Македонија
 

20 интересни, забавни, игри кои го забрзуваат развојот на вашето бебе

Една забелешка која е важна за оној што сака да ги игра овие игри со своето бебе:

  • Повторувањето е многу важно. Многу игри нема да успеат од прв пат. Вниманието на бебето се менува многу, зависно од возраста, темпераментот и расположението. Понекогаш може да ужива во играта дури и 20 минути, но многу почесто ќе треба да ја менувате играта на секои пет минути. Ќе бидете сигурни дека на бебето нешто му се допаѓа ако се врти кон вас, ако се смее. Но ако се оддалечува од вас, ја врти главата или плаче, значи дека е време да ја промените активноста. На секое бебе нема да му се допаѓа секоја игра. Но ова не треба да ве исплаши и не треба да се откажувате.

 Од раѓање до 3 месечна возраст

За оној што гледа од страна, новороденчето може да изгледа како топка која има само основни потреби од јадење, пиење и спиење. Вашето бебе најголем дел од времето само лежи, освен кога плаче. Па како да допрете до него и да се забавувате?

Најдобриот начин е да гimagesи стимулирате неговите сетила: допир, вид (но запомнете, вашето бебе може да гледа само многу блиску до себе), мирис и слух. (Да го оставиме вкусот настрана засега.) Кога ќе стигне до тримесечна возраст, вашето бебе може да почне да се посегнува да дофаќа и ќе биде реагира на звуци, мириси и
форми.

Забелешка: Може да му требаат неколку секунди на новороденчето да реагира на вашите дразби, може и да не одговори воопшто. Бидете трпеливи – обидувајте се повторно или почекајте да биде подготвено да реагира, кога е во будна состојба спремно за игра.

Танцувајте, танцувајте постојано

Попладне кога моето бебе стануваше нетрпеливо, ништо не ми успеваше како танцувањето. Ќе пуштев музика – нему му се допаѓаше звукот на Стиви Вондер и Џејмс Браун – и же го ставев или во кенгурот или ќе го држев во раце.

Најпрво му се допаѓаше да го лулам. Потоа сакаше да го нишкам во воздух или да го кревам и спуштам брзо нагоре надолу. (Само внимавајте на вратот на бебето и не го тресете.) Кога ќе ви се уморат рацете, спуштете го бебето и продолжете да танцувате.

Смешни претерани движења со рацете и телото се посебно забавни за бебињата. Но прво спуштете ги ролетните да не можат да ве видат соседите.

Ајде да разгледуваме наоколу

Голем дел од времето во најраната возраст ќе го поминете покажувајќи му на ваѓето бебе нешта што го опкружуваат. Секој предмет дома што не може да го повреди на некаков начин е фер игра. Бебињара сакаат мешалки, лажици, шпатули, книги и списанија со слики, шишиња од шампон (не го оставајте бебето само со нив!), албуми, разнобојни материјали или алишта, овошје и зеленчук и слично.

Земете мало купче предмети покрај вас и седнете со вашето бебе. Кога ќе дојде вистинскиот момент, извадете нешто како волшебник. „Види, Кики, ѕвончето од велосипедот на тато.“ Држете го предметот мирно мало растојание над неговото лице и гледајте и самите во него. Хм, штом ти гледаш во тоа, значи тоа ѕвонче можеби и е интересно. Честитам! Размислувате како бебе!

Исто така, не очекувајте бебињата на оваа возраст да ги „разберат“ книгите. Ќе знаете дека во нив уживаат според тоа како се смируваат и гледаат внимателно кога ќе им ја покажете омилената книга.

Бебињата нема да ја следат внимателно цела приказна, кога ќе бидат неколку месеци постари ќе ви ја земат книгата и ќе ја затворат. Ова е дел од развојот. Бебињата сакаат да гледаат во книгите и да се гушкаат со вас, но не им е важна содржината.

Патување во плакарот на мама

Не го поминавте животот собирајќи светла, нежна облека напразно. Пребарајте низ плакарот и покажете му го на вашето бебе џемперот од кашмир, фармерките од мек џинс или карираната кошула. Поминете со мек или свиленкаст материјал по лицето на вашето бебе, по рацете и нозете. Постелете меки и бушави материјали на подот и ставете го бебето врз нив.

За неколку месеци вашето бебе ќе сака да добира бордирани материјали. Но засега ќе биде задоволно и само да ги гледа зачудено.

Еј! Што имам над главата?

