Македонија
 

Повеќе за…

Хелен Дорон – прво место во светот во програмите за учење на англиски како втор јазик

Пред 30 години Хелен Дорон, лингвист и наставник, го напредна изучувањето на англискиот како странски јазик за мали деца со развивање на метода која е слична на начинот на кој бебињата го учат својот мајчин јазик. Денес Хелен Дорон е интернационална мрежа франшизи во над 30 земји. Речиси два милиони деца денес зборуваат англиски благодарение на Хелен Дорон.

Како започна сѐ

Сѐ започна со час по виолина. Пред скоро 30 години Хелен Дорон, британски лингвист, ја запишала својата четиригодишна ќерка да учи да свири на виолина по Сузуки методот. Била импресионирана со методот и успехот и била инспирирана од неговите принципи кога го развивала сопствениот метод за учење англиски на мали деца.

Јазикот на музиката

Како започна интернационалниот успех на Хелен Дорон методот. Во 1985 Хелен Дорон почна да креира сопствени материјали за да им помогне на децата да разбираат и да зборуваат англиски. Таа сфатила дека читањето и пишувањето се различни вештини од разбирањето и зборувањето. Сепак, во училиштата, учителите умееле да го учат јазикот само преку читање и пишување. Пробивот на Хелен Дорон методологијата бил да ги научи децата да зборуваат и разбираат англиски пред да научат да читаат и пишуваат-исто како што го учат мајчиниот јазик.

Така дури и бебињата би можеле да научат англиски со Хелен Дорон методот. Таа го создала својот прв курс за рано изучување англиски базиран на принципот на позитивна мотивација и постојано слушање. Направила свои снимки на песни, рими и приказни и почнала да предава во нејзиното соседство во северен Израел.

Резултатите биле неверојатни. Методот на Хелен на изучување англиски креира природна атмосфера која е слична на опкружувањето во кое го учат мајчиниот јазик. Децата го сакале! Часовите биле забавни и живи, ги стимулирале децата емотивно, физички, креативно и интелектуално. Потпирајќи се на овој почетен успех, Хелен продолжи да создава материјали и започна да обучува други учители кои ќе ја користат нејзината единствена методологија. Низ годините, Хелен Дорон се рашири од почетната програма која таргетирала мали деца до програма која вклучува курсеви соодветни на возраста – бебиња од 3 месеци па сѐ до 19 годишни тинејџери.

Хелен Дорон англиски низ светот

Во 1995 Хелен Дорон методот бил воведен во Европа во Австрија, а потоа и во Германија. Во 1998, бизнис моделот на франшизи бил прифатен и Хелен Дорон училишни центри почнале да се појавуваат низ Европа. Неодамна Хелен Дорон англиски се прошири во Кина, Југоисточна Азија, Средна и Јужна Америка.

Идејата на Хелен била и останала до денес, да го извлече максимумот од способноста на децата од секоја возраст да учат и да создава најдобри програми за изучување за нив. Хелен и нејзините тимови за развој продолжуваат да водат во областа на едукацијата преку емотивен, физички, креативен и интелектуален раст. Хелен Дорон градинките се најновата иновација и успешен модел за едукативна програма.

Речиси два милиони деца до сега учеле англиски со Хелен Дорон методот и добиле од постојаната посветеност на Хелен Дорон за перфекција во едукацијата.

  • “Би сакалa да ве пофалам за вашата професионалност, не само во врска со изучувањето на англискиот јазик, туку исто така и за начинот на кој што го стимулирате јазикот кај децата. Мојот син Jack (возраст: 2 години and 4 месеци), кој умее да каже само неколку зборчиња на полски, веќе започна да го гради својот вокабулар на англиски – она што слуша во училницата. ”

    Justyna Kolasinska, Warsaw, Poland
  • “Учењето англиски јазик во Helen Doron Early English е забавно и му овозможува на мојот син, Boss, да го научи јазикот на природен начин. Boss секогаш пее кога го пуштам ЦДто во кола.”

    Saowanee Lurpromchai, Bangkok, Thailand
 

 

Придобивки од билингвалноста

A Franchising Success

Music – Key to Learning English

Четири принципи, одлични курсеви, посветени учители – тоа е Хелен Дорон методологијата

Сите курсеви на Хелен Дорон, без разлика за која возраст се наменети, се базирани на четири принципи кои придонесуваат за успехот на методот.

