fbpx
 
 
Македонија
 

Многу ми се допаѓа принципот на работа во мали групи. На тој начин може да им се обрне внимание на сите деца и ништо не би менувала.

Зошто го избравте Хелен Дорон?

Разговараме со Ребека Јанковаска Ристески – македонска позната пејачка и мајка на три прекрасни деца Маркијан, Макариј и Доротеј. Близнаците Макариј и Доротеј се наши Хелен Дорон ученици во преубавиот Хелен Дорон училишен центар во Капиштец. Низ разговор Ребека го сподели нејзиното искуство со Хелен Дорон едукацијата на нејзините деца.

Хелен Дорон е прекрасен и иновативен метод каде што децата учат низ музика, песни и едкативни игри. Тоа го прави учењето спонтано и прифатливо за децата. Пред неколку години дознав дека има и во Македонија/Скопје и веднаш се заинтересирав и дојдов на пробниот час.

Какво е вашето досегашно искуство со Хелен Дорон?

Прекрасно е и моето и искуството на моите деца. Тие едноставно едвај чекаат да дојде терминот за Хелен Дорон. Атмосферата во која се одржуваат часовите им создава чувство дека одат да играат и да учат низ играта англиски јазик. Учителките се многу љубезни, професионални и обучени. Имаат одличен сензибилитет за работа со деца.

Која возраст според вас е најсоодветна за детето да почне да изучува англиски јазик?

Според мене што порано тоа подобро. Моите деца почнаа од 4 годишна возраст. Децата учат на природен и за нив лесен и прифатлив начин. Учење им е забавно и интересно.

Што најмногу ви се допаѓа во методот на работа на Хелен Дорон?

Многу ми се допаѓа принципот на работа во мали групи. На тој начин може да им се обрне внимание на сите деца и ништо не би менувала.

Дали нешто би сакале да пренесете како порака од дружењето со Хелен Дорон?

Во Хелен Дорон одам и пеам

на пат до таму од среќа се смеам.

Се што во во Хелен Дорон правам 

низ игра во главче си ставам.