Македонија
 

Smart Chefs: 10 Совети како да ги поттикнете вашите деца да јадат здрава храна

helen doron smart chefs

Со хаотичноста на секојдневниот живот, доста лесно може да изумиме колку е важна исхраната за нашите деца.

Освен тоа, поради влијанието на притисокот од околината и ТВ рекламите за брза храна може да ви изгледа дека насочувањето на децата да јадат здрава храна е невозможна мисија, но сепак постојат неколку совети кои родителите може да ги следат со цел да ги поттикнат своите деца да ги прифатат здравите навики.

Smart Chefs кампањата на Helen Doron Macedonia се фокусира токму на тоа, да ги научиме децата како да направат здрави избори кога станува збор за храната.

Преку обезбедувањето здрава храна која е богата со витамини и минерали за вашите деца, може да имате големо влијание врз нивниот долгогодишен однос со храната и да им овозможете да пораснат во здрави, сигурни во себе возрасни луѓе. Овие 5 совети можат да ви помогнат токму со тоа:

1. Децата развиваат природна преференца за храната што најмногу ја сакаат, затоа предизвикот ќе биде да ги направите здравите навики попривлечни.

2. Фокусирајте се на целосната исхрана повеќе отколку на одредена храна. Децата треба да јадат цела, минимално процесирана храна – храна која е најблиску до природната форма.

3. Бидете пример за вашето дете. Детскиот импулс да имитираат е многу силен, затоа не барајте вашето дете да јаде зеленчук и овошје ако вие јадете чипс во изобилие.

4. Повеќе готвење дома. Рестораните и сервисите со достава до дома користат повеќе шеќер и нездрави масти па затоа готвењето дома може да има големо влијание врз здравјтето на вашите деца. Ако готвите во поголеми порции, три до четири пати говење во една недела може да биде сосема доволно.

5. Вклучете ги децата во купувањето и подготвувањето храна. За бенефитите од готвењето заедно со вашите деца веќе пишувавме во склоп на нашата Smart Chefs кампања, а истот така може да ги погледнете и нашите брзи, лесни и здрави рецепти кои можат и децата да ги подготват:


Погледнете ги нашите рецепти од Smart Chefs кампањата:


6. Здравите ужинки треба да бидат достапни. Чувајте доволно овошје, зеленчук и здрави напитоци (вода, млеко, цеден овошен сок) блиску до децата за да имаат подобра и поблиска опција наместо чипс, колачи кои содржат многу шеќер и друга нездрава храна.

7. Практикувајте редовно време за јадење заедно. Седнување на појадок/ручек/вечера заедно со целата фамилија во отприлика исто време секој ден, може да биде многу охрабрувачки за децата и може да го поттикне апетитот.

8. Не ги забранувајте целосно слатките – направете им трансформација. Многу слатки се исто толку вкусни дури и со помалку шеќер. Затоа следниот пат кога подготвувате слатки за вашите деца, обидете се да намалите на шеќерот.

9. Најдете поздрави алтернативи на брзата храна. Брзата храна содржи многу шеќер, нездрави масти и многу калории. Сепак, таа знае да биде многу атрактивна за децата, па затоа, наместо целосно да ги елиминирате, обидете се со алтернативи.

Пржен компир – печен сецкан компир со помалку сол;

Пржено пилешко – печено или пилешко на скара;

Чипс – печени тенки парчиња компир или за поголемите деца, печени бадеми/лешници/ореви.

10. Направете разлика помеѓу здрави масти и нездрави масти.

Здрави масти:

Моносатурираните масти, од маслиново масло, авокадо, бадеми/ореви/лешници, семки од тиква, сусам.

Полинесатурирани масти, вклучувајќи Омега-3 масните киселини, содржани во рибите како лосос, сардини, харинга и исто така во ореви.

Здрави сатурирани масти, овде спаѓаат млечните масти како путерот.

Нездрави масти:

Транс масти, содржани во некои маргарини, крекери, чоколада, колачи, пржена храна и друга процесирана храна. Не постои количина на транс масти која се смета за здрава.


  • Доколку сакате да добивате поучни статии за развојот на децата, билингвализам и совети за учење јазик, внесете го вашиот email во празното поле.