Македонија
 

Како да им помогнете на преморените тинејџери да учат англиски

 

Прашањето за оваа недела: Би сакала да го запишам мојот тинејџер за часеви по англиски по училиште, но не сум сигурна колку добро таа може да учи по долгиот и исполнет ден во училиште. Што мислите Вие?

Многу фактори кои треба да се земат во предвид кога родител и тинејџер се обидуваат да го пронајдат оптималниот број на дополнителни активности за учење. Тинејџерите може веќе да имаат многу активности и интереси и сакаат да го подобрат својот англиски како втор јазик заради повеќе причини. Секоја фамилија има различна идеја за тоа кој е најдобриот баланс помеѓу училишни и после-училишни активности. Секој тинејџер има своја комфорт зона и капацитет за учење. Тогаш, како да го најдете балансот помеѓу обезбедување на вистинските можности и преоптеретување на тинејџерот. Дали ќе може да учи?

Направете го учењето забавно

Повеќето тинејџери можат да продолжат да учат и по долгиот и зафатен ден во училиште, но им е потребна програма која ги мотивира, го стимулира нивниот ум и им дава шанса да се ослободат од стресот. Најдобриот начин да се осигурите дека тинејџерите ќе уживаат е да најдете добро-структуирана програма која го прави учењето забавно. Осигурете се програмата да има активности кои се стимулирачки и вклучувачки, без разлика за што се дизајнирани. По долг ден во училиште, тинејџерите најдобро ќе можат да ја абсорбираат содржината од часот кој наликува на игра и изгледа што помалку на традиционален час во училница.

Која е тајната?

Во моето искуство со Helen Doron English, имавме одличен успех подучувајќи англиски на два милиони бебиња, деца и тинејџери низ цел свет користејќи уникатен метод кој вклучува учење преку забава, игри и музика предавани од специјално обучени учители кои користат позитивно поттикнување.

Дали треба тинејџерите да си играат додека учат?

Овој метод на учење англиски и забавување не е ограничен само за децата на помала возраст. Helen Doron Teen English програмите вклучуваат читање, пишување, зборување и граматика и се совпаќаат со Common European Framework of Reference за англиски јазик. И покрај тоа што има сериозни аспекти за тоа што учениците изучуваат, активностите се исполнети со игри, песни со што учениците се збавуваат, вклучуваат и учат.

Јас предавам на група тинејџери кои се прва и втора година средно училиште. Тие се неверојатни; забавни за учење и едвај чекаат да дојдат на час бидејќи се стимулирани да учат речник, граматика, читање и разбирање на високо ниво. Кога игрите, забавата, движењето, песните се присутни, учењето е многу лесно. Многу од нашите ученици не уживаат кога учат англиски во училиште, но обожаваат да доаѓаат на нашите часеви каде забавата и малата група им овозможува да се чувствуваат сигурно и да уживаат.

Повеќе од само англиски

Нашите ученици учат многу повеќе од англиски. Преку нивната Teen English програма тие учат за добри навики и техники за учeње и оптимални начини за учење. Да, долг е денот за овие ученици и многу од нив се будни уште од многу рано наутро, но тие се секогаш фокусирани, бидејќи има многу разновидност. На часот, разговараме, пишуваме, се движиме, играме игри, седиме на подот, стануваме, се враќаме на книгите и се враќаме пак на игрите. Времето лета и учениците учат. Helen Doron учениците имаат корист од методологија која содржи техники и активности кои го зголемуваат капцитетот на мозокот – бидејќи ги учиме на друг јазик. Кога тинејџер ќе ја најде најдобрата програма која го поттикнува, предизвикува, мотивира и охрабрува, нема да биде важно кој ден или време ќе биде таа програма, бидејќи секако ќе му одговара.