Македонија
 

30 Совети – Како на нашите деца да им помогнеме да изградат самодоверба:

blog

Со цел заедно да ја прославиме 30 годишнината од постоењето на Хелен Дорон методот ширум светот, овој период ќе објавуваме статии во кои секоја од нив ќе содржи по 30 совети и корисни предлози за родители и учители. Оваа недела ви предлагаме 30 совети за тоа како на децата да им помогнете во изградување на самодовербата и карактерот.
  1. Мојот изглед не е поважен од моето однесување.
  2. Со другите треба да се однесувам, онака како сакам тие да се однесуваат со мене.
  3. Сосема е во ред да се смееш, но притоа никој да не исмеваш.
  4. Верувам да сум способен/а да постигнам големи успеси.
  5. Кон сите се однесувам со почитување.
  6. Внимателно слушам што другите зборуваат и така им покажувам колку ми значат.
  7. Добар/а сум и одговорен граѓанин ако волонтирам и им помагам на другите.
  8. Размислувам со своја глава и сам/а донесувам одлуки.
  9. Секој ден е нова прилика да дадам се од себе.
  10. Се трудам да ги разберам чуствата на моите пријатели.
  11. Кога ќе погрешам, се трудам да ја исправам грешката.
  12. Сакам да споделувам со другите.
  13. Во процесот на решавање на своите проблеми, добар/а сум како кон мене така и кон другите.
  14. Кога со насмевка се обраќам на некој, обично ми се возвраќа со насмевка.
  15. Ги охрабрувам пријателите да даваат се од себе.
  16. Чесен/а сум.
  17. Се трудам да бидам креативен/а: играм, сликам, цртам, пишувам …
  18. Одговорен/а сум кога ќе кажам дека нешто ќе направам.
  19. Задоволен/а сум со онаа што го имам и со задоволство го делам со другите.
  20. Секој ден се трудам да научам нешто ново.
  21. Кога работите не се движат во насока во која сум планирал/а, се трудам да ја подобрам ситуацијата.
  22. Не се исмејувам на никој.
  23. Се чуствувам поуспешно кога давам се од себе.
  24. Здраво се хранам, вежбам и доволно се одмарам.
  25. Кога соработувам со другите, повеќе работи успевам да направам.
  26. Сакам да запознавам деца кои се различни од мене.
  27. Моите пријатели имаат доверба во мене, бидејќи секогаш ја зборувам вистината.
  28. Секогаш го барам доброто во другите.
  29. Размислувам пред нешто да направим, начинот на кој се однесувам со другите е начин на кој и тие ќе се однесуваат кон мене.
  30. Рециклирам бидејќи се грижам за планетата Земја.

Живееме во време во кое е голем предизвик да ги научиме нашите деца да бидат верни на себе. Младите се опкружени со технологија, нереални ветувања, нетрпение и телевизија со неприкладни содржини.

Ако сте учител или родител кој на своите деца се труди да изгради вредности како што се искреност, почитување, скромност, храброст и алтруизам, можно е да се чуствувате како да не можете да излезете на крај со сите работи на кои се изложени вашите деца. Знајте во оваа не сте единствени.

Овие 30 идеи можете да ги искористите во воспитувањето на деца од различна возраст. Можете да искористите едно од наведените правила така што правилото ќе му го прочитате на детето на почетокот од неделата.

Секој ден во текот на неделата разговарајте со вашето дете за наведеното правило и на крајот од неделата побарајте од вашето дете да ви опише што научило од тој совет писмено, усно или преку цртеж.