Македонија
 

Новогодишна бајка во Хелен Дорон Карпош училишниот центар

 

Хелен Дорон Карпош франшизниот училишен центар традиционално организира Новогодишна забава за своите ученици. Оваа година прославувањето на Новогодишните празници во нашиот центар беше вистинска бајка. Нашите вредни учителки и целиот тим во Хелен Дорон Карпош два месеци однапред започна со подготовки и организација. Сакавме со децата да го споделиме сјајот кој овој предиод од годината го носи. Да споделиме љубов, насмевки и радости. Бидејќе ние сметаме дека едукацијата на умот без едукација на срцето не е вистинска едукација.

Најпрво го украсивме нашиот центар во духот на празниците. Децата цел месец учеа во Новогодишна атмосфера. Благодарение на нашиот креативен тим нашиот центар блескаше во Новогодишен сјај.

10392046_1662739347315879_6045829716459232304_n

3448_1662844997305314_8920734911193378523_n

12391951_1659580344298446_3903917832749120988_n

Последните две недели на часовите освен редовниот материјал за изучување, на децата им воведовме и Новогодишни содржини, каде што децата во автентична англиски средина учеа нови зборови, фрази, приказни и песни поврзани за Божиќ и Нова Година. Нашите деца освен што го изучуваат англискиот јазик како мајчин јазик, зборуваат течно, сигурно и со природен британски акцент, се стекнуваат и со многу богат речник, многу енциклопедиско знаење и многу познавање за светот, различните култури и традиции.

Capture

Последните часови за оваа година наместо редовни часови, организиравме едукативна и интересна забава за децата. На забавата присуствуваа децата со родителите. Оваа забава беше многу богата со содржини. Бидејќи сме многу деца забавата ја правевме три дена во 7 термини, за да може сите наши ученици да присуствуваат.

Најпрво започнавме со театар за деца. Имавме подготвено многу интересна и едукативна англиска Новогодишна сказна за децата, која беше интерактивна и ги вклучивме и нив во нашите дијалози. Оваа беше уште една прилика да децата покажат колку многу го разбираат англискиот јазик, а и како слободно и спонтано комуницираат на англиски јазик.

3448_1662844997305314_8920734911193378523_n 5659_1664041770518970_7792981817924168950_n 10415_1664039420519205_1333200897733488732_n 156279_1664033793853101_2056356341878759526_n

Потоа сите заедно ги пеевме нашите омилени Новогодишни Helen Doron English песнички, се радувавме и споделувавме среќа.

72344_1664039763852504_1705643561822149027_n  1653951_1664044920518655_4393803744593958625_n10329089_1664039313852549_2618104991913394014_n

Но оваа не е се. Дедо Мраз и оваа година не не заборави. Не посети токму тогаш кога бевме весели и распеани. Нашиот прекрасен Дедо Мраз им подели поклончиња на сите наши дечиња бидејќи сите беа умни, послушни и вредно учеа во текот на годината. На детската возбуда им немаше крај. Играње, пеење и сликање со Дедо Мраз. Сите заедно посакавме да сме здрави, живи, среќни и весели, ние, нашите најблиски, сите деца и сите љуѓе во светот.

10152470_1664031557186658_776781745344727721_n 1526411_1664031563853324_1024188140711452458_n 1910595_1664041680518979_8348730019735272859_n 534111_1664034350519712_1761573657361196052_n

Се гледаме во Новата 2016 година …

СРЕЌНА НОВА ГОДИНА И БОЖИЌНИ ПРАЗНИЦИ