Ќе се изненадите колку можете да се забавувате и со најобичните нешта во вашиот дом. Еве неколку идеи за да почнете.

Врзете или залепете некои ленти, материјали или било што што виси на една дрвена лажица и полека нишкајте ги над лицето на вашето бебе.

Земете една лесна марама и фрлете ја во воздух за полека да падне врз главата на вашето бебе.

Врзете играчка на еластична врвца (како онаа што се користи за играчки за мачки) и полека играјте со неа нагоре надолу пред лицето на вашето бебе и кажете „Тинг! Тинг!“ секој пат кога ќе почне да се одбива нагоре.

Запомнете, никогаш не го оставајте вашето бебе само со врвци или ленти што може да ги замота околу вратот или да ги стави во уста.

Дивата во вас

Можеби имате ужасен глас – но вашето бебе не го знае тоа! Сега е време да се распеете гласно и да ја ослободите оперската дива во вас.

На вашето бебе може да му се допаѓа апсолутно се’ што пеете, но има неколку класици кои треба да ги научите. Itsy Bitsy Spider беше единствената песна што го запираше плачењето на моето бебе. А повеќето деца ги сакаат сите песни кои вклучуваат и движење. –  “The Wheels on the Bus,” “Row, Row, Row Your Boat,” “Head, Shoulders, Knees, and Toes,” и “Patty-Cake,” се само неколку. (Ако не ги знаете зборовите само побарајте ги на интернет.)

Можеби ќе се чувствувате смешно на почеток, но како што вашето дете ќе се забавува, ќе почнете и вие. Додадете го и името на детето во песната, на пример “Old Mac Anna had a farm”, “Kate is my sunshine, my only sunshine” итн. Пејте и песни со смешни звуци или звуци на животни.

Пејте ги со длабок глас и потоа со тенок глас да видите кој предизвикува поголема реакција. Пејте му песни дишејќи во убото на бебето или користете кукла (може и чорап навлечен на рака наместо кукла). И навикнете се на пеење затоа што же стане голем дел од вашиот ден.

4 до 6 месеци

На оваа возраст детето ќе биде физички поактивно, ќе учи да се превртува и да седнува. Веќе може да држи предмет во рацете, да ракува со него и да го истражува ставајќи го во уста и голем дел од денот ќе биде зафатено со таа активност (што значи дека треба да станувате повнимателни).

Игрите може да стануваат поактивни. Вашето бебе може да сака јавање на нога или игри со скокоткање. Исто така веќе повеќе реагира на вас, прави звуци и ве пресретнува со поглед.

Помирисај ја полицата со зачини

Во кујната сте обидувајќи се да подготвите некаква вечера, а вашето бебе почнува да плаче. Земете го и запознајте го со мирисот на цимет од полицата со зачини. Втријте малку на вашата рака и приближете ја до неговиот нос. (Внимавајте да не му влезе во очињата или во устата.)

Ако му се допаѓа, дајте му да помириса и други: ванила, пеперминт, ким, каранфилче, мускатно оревче и многу други растенија и зачини кои имаат специфичен мирис кој може да му се допадне на вашето бебе. Има и други нешта дома кои имаат убав мирис, како: лосионот за после бричење на тато, кремата за раце на мама. Нека мирисне многу слатки нешта – само внимавајте да не стави нешто од тоа во уста!

Меурчиња, меурчиња насекаде

0656916

Има нешто магично во меурчињата и во овој момнт вашето бебе може да гледа доволно далеку за да може да се фокусира на нив. Дувајте меурчиња кога станува нетрпеливо додека чекате автобус и ќе забележите како солзите исчезнуваат. Дувајте меурчиња во паркот и ќе дојдат поголеми дечиња кои ќе ги бркаат а притоа вашето бебе ќе се забавува гледајќи ги. Дувајте меурчиња во кадата или на тревникот кога е доцна попладне и станува плачливо. Меурчињата се неверојатно евтини, лесно се носат секаде и бескрајно се интересни за вашето бебе.

 

 

 

Ќе те фатам!

Вашето бебе веќе е доволно пораснато за да знае да исчекува. И ниедно бебе не може да одолее кога му приоѓате со палава намера и со закана дека ќе го прегрнувате, бакнувате и скокоткате. Можете да почнете вака: „Миличко! Те гледам како седиш исправено! Е па значи си дошол блиску до мене и сега ќе дојдам и ќе те бакнам! Ќе ти ги бакнам обравчињата, бебе мало! Доаѓам! Доаѓам! Ииии… те фатив!“ И потоа опсипете го со бакнежи.

