овој метод е брзото темпо со кое децата напредуваат и прекрасниот акцент кој го примаат. Сето ова се должи на сите причини кои ги спомнавме погоре и од кои се состои Helen Doron English искуството.

  • Што всушност значи слушање во позадина во домашни услови што точно треба да правам?

    Главна компонента на Helen Doron методот е слушањето во позадина во домашни услови, оптимало два пати дневно по 15 до 25 минути. Ова овозможува децата да имаат секојдневен допир со јазикот, нешто од исклучителна важност за раната возраст. Кога ќе ги запишете вашите деца на Helen Doron English курс, заедно со другите материјали, вие добивате ЦД материјали кои треба да се слушаат секоја недела. Нема потреба да ги присилувате децата активно да се фокусираат на музиката и приказните. Слушањето во позадина е токму тоа – апсорбирање на звукот и ритамот на јазикот на природен начин, во позадина. Препорачуваме да ги пуштате ЦД материјалите за време на активности како што се пресоблекување, бањање и патување со кола. Не треба да ги пуштате додека се гледа телевизија или додека се разговара за ваеме на оброк.

  • Зошто се постигнува успех со слушањето во позадина?

    Бидејќи младите луѓе се желни да повторуваат. Тие обожават да ја слушаат истата приказна одново и одново. На тој ист начин, тие сакаат да ги слушаат ЦД материјалите одново и одново. На родителите може да им се здосади, но не и на децата! Сите Helen Doron курсеви да се презентираат исклучиво на англиски јазик. Учениците ги слушаат ЦД материјалите двапати дневно – додека си играат, се пресоблекуваат или се припремаат за спиење. Преку постојаното слушањето се постигнува најголема близина со странскиот јазик.

  • Моето дете сѐ уште не зборува. Како ќе научи англиски јазик?

    Децата почнуват да учат од моментот кога се родени, можеби дури и порано од тоа. Пред да бидат подготвени за говор, малите деца ги апсорбираат звуците и интонацијата што ќе им биде потребна за да формираат зборови во иднина.

  • Колку брзо ќе забележам резултати?

    Родителите чести ни кажуваат дека веднаш го забележуваат влијанието што го имаат часовите и слушањето во позадина врз децата. Се разбира, секое дете е различно и го совладува јазикот по свое сопствено темпо. Научните истражувања покажуваат дека билингвалните деца можат да започнат со говор малку подоцна од нивните монолингвални соученици. Исто така, познато е дека билингвалните луѓе брзо учат и често ги надминуваат своите врсници.

  • Дали е доволно да се доаѓа на час еднаш неделно?

    За време на часот, преку интеракцијата со учителот и соучениците, значењето на зборчињата кои биле слушани дома во текот на неделата станува јасно. Слушањето во позадина, заедно со инструкциите кои се даватт во групата го сочинуваат сржта на природното учење преку Helen Doron методот.

  • Дали часовите се изведуваат исклучиво на англиски јазик?

    Да, часовите се одвиваат само на англиски јазик. Овој стил на учење се нарекува природен начин – односно најблиску до совладување на странски јазик како мајчиниот јазик. Постојат исклучоци на ова правило доколку во училницата имаме кризна ситуација.

  • Дали морам да знам англиски?

    Не, воопшто не е неопходно родителите да го познаваат англискиот јазик за нивното дете успешно да го научи јазикот. Но многу е важно родителите да ги пуштаат ЦД материјалите секојдневно.

  • Кога треба децата да започнат систематски да учат граматика?

    Истражувањата покажуваат дека до 7 годишна возраст децата можат да научат толку јазици колку што им се зборуваат или пеат. Тие природно ја апсорбираат граматиката која им е потребна за комуникација.

    Во English for All Children нема граматички вежби. Граматиката се учи со повторување и употреба на јазикот во говорни ситуации, исто како што се учи мајчиниот јазик. Најглавата цел е децата да се забавуваат и природно да го впиваат англискиот јазик кој би го употребувале во разговор.

  • Со кој курс треба да започне моето дете?

    Постои голема флексибилност во изборот на вистинскиот курс со кој треба да започне вашето дете. Препорачуваме да се посоветувате со учител или менаџер од вашиот локален Helen Doron училишен центар. Заедно ќе продискутирате за претходното познавање на англискиот јазик на вашето дете, нивото на другите ученици и распоредот на часовите.

    Детето започува со Helen Препорачан курс
    Doron English на возраст:
    recommended course
    3-24 месеци Baby’s Best Start
    2 години Fun with Flupe
    3 години Fun with Flupe
    4 години Fun with Flupe
    5 години Fun with Flupe
    6 години English for All Children
    7 години / второ одд English for All Children
    8 години/ трето одд English for All Children
    9 години/ четврто одд English for All Children
    10 години/ петто одд Paul Ward’s World
    11 години/шесто одд Paul Ward’s World
    12 години/седмо одд Paul Ward’s World and the Treasure
    13 години/ осмо одд Teen English
    14 години/прва средно Teen English
    15 години/втора средно Teen English
    16 години/трета средно Teen English
    17 години/четврта средно Teen English