Македонија
 

И БЕБИЊАТА САКААТ КНИГИ!

Грешите ако мислите дека бебињата се премногу малечки за да се запознаат со бајките! Што порано почнете да им читате на вашите деца,толку побрзо тие ќе ги засакаат книгите…

Untitled design (2)

 Зошто на бебињата треба да им се чита?

Мозокот на новороденчето речиси е  ,,празен’’. Тој  треба дополнително да се полни со информации кои со текот на времето новороденчето ќе ги собира: гледајки, слушајки, набљудувајки… Меѓутоа, додека новороденчето не почне да се подига и самостојно да го спознава светот околу себе, со читањето на бајки и пеењето на едноставни песнички,ќе го привлечете вниманието на бебето и ќе ја стимулирате работата на нервните клетки во мозокот на бебето.

Најдобро би било, да почнете да му читате на вашето бебе пред да наполни шест месеци,бидејќи до првиот роденден тоа ќе научи да ги артикулира сите гласови кои му се потребни, за да може течно без пречки да го зборува мајчиниот јазик. Освен тоа, со читањето на глас ќе постигнете развој на детската меморија,како и развој на неговите говорни вештини. Докажано е дека децата на кои  родителите им читале бајки додека биле мали, имаат побујна фантазија, посликовито се изразуваат од децата чии родители не им имале читано додека биле мали.

Како да им читаме на нашите новороденчиња и колку долго?

Возраст: До шест месеци

Иако некои експерти сметаат дека читањето на новороденчето не е залудно потрошено време,поголемиот дел се согласува со тоа дека со читањето  треба да се почне на возраст од околу пет месеци. Во тој период бебето покажува интерес за живописните бои и тогаш е добро да почнете со разгледување на сликовници.

Покажувајте му ги сликите на детето и мимично артикулирајте ги имињата на сето она што е на сликовниците прикажано.На оваа возраст бебето не го разбира значењето на зборовите, меѓутоа ова е одлична вежба за годините што доаѓаат. На почетокот бебето вниманието ќе може на кратко да го задржи и затоа немојте да и читате подолго од неколку минути.                                                                                                     Меѓутоа како што ќе расте – ќе расте и неговата способност за задржување на вниманието на подолг временски период и со текот на времето бебето ќе почне да ужива во дружењето со сликовниците и бајките.

Возраст: Од шест до дванаесест месеци

Бебето постаро од шест месеци постепено почнува да го поврзува значењето на зборовите со сликите кои му се покажуваат.Тоа не знае да зборува но способно е да запомни каде која слика се наоѓа. На возраст од околу двааесест месеци ќе изговори ,,муууу’’ откако ќе и покажете слика од крава. Ќе проба да ве изимитира и однапред ќе знае што се наоѓа на следната страница која следи.

 Еве пет корисни совети за читање:

  •  Додека му читате на бебето,држете го во скут,галете го и обраќајте и се со нежен глас
  • Потрудете се што е можно подоверливо и му ги доловите емоциите (ако некој е лут-намрштите се,ако некој е радосен-смејте се и артикулирајте смешни звукови)
  •  Додека изговарате-потпевнете ја песничка во стиховите и ракоплескајте со вашето бебе
  • Повторувајте ја истата песна или бајка се додека по изразот на лицето на вашето бебе не сфатите дека му е позната
  • Кога бебето малку ќе порасне дозволете му само да ја листа книгата

Кликнете овде за да дознаете зошто преку читање на глас им обезбедувате најдобар почеток во животот на вашите деца!

_______________________________________________________

Повеќе детали за Helen Doron English методот може да добиете доколку не посетите во еден од нашите 12 училишни центри во Македонија и дојдете на еден бесплатен демо час заедно со вашето дете.

Закажете бесплатен ДЕМО час во центарот најблиску до вас

Helen Doron Aerodorm – 078 388 403
Helen Doron Centar – 072 236 356
Helen Doron Karpos – 078297949
Helen Doron Kisela Voda – 078 282 842
Helen Doron Kapistec – 077 711 991
Helen Doron Cair – ‎072 206 622
Helen Doron Tetovo – 075 224 242
Helen Doron Bitola – 075 232 778
Helen Doron Prilep – 077 844 855
Helen Doron Ohrid – 077 613 815
Helen Doron Stip – 078 757 455
Helen Doron Strumica – 071 242 476