Наш обичај е да му велиме на бебето дека ќе го изедеме и потоа со усните му ги јадеме стапалцата. Преслатко! Кога бебето ќе биде поголемо оваа игра може да вклучува и бркање низ дома – исто е добар трик да го изнесете бебето побрзо од дома кога брзате некаде.

Лежење на стомак

Многу е важно бебето да поминува извесен период од денот лежејќи на стомак, иако тоа можеби и не е омилената позиција.

Легнете на подот со вашето бебе. Гледајте го во очи лежејќи на стомак. Него легнете го на крпа и полека нишкајте го и кога ќе се преврти со насмевка речете му „Опа“.

Летај, бебенце, летај!

Кога веќе вашето бебе може самото да си ја држи главата, време е за летање. Можете да играте како да е ракета, движејќи го низ воздухот и правејќи звуци како ракета. Можете да си играте како бебето да е лифт и да оди полека спрат по спрат и потоа бргу да се спушта долу (мојот сопруг прави звук на удар и вели „Динг!“ во тој момент). Или да го вртите во воздух како да е хеликоптер.

DSC_8700

7 до 9 месеци

Вашето дете веќе е експерт за седење и наскоро може да почне и да лази. Охрабрувајте ги овие негови подвизи славејќи го секој напредок со аплауз и радување: „Па ти си седел! Браво, мило!“

Способноста да префрла предмети од една во друга рака и да фаќа цврсто предмети само со палецот и показалецот се дел од напредокот на вашето бебе во користењето на рацете.

Бебето исто така почнува да разбира дека ако нешто не му е веќе во видокругот, не значи дека исчезнало од лицето на Земјата. Ова откритие ги прави игрите како криенка омилени.

Допри, земи, удри

Ако бебето има предмет во раката, ќе го удри од масата. Ако има во двете раце, ќе ги удри еден од друг, ќе ги гледа внимателно, ќе ги удри од масата еден по еден, па двата одеднаш, ќе провери дали ударот звучи различно со едната или со другата рака и пак и пак.

Помогнете му со тоа што ќе му дадете предмети што прават интересни звуци: празни кутии, метални лажици, ѕвончиња.

Обрнете внимание и на сетилото за допир: ќе му се допаѓа многу гравирана картичка или мазната кутија за накит на мама. Но бебе на кое ќе му дозволите да си игра со зготвени шпагети ќе биде маѓепсано.

toys1

Светот е под моја контрола

Бебињата на оваа возраст сакаат да играат со причина и последица, како: Ако го направам ова, се пали светлото. Ако го направам ова, се гаси светлото. Многу ќе се радува кога ќе му покажете како со прекинувачите се контролира светлото, ѕвончето на вратата, чешмата – но исто така може и да ви го отежни животот бидејќи ќе почне да бара постојано да го држите за да може самото да го прави тоа.

Наместо тоа можете да му дадете играчка телефон или далечинско, за да ја задоволите неговата потреба да го контролира светот. Или некоја од пониските фиоки да ја наполните со предмети што не можат да го повредат и да му дозволите да пребарува низ неа. Само внимавајте на острите рабови или други ризици како што може да биде ризикот фиокарата да падне врз бебето.

Трка со пречки

Ако бебето лази или почнува да оди, може да ужива во предизвикот да се движи низ или врз предмети на својот пат. ( Ова е добро и за развивање на моториката.) Перничиња, уморни родители и алишта се соодветни пречки на патот. Мачки што спијат, не се.

Многу начини на играње криенка

Класичната: Држите марама помеѓу вас и вашето бебе и прашувате, „Каде е Мони? Еве ја Мони!“ повторно и повторно и повторно. Овој начин може да има многу варијации. Да се криете зад врата за бебето да ја турне за да ве види. Да се криете зад стол и да се појавувате одозгора па од страните. Да се скриете зад ѕид со некој друг и секој од вас да излегува по еднаш и да вели „Бу!“ или „Ѕе!“.

Можете да имате неколку капи зад троседот и да се појавувате со различна секој пат. Суперзабавно и секој пат намамува насмевка е ако ја ставите капата над очи и кога бебето ќе ви ја извади да се правите изненадени што го гледате. ( Ова исто така може да значи дека веќе нема намира да носите капа никогаш повеќе.)