Четирите принципи на Хелен Дорон

Постојано слушање. Централна компонента на Хелен Дорон англиски е слушањето на цедеата дома, најдобро два пати на ден по 15-20 минути. Ова овозможува постојана изложеност на говорен англиски, која е многу важна во раната возраст. ЦД со оригинални песни и приказни компонирани специјално за Хелен Дорон англиски се дел од ученичкиот сет кој го добивате кога го запишувате вашето дете на Хелен Дорон курс.

Позитивна мотивација. Кога вашето дете ќе го каже неговиот прв збор, вие ја покажувате вашата восхитеност; оваа позитивна реакција го охрабрува вашето дете да продолжи да го кажува тој збор и да продолжи со други зборови. Со Хелен Дорон англиски децата учат на ист начин како и со мајчиниот јазик – со големи количества позитивна мотивација. Хелен Дорон учителите го даваат ова позитивно охрабрување во училницата.

Учење во мали групи. Хелен Дорон курсевите се учат во мали групи од 4-8 ученици. Ова се покажува како најдобро. Од една страна уживаат во интерактивност во група, а од друга страна имаат доволно индивидуално внимание. Истражувањата покажале дека учење во мали групи носи подобри резултати отколку приватни часови.

Забавно учење. Хелен Дорон методот го зема предвид уникатниот стил на учење на децата и користи игри, движење, музика и многу забава за да ја поттикне детската природна љубов кон учењето и тенденција да впиваат јазици. Без разлика дали се на возраст од 3 месеци, 3 години, 10 или 17 години, децата и младите уживаат во нашите часови кои се структуирани, а сепак забавни и динамични во секое време.

Посветени учители

Хелен Дорон се навистина горди на својот кадар од професионални и посветени учители. Сите Хелен Дорон учители поминуваат строг курс за обука каде ја учат методологијата и се обучуваат да ги користат нашите соодветни материјали. Откривме дека штом ќе го пројдат овој курс, нашите учители стануваат навистина убедени во методот и се посветуваат секое дете да добие најмногу од часот. Нивниот ентузијазам лесно се пренесува на децата, кои не можат да дочекаат да почне наредниот час.

Најдобри во програмите за изучување јазици

Сите Хелен Дорон курсеви – од Baby’s Best Start за најмалите па до Teen English за тинејџери до 19 години – се создадени под раководство на самата Хелен Дорон. Тимовите за развој се состојат од експерти во областа на лингвистиката, англиски како странски јазик и детски развој. Сите приказни, песни и анимации се создадени и продуцирани специјално за Хелен Дорон англиски да одговараат на вокабуларот соодветен на секој посебен курс. Исто така, сите активности и игри се направени да им овозможат на учениците предизвикувачко, а сепак забавно искуство помнејќи го вокабуларот.

  • Исто како што бебињата и малите деца го учат мајчиниот јазик преку слушањезборови, реченици, песни и приказни повторно и повторно од луѓето околу нив, така можат да научат и странски јазик користејќи го истиот природен начин.

    Helen Doron on how infants learn to speak
  • “Parents often ask: what is the main difference between the Helen Doron Methodology and others who are teaching English as a foreign language to kids? The answer is experience.”

    Helen Doron on success of her methodology
  • Helen Doron was among the very first to understand that very young children can absorb a foreign language as easily and effortlessly as they do their mother tongue. As a result, she was the first to develop programmes for doing this in a systematic manner.

    Helen Doron - pioneer in teaching English to children
 

 

 Најдобра возраст за учење англиски јазик?

Истражување – Билингвалните бебиња се попаметни!

Cambridge ESOL и Хелен Дорон – работат зедно за придобивките на младите ученици

Press Shields

Од 2012 Хелен Дорон англиски соработува со Универзитот Кембриџ (Cambridge ESOL) за подготовки и тестирање на деца. Cambridge ESOL е препознат интернационално како еден од водачите во тестирање и оценување на познавање на англискиот.

Учениците кои се подготвуваат за тестирање во Хелен Дорон училишните центри сертифицирани за подготовка за Кембриџ тестирање ќе можат да се тестираат во најблискиот центар.

Контактирајте со најблискиот Хелен Дорон училишен центар сертифициран за Cambridge ESOL.

picture

Хелен Дорон Еуропарк Будимпешта, Унгарија. Ученици со градоначалникот на Будимпешта, во зона XIX и учителите.