Тркалање топки

Бебињата се фасцинирани од топките и од тоа како се движат. Ќе ве наградат со смеење ако жонглирате или ако само ги фрлате топчињата во воздух и потоа ги оставате да паднат на подот и правите смешен звук: „Упс!“

Тркалајте мека топка по подот кон вашето бебе и потоа гледајте го како ја зема и ја стиска. Можеби, доколку го охрабрите, и ќе ви ја врати со тркалање. А еден ден ќе може и да ја фрли или да погоди некоја голема корпа. За сега, само тапкање и тркалање.

10 до 12 месеци

Од гледна точка на развојот, вашето бебе речиси почнува да наликува на дете. Игри што му овозможуваат да вежба моторика како стоење, исправување и качување се важни за него сега. Вашето бебе исто така сака да поминува нежно со прстите на рабовите на вашата блуза или на рабовите на книга – можеби и по вашите гради или градник ако се уште го доите.

Преправи и преправи пак

Вашето бебе почнува да сфаќа како се поврзуваат предметите во неговата околина. Ќе сака да реди и прередува предмети, ќе сака да ги полни и да ги празни.

Дајте му на вашето бебе кутија која лесно се отвора (на пример за чевли) и покажете му како да става и да вади нешта од неа. Во нашиот дом, оваа игра бргу напредува во „Да извадиме се’ од чантата на мама и да го расфрламе насекаде низ собата“, што е причината зошто јас веќе не носам ситни парички и пенкала.

Друг начин да се игра оваа игра: Земете купче чашки (можеби и оние кои можат да се редат една врз друга) и покажете му на вашето бебе како да претура од една во друга вода, песок или брашно, или пак од чашка во поголем сад.

Бескрајно патување

Кога бебето ќе застане на нозе, можете да почнете да го охрабрувате да се движи со одредена цел, ставајќи ја неговата омилена играчка на другиот крај од креветот или спроти него на малата масичка во дневната соба. Покажете му пример ставајќи ја вашата омилена играчка, како што е телефонот или очилата за сонце, на мало растојание од вас и движете се на коленици кон целта. За бебето ова е забавна глетка и можеби ќе ви се придружи.

Покажете му како да бутка поголеми нешта низ собата. Буткајте играчки и големи празни кутии. Но избегнувајте столчиња на расклопување кои што можат одненадеж да се склопат и да го повредат.

Да те видам дали можеш вака

Бебињата на оваа возраст сакаат да имитираат. Можете да го поттикнете да ја игра оваа игра правејќи смешен звук и потоа со климање на главата да го охрабрите да го повтори. Тоа може да го имитира звукот, можеби ќе направи некој свој звук, кој потоа вие ќе го повторите. Или да направите и вие некој друг звук.

Оваа игра можете да ја играте и со гримаси или движења – нашето дете сака да ги крева рацете во вис и да ги движи лево десно. Кога ние го повторуваме неговото движење, тоа неќ гледа како да гледа во магија.

Бањањето е забавно

Вашето бебе веќе не сака само да седи во кадичката и да го бањате. Поголемите бебиња сакаат и да станат, да ве испрскаат, да ве повлечат за коса, да ја фаќаат завесата и слично. (Никогаш не го оставајте бебето само во када, дури ни за минута.)

Поттикнете го да се забавува ставајќи многу играчки во кадата. Многу предмети од дома можат бескрајно многупати да бидат полнети, цедени, да се претура од и во нив и да пловат. Соберете пластични чашки, чашки од јогурт, инки, шишиња и ставете ги во кадичката заедно со играчките на вашето бебе.

Направете дупчиња во пластично шише и имате рачно изработена кофичка за полевање. Бебето нека ја почувствува водата која капе врз него и покажете му како да ја запре со своите рачиња. Со неа можете заедно да го избањате гуменото пајче.

На крајот, исушете ги играчките во пластична корпа за алишта или мрежеста вреќичка која ќе ја закачите над кадата. Се надевам вашето бебе е чисто, среќно и подготвено за спиење. Нели беше забавно?

Автор: Џојс Лолар

Линк до оригиналниот текст:http://www.babycenter.com/0_20-fun-silly-development-boosting-games-to-play-with-your-ba_1479310.bc?showAll=true

Превод и обработка: Ивана Китановска – Хелен Дорон учител

Овој текст е објавен на Хелен Дорон блогот и ги содржи следните клучни зборови: игри за деца, детски игри, igri, igri za deca, helen doron, detski razvoj, bilingvalizam, angliski, english.